Среда, 13 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Манасирот Света Богородица Калишка

Светилишта во Струга

reportaza122-Kalista-1

Манастирот Света Богородица – Калишка се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро веднаш после селото Калишта. Тој има голем имот од езерото се до ридот над него. Поголемата површина му е одземена за хотелот Изгрев и други објекти, како и за други намени. Во негова сопственост е хотелот Бисер. Овој манастир е ствропихијален.

Јужно од манастирот се наоѓа пештерна црква Свети Атанасиј. До неа се доаѓа преку камени скали. Се смета дека потекнува од 14 век. На самиот влез во манастирот (од југ) и црквата Свети Петар. Изградена е над самиот извор, кој се смета за света вода. Сегашниот храм е осветен на 8 мај 1997 година. На северната страна од манастирот е светата вода Свети Ананиј. Тука сигурно имало сакрален објект, но при изградбата на хотелот Бисер тоа место е уништено. Би требало тука да се најде некакво обележје или параклис и да се регулира користењето на водата.

Манастирската црква се прикажува дека  е од 14 век. Меѓутоа веројатно и во 14 век била подигната врз постар храм. Во текот на своето постоење храмот, а и целиот манастирски комплекс претрпел уривања, оштетувања и возобновувања. Сегашната тврда градба почна да се гради со благослов на првиот архиепископ на МПЦ Неговото Блаженство г. г. Доситеј на 16 јуни 1977 година, а се освети од актуелниот архиепископ во 2003 година.

Во историјата на Струга манастирот Света Богородица – Калишка има важно место. Тој бил и најважно струшко излетничко место. Главната слава му е на Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица (21. ИЏ). Се прави голем панаѓур, кој порано беше важна културна и стопанска манифестација. Со неговото минато и сврзана песната Фанче ојде во Калишта на Охридските трубадури. На панаѓурот доаѓаа и доаѓаат посетители и од поширокото подрачје.

Од книгата „Записи за минатото на Струга“, 2, од Јоне Кленко, Струга 2008г.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Димков : Во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен

Димков:Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Историја

News image

Циркуларно писмо на Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија за исправки во учебниците по истори

Ноември 1947 г. Изработката на новите учебниците по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во п...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (14)

Иселувањето од прилепскиот крај на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски...

Култура и туризам

News image

Македонски или Тројански даб симбол на вечноста

Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и преставува вистинско природно богатсво. ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (53)

Во Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за це...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.