Среда, 26 Декември 2018    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (3)

1ER

ДЕЛ ОД БИОГРАФИЈАТА НА ЕСМА – II ДЕЛ

Есма со Ансамблот „Теодосиевски" престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата. Два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот

За време на заедничката кариера Стево и Есма Теодосиевски, присвоиле 47 момчиња, ги здомиле, воспитувале, образувале, овозможувајќи им да завршат музичко училиште во нивниот дом и сега сите тие имаат сопствени музички кариери. Исто така, Есма Реџепова-Теодосиевска, со нејзина целосна поддршка ја финансираше сиромашната девојка Елеонора Мустафова, која студираше соло пеење. 

Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова - Теодосиевска и Ансамблот „Теодосиевски“ имаа одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, имаа спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“, во кој живееше Есма Реџепова–Теодосиевска.

2ER

Со право се вели дека хуманоста и борбата за мир со песна и благородни дела е основна содржина и богатство на животот на Есма. Со порака за мир, Есма со Ансамблот „Теодосиевски" престојуваше во многуте кризни подрачја во светот, зафатени со војни, природни катастрофи, епидемии, охрабрувајќи ги и духовно помагајќи им на луѓето да ја пребродат кризата.

Во дел од биографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска, меѓу другото е запишано дека таа како естраден уметник одржала илјадници концерти насекаде во светот, околу шестотини композиции се трајно впишани на плочи касети и компакт-дискови, отпеани на 20 јазици; телевизијата - како еден од електронските медиуми и има отстапено многу часови; има добиено повеќе од 2.000 благодарници за хумано дело; одгледала, школувала и одомила педесетина деца; таа е носител на златен и сребрен Титов медал за особени придонеси во културата во поранешна Југославија; добила златен медал за „Пејач на милениумот“, доделен во Москва во конкуренција на врвни пејачи од 83 земји; добитник е на наградите „13 Ноември“ и „20 Ноември“, освојувач е на наградата на УНИЦЕФ во Белград и носител на првиот пасош од Детската амбасада  во светот.

Два пати била кандидат за Нобеловата награда за мир зад чија кандидатура се потпишале повеќе од 50 невладини хуманитарни институции од татковината и ширум светот; Носител е на титулата „Примадона на европската песна“ и „Кралица на ромската песна во светот“; добитник е на државната награда „Мајка Тереза“; добила „Орден за заслуги на Македонија“ и, исто така, добитник е на титулата „Национален уметник на Македонија“.

Вака сублимирана низ бројќи и факти изгледа биографијата, односно библиографијата на оваа извонредна жена, промотор на ромската и македонската музичка приказна насекаде низ светот, Есма Реџепова-Теодосиевска. Многумина, и не случајно, ја нарекуваат втора Мајка Тереза. Оваа „дива со големо срце“ како што ја нарече списанието „Жена“ уште во далечната 1963 година, одржа 50 хуманитарни концерти низ Израел за помош на жртвите од скопскиот земјотрес. Оттогаш илјада пати одржала концерти за оние на кои им беше потребна помош насекаде низ светот – пеела за беспомошните во Индија, Мексико, Србија, Босна, Пакистан, Хрватска, Иран и други земји во светот, но најмногу за Македонија.

Во сите земји  ширум земјината топка прозвучела ромската и македонската песна, носени од моќниот глас на нашата Есма Реџепова-Теодосиевска. Со години светот ја препознаваше по нејзината ретко убава песна „Зошто си ме мајко родила“ и „Чајорије шукарије“ и одговорот на овие стихови е веќе кристално јасен дека таа беше на овој свет поради една своја мисија – да пее, да облагородува, да помага...

3ER

Есма и Стево

Споменавме само дел од активностите на Есма, но вистински проблем човек ќе има доколку сака да ги наброи сите нејзини останати концерти одржани на најреномираните сцени на сите меридијани, како и за другите музички и други активности во светот. Така, кога се внесува нејзиното име кај некој од пребарувачите на Интернет, човек ќе се најде среде вистински лавиринт со големо богатство од материјали.

Затоа е тешко да се одберат најдобрите, најафирмативните, најпопуларните и најсоодветните материјали објавени во домашните и светските информативни гласила, со цел да се изгради огледалото за животот и делото на Есма Реџепова-Теодосиевска.

