Среда, 24 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ГОРНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

doma1

СЕЛАТА ЕЗЕРЕНИ И ПЕРОВО – ЦЕНТРИ НА ПТИЦИТЕ ВО ПРЕСПА

Селото Езерение е сместено на северниот брег од Преспанското Езеро и e единствен орнитолпшки центар од таков вид во Македонија.  На западната страна вдож Преспанското Езеро, пак, се наоѓа селото Перово. Тоа е типично езерска рибарска населба и е поделено на Долно и Горно Перово

Покрај плодните површини околу Ресен, Јанковец и Царев Двор, еден од најплодните овоштарски краишта во Преспа е, секако,  полето кај Дрмени, Езерени и Перово. На тој простот како Господ да го истурил  богатството во земјоделието. Затоа, овошните производи од тој северен дел на Преспанското Езеро се познати и признати на пазарите во Македонија и пошироко.

Селото Езерени е сместено на околу два километри на северниот брег од Преспанското Езеро, од десната страна на Голема Река. Тоа е старо повеќевековно христијанско село. Во него живеат шеесетина семејства со колу двеста жители сите Македонци. Езерени е познато по рибарството и по народниот собир „Иванден“ кој се одржува кај црквата „Раѓање на Св. Јован“. Во селото постои и црквата „Св. Илија“, изградена 1858, каде се и селските гробишта. Од селото има бројни познати Македонци, меѓу кои треба да се спомене Димко Нечовски, познат иселеник во Европа.

Интересни случки за селото се тоа што тоа своја прва училишна зграда се здобило во 1922 година. Потоа во 1970 година на тромеѓето помеѓу атарите на Езерени, Асамати и Грнчари е изграде голем рибник. Значајно е да се спомене дека во 1996 година, во непосредна близина на селото е легализиран првиот резерват за птици, со што Езерени стана единствен орнитолпшки центар од таков вид во Македонија.

doma2

Црквата „Свети Јован“ во Езерени

За овој резерват е карактеристичен далматинскиот пеликан, птица која  ретко може да се најде во овие краишта и која  пристигнува во илјадници парови,  при што резерватот станува птичју дом. Тие во Преспа се хранат претежно со риби и поради поволностите што ги нуди регионот остануваат два-три месеци, а потоа го продолжуваат своето патешествие кон Европа и Азија.

Затоа со право се вели дека Преспанскиот регион е вистинска база, резерват на илјадници видови птици, риби, животни и голем број растенија. Богатата флора и фауна го прават уште попривлечен овој крај. Во Преспа живеат околу 380 видови птици,  од кои дваесетина вида се вистинска реткост. Посебно во Мала и Долна Преспа се забележуваат многу пеликани, корморани, орли и јастреби. Преспа е единственото место во светот каде што живеат толку многу пеликани на еден простор.

Инаку, фауната и флората на Преспанското Езеро е помалку истражена во однос на Охридското Езеро. Меѓутоа утврдено е дека е типично олиготрофна со доста голем број на реликтни и ендемични организми. Посиромашно е со риби од Охридското Езеро. Најзастапена е белвицата-нивичка, бела слатка риба најдолга до 10-15 см. Најмногу ја има во длабоките и чисти води во атарот на с.Нивици, по кое го добила името нивичка.

Крапот, пак, е најквалитетната и репрезентативна риба во Преспанското Езеро. На жалост, во 1974 год. со употрeба на погрешен пестицид за авионско прскање од комарци, крапот во големи количини беше затруен. Подолго време се регенерираше, го немаше во поголеми бројни количини и поединечни големини. Со прекинот на водотечната врска помеѓу Малото и Големото Преспанско Езеро прекинато беше и движењето на рибите помеѓу овие езера. Грците го порибуваа Малото Преспанско Езеро со други не домицилни видови риби. И Албанците вршеле порибување на Големото Преспанско Езеро со риби.

Во деведесеттите години од минатиот век се појавија мали сомови и аквариумски караси со големина до 10 см. Рибарите, поради разните и убави бои ги нарекоа телевизори. Ги имаше во поголеми количини. Поради оштрите, тврди и назабени перки ,многу беше тешко и болно нивното вадење од мрежите. Рибарското стопанство од Сир Хан, во рибникот во с.Езерени одгледуваше израелски крап.Тој се насели и во атарот на Големото Преспанско Езеро. Средината му погодуваше и напредуваше добро. Присутен е и сега, ама неговиот квалитет значително заостанува зад домашниот преспански крап.

doma3

Преспанско Езеро

Следна риба по квалитет и застапеност е скобустот, бојникот. Тој е квалитетна бела ,слатководна риба, најслатка за конзумирање уловена до пред мрестот, во месец март и април. После мрестот во мај до крајот на септември се повлекува и не е со таков квалитет како во пролет. Најзастапена и секогаш присутна риба е плотицата (црвеноперка, писа). Таа е слатка бела риба, попогодна за конзумирање до пред мрестот во пролет. Има повеќе ситни коски, па недоволно вештите за чистење на коските конзуматори ја избегнуваат.

