Среда, 26 Јуни 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (2)

crk1

СЛИВНИЦА И СЛИВНИЧКИОТ МАНАСТИР „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“ 

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на пресвета Богородица

Кога ќе се пристигне во Долна Преспа, прво село е Сливница. Тоа е лоцирано на падините на ридот кој се извишува над источниот брег на Преспанското Езеро, на територијата на Општина Ресен. Сливница е ридско село, кое се наоѓа на надморска височина над 900 метри, чиј атар високо се издига од езерото и се граничи со сртот на планината Баба, зафаќајќи простор од околу 10 километри квадратни.

Во Сливница живее исклучително македонско население. Населбата е малечка, но заедно со викенд населбата на атарот на Сливница и Претор е една од најголемите и најзначајните туристички населби на Преспанското Езеро. За жал, многу од нејзините жители се иселиле во Австралија, Америка, Канада, по европските земји, како и низ градовите на Македонија, така што бројноста на населението постепено се намалува. Но, иселениците одвреме-навреме, особено во летниот период, си го посетуваат селото, кое е привлечно за живеење и одмор

Селото Сливница, како и други македонски села, името му го должи на овошјето. Така, етимологијата на името Сливница потекнува од зборот - слива. Старите жители на селото раскажуваат дека на ова место некогаш имало многу сливи од разни сорти од кои селаните вареле многу вкусна ракија - сливовица. Исто така, Сливница е прочуено и по добриот асортиман на грозје, но сливите порано доминирале и така, поради многуте насади од сливи, луѓето населбата ја нарекле Сливница.

Во Сливница постојат приватни продавници за стока за широка потрошувачка, бензиската пумпа „Свети Атанас“, што е лоцирана на патот Макази-Маркова Нога и е единствен објект од таков вид во Долна Преспа, како и плажата што е дадена под концесија на повратничката од Германија по потекло од Љубојно, Сотирка Стеријовска-Цоца.

crk2

Денес, Сливница се прероди благодарение на Сотирка Стеријовска-Цоца. Таа од љубов и копнеж по родниот крај, одлучи цела печалба што ја заработила 30 години во Германија да ја вложи во изградба на туристички комплекс во Сливница.

Исто така, во последните неколку години сопствениците на комплексот „Конект“вложиле многу средства за изградба на ресторанот, други објекти и уредување на плажата. Овие објекти работат од март до октоври. Во Сливница претежно уживаат туристи од Ресен, Битола и од Прилеп, но убавините с`е почесто привлекуваат и странци.

Сливница е повеќевековно христијанско село и е надалеку прочуено по сливничкиот манастир „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија.

Славата и честа што и се оддаваат на пресвета Богородица во Македонија ја паметат многу генерации наназад. Нејзиниот лик е достоинствено и интензивно обработуван во бројните живописи и икони во македонските цркви и манастири. Нејзиниот ореол не ги одминал и книжевните и народните творби. Токму затоа, целокупното богатство собрано во Македонија, опфатено со нејзината личност, дело и бројни добродетели, нужно бара широки истражувања.

Нејзиниот култ е присутен во Македонија, но тој бара и многу опсежни студии во областите на црковно канонското наследство, книжевно, историско - уметничко, археолошко, социјално, историско, теолошко, фолклорно, итн. Бројните уметнички дела во црквите и манастирите, ракописите во старите и новите книгохранилишта, иако празнети низ вековите заради скапоценостите што ги содржеле, бараат нови заокружени видувања и анализи.

Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

crk3

Плажа во Сливница

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Така, и книгата ,,Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на професор д-р. Вела Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со тектови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствена книга е, исто така, посветена на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој во 2007 година го одбележа јубилејот 400 години од своето постоење.

Бидејќи Сливничкито манастир се наоѓа во Преспа, авторите Вера Антиќ и Славе Катин даваат живописен опис на овој регион, нагласувајќи го неговото значење за црковните активности на Македонија во минатото, како и денес.

Читателите ќе се запознаат со Преспа како главен град на македонјското царство на Цар Самуил; потоа со Преспа како место на кое се формирала првата Македонска архиепископија; со Преспа како регион во кој многу Илинденци биле организирани, а чиј дух бил присутен и во текот на НОБ.

Посебен дел во книгата е посветен на селото Сливница и на величенствениот манастир Пресвета Богородица Слимничка. Живописниот опис на ова село, со своите пет цркви и манастари, едноставно го одзема здивот. Како Слимничкиот манастир да оживува и ги поканува ненајавените и добронамерните гости да го посетат. Делот што изобилува со легенди и митови само го потврдува значењето и важноста на култот на Пресветата Дева Марија во Македонија бидејќи таа е сакана и величена – и поради тоа е видена, а нејзините дела почувствувани.

crk4  crk5  

Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа, В. Стојчевска-Антиќ, С. Нико-ловски-Катин,„Македонска искра“, Скопје, 2007,.1-164, Библиски речник - П. Златевски, С. Николовски–Катин, Библиско здружение на Македонија и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215.

Инаку, во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Се смета дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

Исто така, покрај манастирот „Света Мала Богородицаво“ Сливница постојат и уште пет македонски православни цркви и тоа: селската црква „Свети. Димитрија“, потоа „Свети Атанас“, која е лоцирана на патот и целосно е реновирана и доби нов изглед како новите македонски православни цркви изградени од камен, црквите „Свети Петар и Павле“, „Света Петка“ и “Свети Никола“, што го прават ова долнопреспанско село значаен духовен центар


Продолжува

d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СДСМ треба да ги бара во своите редови членовите на рекетарско-политичко-судско-медиумски октопод

СДСМ треба да ги бара во своите редови членовите на рекетарско-политичко-судско-медиумски октопод ...

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.