Среда, 13 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Mанастирот Свети Климент на Беличка планина

Светилишта во Струга

Култот на Свети Климент Охридски во Струга и Струшко е многу присутен. Во самиот град Струга има три топоними со неговото име:  Името на реката Климентица,  маалата Климентова Маала, Светиклиментово блато (Климентово блато), сврзувањето на потопениот манастир Света Богородица со неговата дејност, па при навлегувањето на реката Сатеска во Струшката котлина, оддесно, селото Климештани, но најмногу со манастирот Свети Климент на Беличка Планина. Сето тоа старите стружани го сврзуваа со епископската дејност на Свети Климент. Тие велеа дека Свети Климент работел во оваа епархија, односно во Беличката епархија. Тоа што се вели Величка е грешка, т.е. е замената буквата б со в.

gorna-belica-crkva

Манастирот Свети Климент на Беличка планина е стар. Тој е единствено посветен на Свети Климент Охридски.  Друг манастир со ова име нема. Се смета дека го основал Свети Климент, бидејќи, според хипотезите тука била Величката епархија, во која бил епископ тој. А Свети Климент не подигнувал сакрални објекти на случајни места, туку на претходно постојни. За тоа можат да докажат само идни археолошки проучувања.

Повеќепати манастирот Свети Климент бил уништуван од разни освојувачи и арамиски банди, но од населението на Струга бил обновуван. Во него монаси живееја до 1960 година. Последниот монах беше Саво од фамилијата Ѓоргоновци. Тој почина и е погребан кај манастирот Света Богородица – Калишка.

Манастирот Свети Климент на Беличка Планина беше култ на селата: Горна Белица, Октиси, Вевчани, Вишни, како и на Струга и на пошироката околина.

Дејноста на Свети Климент во овој манастир постарите жители на околните места ја сврзуваат со остатоци на разновидни овошни дрва. Тие се остаток од некогашниот активен живот тука. На други места на Беличка Планина, надвор од селата нема овошни растенија.

Отсекогаш плодовите откај манастирот Свети Климент (круши, јаболка, дивјачки и др.), иако мали и кисели (по созревањето, вкусни), на струшкиот пазар беа барани како лековити, за здравје. Родителите ќе ни купеа и ќе ни речеа: „Касни за здравје“, зашто се сметаше дека се засадени од Свети Климент.

На присутноста на Свети Климент на овие простори упатува и топонимот Света Долина. Така се именува патот што врви покрај овој манастир, а пошироко е познат по римското именување Виа Егнатиа.

По починувањето на последниот монах во 1960 година, манастирот е оставен на милост и немилост, а неговиот голем имот запоставен. Остатоците од манастирската црква примитивно се заштитени, а поцелосна е камбанаријата. Би требало Архиерејското намеснишво на Струга, односно Митрополијата во Охрид да стави рака на ова место.

Од книгата „Записи за минатото на Струга“, 2, од Јоне Кленко, Струга 2008г.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Нивното достоинство имало цена - на Република Македонија ѝ турија пепел

Северна – зашто нивното достоинство имало цена (ФОТО) Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љу...

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.