Среда, 17 Јули 2019    Печати
МОЈА АНТОЛОГИЈА

Marko Kitevski Проф. д-р. Марко Китевски

Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко место и според бројноста и според уметничките вредности. Најчесто се работи за кратки поетски состави кои претставуваат одблесок на народниот гениј. Овие поетски решенија, творба на македонскиот народ, стојат на исто рамниште со најубавите примероци на светската поезија.

ЛУДОСТ МЛАДОСТ

Ајде, лудост, младост брго заминува,
Како роса на трева зелена, бре.
Ајде како трева у поле широко,
Како трева зелена негазена, бре.
Ајде јас си имам конче аџамија,
Јас го терам на вода студена, бре.
Ајде то ме носи нагоре, надоле,
Горе доле у момини дворје, бре,
Ајде само моме у двор вечераше,
Кон ми влезе мајка у излезе, бре,
-Ајде видиш, ќерко, да би не гледало,
Што лудо ни влезе у дворои.
Ајде кај што стои, јасно солнце греје,
Кога зборви дребен бисер леје.
Од збирката на Јосиф Чешмеџиев.

ДА ЗНАИШ, МОМЕ, ДА ЗНАИШ

Да знаиш, моме, да знаиш,
Како је жаљба за младост,
На порта би ме чекало,
От коња би ме сметнало,
На раце би ме кренало,
По скали би ме качило,
В одаја би ме внесило,
Ноѕеве би ми измило,
Постеља би ми послало,
До мене би ми легнало.
Од збирката на Кирил Македонски.

ДЕВОЈКО НОВА ГРАДИНО

Девојко нова градино, пипер и шеќер садена,
Пипер и шеќер садена, по негде-годе босилек,
По негде годе босилек, а по меѓите карамфил,
А по меѓите карамфил, по прелазите трендафил.
Од збирката на Васил Икономов.

ДЕВОЈЧИЦЕ ДРАГА ЉУБИЧИЦЕ

-Девојчице, драга љубичице,
Љубил бив те ама си малечко...
-Малечко е зрно бисерово,
Што го носат невести н а грло...
-Девојчице, драга љубичице,
Љубил буив те ама си малендо.
-Малендо е птица препелица,
Што ми скита од трага на трага.
Од збирката на Блаже Конески.