Во последните децении Есма се етаблираше во сите европски и светски центри и ја промовираше македонската култура на меѓународен план. Во текот на своите 55 години активно музичко творештво, учествувала на врвни музички фестивали и манифестации низ светот, Есма Реџепова-Теодосиевска даде голем придонес во афирмирањето на македонската култура и традиција надвор од Република Македонија.

Инаку, постои разлика меѓу Есма на професионален и Есма на приватен план. Ако на сцената таа беше нескротлива, во приватниот живот беше многу мирна жена, која повеќе слушаше, а помалку зборува=е. Сакаше да се дружи со луѓето, сакаше да им помага на сиромашните, на некој начин да ги заштити послабите. Не беше недопирлива, баш напротив себеси се сметаше како дел од народот, ја радуваше што луѓето така ја доживуваа. Отсекогаш сакалала мирен живот исполнет со љубов и почитување кон останатите во околината што ја опкружуваше.

Есма одамна живеше во демократија, прифаќајќи го пазарното стопанисување и во културата и ништо не ѝ беше неостварливо затоа што беше голем работник со висок потенцијал и квалитет. Несомнено, таа беше целосно граѓански ориентирана интелектуална личност чија  душа ја потиснуваше тешка болка поради предвременото заминување на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски. Затоа, можеби Есма и ги пружи рацете кон Васил Тупурковски кога тој изјави „Сите сме Македонија!” наоѓајќи во тоа трошка надеж дека кај нас нешто, сепак, ќе се смени.

Во текот на животот, покрај настапите, и покрај грижата за големото семејство, Есма Реџепова-Теодосиевска успеваше да даде и свој придонес во политиката. Беше активна членка на Демократската алтернатива на Васил Тупурковски, кого многу го ценеше и почитуваше. Таа беше член во Советот на Општина Центар како претставник на ВМРО- ДПМНЕ. Но, како и во животот, така и во политиката Есма настапуваше со своето космополитско кредо: „Гордост поради независноста на Република Македонија“.

Затоа, таа со задоволство го заклучи следното: „Многу сум среќна тоа е исполнување на сонот на многу генерации што Република Македонија е назависна и самостојна држава. Сега кога сме самостојна држава, сами можеме да ја раководиме земјата како што сакаме. И пресреќна сум сега што оваа плејада млади луѓе кои ја водат државата, многу правилно го прават тоа. Се гради, многу се работи. Јас знам дека сега во моментот Скопје е градилиште. Но, до крајот на годината ќе се види дека ќе биде многу убаво, а веќе до 2014 година ќе бидеме прекрасна и убава земја и има што да се види кога ќе дојде некој странец во Македонија“, велеше Есма.

Според нејзините зборови: „Република Македонија дава голем придонес за Ромите и е пример за сите земји за тоа како треба да се почитуваат ромските права. Ромските првачиња во Македонија ромскиот јазик го изучуваат факултативно, сè поголем број потоа продолжуваат со средно образование, а сè повеќе и на факултетите. Ромите не се асимилирани во Македонија. Во Уставот сме признати како националност. Си имаме пратеник во парламентот, градоначалникот на Општината Шуто Оризари е Ром, имаме свои директори и други функционери. Едукацијата на Ромите оди напред сè подобро и подобро“, заклучуваше Кралицата на ромската песна.

4ER   5ER

Цели 55 години таа одржуваше концерти низ светот, концерти кои заземаа свое место во средствата за јавно информирање и на кои собираше средства за своите штитеници, школувајќи ги и купувајќи станови, опремувајќи ги за да им обезбеди среќен и пристоен живот. Есма, која долги години живееше и работеше како добротворна институција и за многумина беше замена на скопјанката Мајка Тереза.

Продолжува

SK

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Ванковска: Доколку седите дома и бојкотирате, Стево ќе го забетонира новиот инженеринг

Ванковска: Доколку седите дома и бојкотирате, Стево ќе го забетонира новиот инженеринг

Историја

News image

Полномоштво издадено на Димитар Наумов за да ја претставува ВМРО на Париската мировна коференција од 22 август 1919 г.

Полномоштво издадено на Димитар Наумов за да ја претставува ВМРО на Париската мировна коференција од...

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (17)

  ВОСТОЛИЧУВАЊЕ НА МИТРОПОЛИТОТ Г. КИРИЛ НА АМЕРИКАН...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (14)

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЖИВЕЕЊЕТО И ОБЛЕКУВАЊЕТО НА ЕСМА – II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (75)

ИМЕТО И ДЕЛОТО НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ РАШИРЕНО ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ДО ИНДИ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.