Мренката е малку застапена, ама овде е квалитетна , со малку коски и многу вкусно и слатко месо. Кленот е најмалку застапен. Се јавува во големина и до 1,0 -1,5 кгр. Неговото месо е со бела сивкаста боја и киселкаст вкус. Рибарите го класифицираат како риба со најслаб квалитет.

Јагулата беше и се’ уште е присутна риба. Додека беа во употреба коците-далјаните почесто беше уловувана. Во мрежите ноќници реткост е и тешко да се улови, затоа што телото и’ е мазно и лизгаво-лигаво. Доколку се закачи со забите, многу лесно го сече конецот и се ослободува. Беше уловувана во големина до 1,2 метри и тежина 3-5 кгр. До изградбата на браните за ХЕЦ Глобочица и Шпилје, доаѓаше од Саргаско Море во Охридското Езеро, а од таму низ подземниот истек и во Преспанското Големо Езеро. И сега, тие јагули што се носат со авионски или друг транспорт во Охридското Езаро, доаѓаат во Преспанското Големо Езеро.

Недалеку од Езерени на западната страна вдолж Преспанското Езеро се наоѓа селото Перово. Тоа е типично езерска рибарска населба. Тоа е поделено на Долно и Горно Перово. Селото се наоѓа на скоро иста надморска височина како Преспанското Езеро. Според легендата селото го добило името по некој човек по име Перо, кој како рибар нашол засолниште на брегот на Преспанското Езеро и се населил на местото каде се наоѓа денешното село.

Инаку, Долно Перово. во кое има педесетина куќи се наоѓа на самиот брег на Езерото, а Горно Перово со дваесетина современи градски куќи е нова населба на двете страни на патот Битола - Отешево. Перово со своите 180 жители кои претежно се занимаваат со овоштарство, а и со рибарство е стара македонска населба во кое од секогаш живеат само православни Македонци.

Во  Перово постојат неколку стари локалитети на копно и во Преспанското Езеро. Во него има една црква, „Св. Атанасије Велики“ блиску до Дрменска Река, а изградена во 1867 година, а која е реновирана во 1993 година.

Долно Перово се наоѓа на средишниот дел од територијата на Општината Ресен, а непосредно до северниот брег на Преспанското Езеро. Селото е рамничарско, на надморска височина како и езерото. Од Ресен населбата е оддалечена околу десет километри.

Се чини како Перово да е дел од туристичкиот комплекс Отешево. Тоа произлегува од фактот што Долно Перово се наоѓа на крајбрежната линија на Преспанското Езеро, едно од најблиските населби до Сир Хан, а со тоа и до Отешево и Царина. Во овој туристички простор и во минатото и денес, нашле вработување, меѓу другите, и луѓе од Долно и Горно Перово.

Убаво е во Перово, а со тоа и во цела Преспа во есен кога разновидните бои се преплетени како пајажина, кога мирисот на зрелите јаболка се разнесува низ чистиот воздух. Прекрасно е во зима кога планините надвиснале над Езерото, а летовите и звукот од пеликаните се пренесуваат по езерската шир.

Меѓутоа, Преспанското Езеро е најубаво во пролет кога јагликата ги пробива последните остатоци на  снегот на Галичица и Пелистер и во лето кога свежината од Езерото го исполнува треперливиот воздух и е преполно со многубројни капачи и риболовци.

doma4 doma5

Монографијата за животот и делото за „Гога Печенковски“ од Ресен, а кој по потекло е од селото Перово, чиј автор е Славе Николовски – Катин е издание на „Македонска искра“, Скопје, 2004, 1-112

По потекло од Перово има голем број интелектуалци и бизнисмени во Македонија, САД, Канада и Австралија, меѓу кои, поранешниот министер Зоран Коњановски, Гога Печенковски, Илија Чавкаловски, Живко Џуровски, Митко Царовски, Сандре Нонкуловски, Мише Печенковски и други, потоа познатиот бизнисмен Кире Печенковки во Канада, како и иселениците Митко Наумовски и Драги Коњановски во САД, Кире Циревски во Австралија и многу други.

Продолжува

B3
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Единствено со што блеска оваа Влада се измамите

Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.