Среда, 31 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (15)

prespa15-1

УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Со почетоците    на    христијанството    Црквата    одобрила    да    се    празнува    денот    Успение на света Богородица. Поедностите за овој настан, како и за животот на пречистата Божја мајка по вознесението на Спасителот, не се опишани од старите црковни писатели. По враќањето од Елеонската Планина по вознесението на Исус Христос, апостолите се наоѓале во Ерусалим, во очекување на утешителот - Светиот Дух, ветен од Спасителот. Сите верници живееле еднодушно и постојано се молеле.

Co нив била мајката на Исус Христос и некои свети жени кои му служеле на Господа во последните години. Разбирливо е дека присуството на Божјата мајка меѓу нив ги радувало, зашто учениците жалеле заради разделбата од Учителот. Таа, веројатно, им ги пренесувала оние зборови кои спо-ред евангелистот Лука „ги чувала, ставајќи ги во срцето" (Лука, 2:19; 2:52) и сите верници гледале во неа со љубов и блаженство.

Пресветата живеела на брдото Сион во домот на свети. Јован Богослов кому во последните минути од својот живот Спасителот му оставил завет мајка му да ја гледа како син и оттогаш свети Јован ја зел кај себе и ја гледал како своја majka (Jovan, 18:27).

И по слегувањето на Светиот Дух над апостолите, Пресветата си останала во Ерусалим. Скапоцени и биле сите оние места каде што страдал нејзиниот Син. Таа често одела на Голгота да се моли, потоа на Елеонската Планина, во градината, каде што било погребено телото на Спасителот. Се претпоставува дека христијаните од неа го примиле обичајот да се посетуваат местата посветени од присуството на Господ Исус Христос.

Кога царот Ирод почнал да ја гони Божјата Црква, Пречистата заминала извесно време во Ефес, каде што проповедал Јован Богослов. Постои предание дека таа ја посетила Света Гора Атонска и островот Кипар каде што праведниот Лазар, кого нејзиниот Син го воскреснал од мртвите, бил епископ. Еве што вели црковното предание за тоа:

„Кога апостолите фрлиле ждрепка кој каде да оди за да го проповедаат Евангелието, таа посакала со нив да ги дели маките и посакала да фрлат ждрепка и за неа. Нејзе и паднала Иверската земја и Света Гора Атонска. Но, ангелот Божји и се јавил и и рекол извесно време да не го напушта Ерусалим. Неколку години потоа таа посакала да го види св. Лазара и се упатила со кораб кон островот Кипар. На патот се дигнала голема бура. Коработ се оддалечил од Кипар и стигнал до Света Гора.

prespa15-2

Таму имало пагански храм полн со идоли. Штом Богородица стапила на суво, идолите паднале и Богородица им раскажала на исплашените жители за својот син Исус Христос. Мнозина од нив поверувале и Божјата мајка им рекла: „Тоа место ќе биде моја судбина, дадена од Синот. Нема да биде ова место без Божјата милост и јас ќе му бидам застапница!"

Затоа отците од Света Гора и денес ја сметаат Божјата мајка за своја покровителка и ја нарекуваат Света Гора „Ждрепка на Божјата мајка". Кога прогонствата се стишиле, пресвета Богородица се вратила во Ерусалим и живеела таму опкружена со голема љубов. Постапно, со распространувањето на христијанската вера растела и нејзината слава. Мнозина доаѓаа од разни страни да ја видат.

Во едно древно послание, што му се припишува од некои на свети Игнатиј Богоносец, пишува: „Кај нас има многу жени кои сакаат да ја видат Мајката Исусова. Слушаме дека Мајката Божја е исполнета со секаква благодет, во прогонствата таа е големодушна, при сиромаштија и лишувања не жали, на ожалостените не им се лути, туку им прави добро, во среќата е кротка, кон бедните е милосрдна и им помага колку што може. Но, не ги трпи противниците на нашата вера: таа е благовесник на нашето благочестие, учителка на верните во секое добро дело. Посебно ги сака смирените, бидејќи секогаш во се е смирена".

Паганците и Јудеите, кои ги мразеле христијаните, зборувале против Божјата мајка заради уважението што и го давале, и кое и користело. Бидејќи знаеле дека таа ги посетува местата каде што страдал Исус Христос, ја следеле за да ја убијат. Но, Господ ја чувал пречистата Дева и и приготвувал славно успение.

Пресвета Богородица била веќе во подоцни години (64). Еднаш, кога таа се молела во Елеонската Планина, пред неа се појавил архангел Гаврил, кој држел во рацете палмово гранче. Тој ја извести дека по три дена таа ќе се претстави оттука: „Твојот Син, а Богот наш, ќе те земе во горното царство, за да живееш и царствуваш со него вечно!"

Откако и го дал рајското палмово гранче, се оддалечил. Co најголема радост пресвета Богородица ја примила веста за својата блиска смрт, бидејќи одамна сакала да го напушти земниот свет и да се пресели во вечните места. Таа коленичела и долго му се молела на Бога и му благодарела.

Кога се вратила дома, свети Јован бил изненаден од сјајот на нејзиното лице. Таа го известила за веста и почнала да се подготвува за смртта. Го уредила и украсила домот како за најголема свеченост, сите облеки им ги ветила на две сиромашни вдовици и го замолила свети Јован да ја погребе во селото Гетсиманија, каде што лежеле телата на нејзините родители и на свети Јосиф свршеникот.

Свети Јован го известил ерусалимскиот епископ Јаков за блиската смрт на Божјата мајка. Биле известени сите нејзини роднини и верниците. Сите се собрале при Пресвета Богородица. Сите плачеле и жалеле за разделбата со Божјата мајка. Но, таа ги тешела, им ги предавала зборовите на архангелот Гаврил, им го покажувала рајското гранче и им ветувала дека ќе се моли за нив.

