Среда, 01 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (21)

es

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (21)

УЧИЛИШТЕТО НА СТЕВО И ЕСМА - НАЈНЕОБИЧНА МУЗИЧКА ГРУПА

Есма Реџепова и Стево Теодосиевски од 1960 до 1989 година станале жители на Белград. Нејзин дом биле две соби на Дедиње, во кои живеел целиот Ансамбл „Теодосиевски“, вклучувајќи ја и мајката на Стево, Параскева, која на Есма ѝ била како втора мајка. Тогаш имале голем број настапи на просторите на тогашна Југославија, како и во голем број држави на сите континенти, меѓу кои првиот настап во странство во театарот „Олимпија“ во Париз, каде Есма и Стево со право биле наречени  „граѓани на светот“

Една од карактеристиките од нивниот живот е тоа што за време на заедничката кариера Стево и Есма Теодосиевски, присвоиле 47 момчиња, ги здомиле, воспитувале, образувале, овозможувајќи им да завршат музичко училиште во нивниот дом и сега сите тие имаат сопствени музички кариери.

 

Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова - Теодосиевска и Ансамблот „Теодосиевски“ имале одржано повеќе од 2.000 хуманитарни концерти, имале спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје „Домот на хуманоста и Музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски“, во кој живееше Есма Реџепова –Теодосиевска.

Во семејството на Есма Реџепова - Теодосиевска и Стево Теодосиевски песната, музиката и фолклорот биле секојдневно присутни и биле дел од семејната традиција. Особено ромската музика и песна биле присутни во нивниот дом во Белград.

ess

Оркестарот „Теодосиевски“ во почетните години

Карактеристично за Есма Реџепова – Теодосиевска било и тоа што таа имала целосна поддржка од Светската организација на Ромите и од безброј други и меѓународни хуманитарни организации од областа на културата, уметноста, естрадата, хуманитарноста,  женските движења и други асоцијации.

Есма Реџепова-Теодосиевска беше лидер со нејзините севкупни хумани, добротворни, културни, уметнички и други остварувања посветени на мирот, човекољубието, толеранцијата и разбирањето меѓу народите и земјите, без разлика на нивната национална, етничка и верска припадност. Тоа Есма и Стево го потврдија со отворањето на најнеобичното музучко училиште во Белград.

 

Отсекогаш Есма и Стево во нивниот ансамбл земале млади луѓе, речиси деца. Тие им биле и учители и родители. Живееле заедно, во иста куќа, каде тие млади музичари се развивале и растеле како уметници и како луѓе. Сето тоа се случувало под будното око на музичарот и педагог Стево Теодосиевски, а во соработка на Есма Реџепова-Теодосиевска.

„Со Стево посвоивме, израснавме и школувавме 47 ромски машки деца. Со љубов. Првото го посвоивме во 1961 година. Пет од моите деца свират со мене, останатите живеат низ цела поранешна Југославија. Еден од синовите живее во Германија. Никогаш не ми било тешко. Сум растела со семејство со уште четири сестри и браќа. Фала Богу, ние со Стево имавме  голема куќа и пари за да си го дозволиме тоа. Никогаш од никого ништо не сум барала ниту сум добила. Да не ги споменувам и другите напуштени и сиромашни деца на кои несебично сме им помогнале и сме ги школувале. Сакам да им помогнам на сиромашните, им помагав и на бегалците од Косово, од Македонија“, изјави Есма.

esss

Дел од оркестарот „Теодосиевски“

Во најнеобичното музичко училиште, како што го викаа музичарите во Белград, владеела војничка дисциплина. На време се станувало, се вежбало на инструментите, се учеле ноти, малку се одморало. Во тоа училиште најтежок престап било неработењето. Тогаш ученикот го „губел правото“ на школување и се враќал од каде што дошол. Третиот престап бил – шетање (лутање). Стево точно го планирал секој ден. Сите станувале рано наутро, 30 минути вежбале и продолжувале да работат до вечерните часови, кога колективно гледале телевизија, се одело во кино или на некој концерт на забавна или сериозна музика.

Сето тоа се случувало во една куќа на Јулино Брдо во Белград. Таму живеело едно необичо семејство и работело најнеобичното училиште во поранешна Југославија, дури и во светот. Тоа училиште во кое се работело од утро до вечер никаде не било регистрирано. За него малкумина знаеле дека Стево Теодосиевски „бил директор, бил познатиот и признат музичар, член на управниот одбор и претседател на дисциплинската комисија“, додека „главен економ и кувар“ била Есма Реџепова-Теодосиевска. Така, самоукиот музичар станал угледен уметник, познат во земјата и светот. Со години своето искуство им го пренесувал на младите од нивното семејство.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век прв ученик во училиштето на Стево Теодосиевски и Есма Реџепова бил Енвер Расимов. Тогаш тој имал 9 години кога во своите раце го зел необичниот ритмички инструмент – тарабуката. Тој со својата музикалност имал голем придонес за Ансамблот „Теодосиевски“. Пеел и со Есма, па дури  во дует снимиле една заедничка плоча. Енвер пораснал во голем музичар, пејач и инструменталист, се осамостоил, се оженил и станал татко на 4 деца. Тој бил многу благодарен на својот строг учител Стево кој му го пренел музичкото образование. Такви се спомените и сеќавањата и на преостанатите ученици кои го завршиле училиштето на Стево Теодосиевски.

essss

Есма на сцена

Исто така, музичко образование во училиштето на Стево и Есма стекнал и Медо Чун, кларинетист и тапанар, како и популарните пејачи Мухарем Сербезовски и Љубица Антонијевиќ, една од вокалните солистки заедно со Есма. Потоа, трубачот Реџеп Ајдаров-Белич, Шефкет Алиев, Киро Дураковиќ, Сафет Ибраимовиќ,  Ибро Демир, Славиша Камберовиќ, Захир Рамаданов; гитаристите Александар Пиперков, Драган Тасевски и Ацо Симоновски, Тодор Ѓорѓевиќ, Димитар Бугавински и Благоја Велјановски; кларинетистите Сами Зекировски –Буцо, Апостол Караџов-Тони, Тунан Куртишов, Јордан Николовски-Јоцо, Пеце Петковски, Идавер Мамутовски, Алија Еминов и Ферус Мустафов; тапанарите Џемо Еминов, Шадан Сакиб, Елјам Рашидов и Симеон Атанасов.

Во музичкиот состав на Стево Теодосиевски на хармоника свиреле: неговиот внук Перо Теодосиевски и Сашко Велков.

Треба да се нагласи дека ниту еден од учениците на Стево Теодосиевски не свирел само на еден инструмент, туку знаеле да свират на повеќе инструменти што се користеле во ансамблот. Исто така, доаѓале и друѓи луѓе кои ја сакале музиката и им било дозволено да ги користат инструментите на ансамблот, а често на пробите се собирало целото соседство кое живеело во непосредна близина на куќата на Стево и Есма. Затоа, со право се велело дека куќата на Македонците  била  дом на сите добронамерници.

Продолжува

katinПишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.