Пресвета Богородица имала уште една желба: да ги види уште еднаш светите апостоли кои биле распрснати низ светот да го проповедаат Евангелието. Желбата и се исполнила. На чудесен начин сите апостоли, освен апостолот Тома, биле пренесени во Ерусалим и истовремено се јавиле пред вратата на нејзиниот дом.

Co апостолите дошол и апостолот Павле со учениците: Тимотеј, Дионисиј Ареопагит и Еротеј Атински. Сите биле збунети кога се виделе заедно. А кога Богородица ги известила за својата блиска смрт, сите се натажиле при помислата дека за последен пат ја гледаат Исусовата мајка.

prespa15-3

Но, таа прославувајќи и благодарствувајќи му на Господа, кој и ја исполнил последната желба, ги молела да не жалат: „He плачете пријатели и ученици Христови и не ја помрачувајте мојата радост со жалост! Радувајте се со мене бидејќи одам кај мојот Син и Бог. Кога ќе ме погребете, вратате се сите на работа!" Потоа пресвета Богородица ги распрашала апостолите за дејностите. Долго беседувала со нив, ги благословила и му се молела на Бога за целиот свет.

Настапил денот на нејзиното претставување. Од утрината гореле свеќи во нејзината куќа во знак на радост и свеченост. Апостолите се молеле и го благословувале Бога. Божјата Мајка легнала на украсен одар, очекувајќи ја со радост смртта. Наеднаш, во третиот час, чудна небесна светлина ја осветлила собата. Како да се отворил покривот на куќата и чудна појава се претставила пред верниците.

Самиот Господ Исус Христос, во небесна слава, опколен со ликови на ангели и светци, слегол од небото за душата на света Богородица. „Душата го возвеличува Господа - проговорила таа - и духот ми се зарадува со Бога, Спасителот мој. Тој радосно го погледа смиреното лице на својата рабина" (Лука 1:46-48).

Господ ја повикал својата Пречиста мајка за вечен живот и потоа се слушна пеењето на ангелите, кои славеле со зборовите на архангел Гаврил: „Радувај се благодетна, Господ е со тебе, ти си благословена меѓу жените" (Лука 1:28). Сите со чудо гледале во тоа благословено видение. И кога пристапиле кон одарот, каде што лежело пречистото тело на Божјата мајка, виделе дека лицето и сјае како сонце и чуден пријатен мирис се раширил во собата. Срцата на сите присутнни се исполниле со неискажана радост!

Кога дошло времето за погребот, апостолите го дигнале одарот и со песни го пренеле преку Ерусалим во селото Гетсиманија. Напред одел свети Јован Богослов, држејќи го во рацете рајското гранче. Сите верници оделе по телото, над кое се движел светол облак, кој ја осветлувал целата поворка, а ангелското пеење се слевало со тоа на верниците.

prespa15-4
Манастирот св Богородица, Трескавец

Многу жители од градот, кога ја виделе таа чудна поворка, и се приклучиле. Но, кога јудејските архиереи и началници дознале за честа што и била укажана на Божјата мајка, тие испратиле вооружени војници, за да ја растераат собраната толпа и да го одземат од христијаните телото на Божјата мајка. Тие сакале да го запалат. Но, кога војниците се приближиле светлиот круг се спуштил и како камена карпа ја одделил толпата, а испратените војници веднаш ослепеле. Подоцна, некои од нив поверувале и биле излекувани на гробот на Божјата мајка.

Апостолите го погребале телото во пештерата во Гетсиманија и го затвориле влезот со камен. Тие три дена непрекинато се молеле над гробот и за цело време пееле ангели.

На третиот ден по заспивањето - успението, пристигнал апостолот Тома. Бил очаен што пристигнал многу доцна и не ја затекнал жива пресветата Богородица. Во желба да го утешат апостолите предложиле да го тргнат каменот и Тома да се помоли пред пречистото тело. Но, кога влегле внатре виделе дека пештерата е празна, а на местото каде што лежела Пресветата останала само плаштеницата, покровот со кој ја покриле.

Апостолите го молеле Бога да им ја открие тајната и истиот ден таа им била соопштена. Тие се собрале на заедничка трпеза и беседувале за успението. Тие имале обичај на трпезата да оставаат едно празно место и да стават таму парче леб за воскреснатиот Господ Исус Христос. По јадењето го дигале тој леб наречен „Дел на Христос" и, славејќи ги Светата Тројца (Отецот, Синот и Светиот Дух), зборувале: „Господе, Исусе Христе, помогни ни!"

Потоа го делеле тој леб меѓу себе и го јаделе како благослов од Исус Христос. Тогаш, кога станале од трпезата за да го дигнат „Христовиот дел", слушнале ангелско пеење и кога ги насочиле погледите кон небото ја виделе Божјата мајка во облаците, осветлена во слава и опколена со ангелски ликови. „Радувајте се - им рекла таа - бидејќи јас сум со вас сите денови!" Исполнети со радост, место вообичаената молитва, извикале: „Пресвета Богородице, помогни ни!" Тогаш апостолите поверувале дека Божјата мајка воскреснала на третиот ден по успението и телото и било земено на небото.

Во нејзина чест Црквата го подига и го дели лебот наречен „панагија". Подоцна над пештерата, каде што било положено телото на Пресватата, била подигната црква и оттогаш започнало свеченото прославување на Успението. Тој е еден од дванаесетте големи празници.

Продолжува

Пишуваат:

Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВКА-АНТИЌ и
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

ПОРАНЕШНИОТ ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРГНЕ ВО ЖЕСТОКА КОНТРА ОФАНЗИВА

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.