Среда, 17 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
ВО ДОЛНА ПРЕСПА КАКО ДОМА (5)

knng1

ВО НАКОЛЕЦ – СТАРАТА НАКОЛНА РИБАРСКА НАСЕЛБА 

Наколец е село кое е дел од преспанската и од македонската вистина. Тоа се наоѓа во Преспа, на брегот на Преспанското Езеро и во пазувите на Баба Планина, на македонска земја, а само неколку километри северно од границата меѓу Република Македонија и Република Грција. Тоа е типично македонско, преспанско, повеќенационално и печалбарско место

Едно од езерските населби во Преспа е, секако селото Наколец. Тоа е дел од Долна Преспа и е сместено на источниот брег на Преспанското Езеро. Наколец се наоѓа на неколку километри од границата на македонската земја, на запад од Љубојно и на север од Долно Дупени, на надморска височина како и Езерото, од околу 850 метри. Тоа е типично езерско, преспанско село.

Името го добило по тоа што во минатото, кога нивото на водата на Преспанското Езерото рапидно се зголемило, селото било изградено на колци. Иако жителите немале можност да ја видат населбата на колци над вода, се сеќаваат дека до пред триесеттина години езерската македонската православна црква „Св. Никола“ се наоѓала во вода. Од ѕидот на црквата се скокало во вода.

Затоа остана раскажувањето дека Наколец во минатото било македонска Венеција. Подолг период плажите вдолж брегот на Преспанското Езеро кај Наколец биле едни од најпесокливите и најатрактивните и собиралиште на бројни капачи од Преспа и пошироко

Ова го кажува легендата, а денес селото е оддалечено од езерото, каде пораснала корија од дрва и трски. Инаку, во селото живеат Македонци, Албанци и Роми. Жителите во ова населено место отсекогаш биле пример за добар соживот, бидејќи тие заедно оделе и на свадба и на погреб, и на риби и на ниви и заедно делат и добро и зло.

hgdh2 hfih3 hfwhf4  

Селската камбанарија, џамијата и текето во Наколец

Селото Наколец е оддалечено околу триесеттина километри од Ресен. Тоа е интересна населба, распространета до брегот на Преспанското Езеро. Тоа е рамничарско село и не е многу големо. Се споменува уште од 1337 година, во втората грамота на цар Душан. Неговиот атар зафаќа простор од околу пет километри квадратни.

Во Наколец има основно училиште во кое се одржува настава до четврто оддеделение, има амбуланта, продавници и услужни објекти за градежен материјал, железо и земјоделски препарати. Порано селото било средно по големина, а со иселување на жителите во странство и по македонските градови, значително се намалил бројот на жителите.

Селото Наколец е оддалечено околу триесеттина километри од Ресен. Тоа е интересна населба, распространета до брегот на Преспанското Езеро. Тоа е рамничарско село и не е многу големо. Се споменува уште од 1337 година, во втората грамота на цар Душан. Неговиот атар зафаќа простор од околу пет километри квадратни.

Во Наколец има основно училиште во кое се одржува настава до четврто оддеделение, има амбуланта, продавници и услужни објекти за градежен материјал, железо и земјоделски препарати. Порано селото било средно по големина, а со иселување на жителите во странство и по македонските градови, значително се намалил бројот на жителите.

Според преданието, селото трипати било преместувано додека не ја заземало денешната местоположба што се потврдува со следниве факти. Кога езерото било повлечено слично на денешната положба, населбата постоела на околу 300 метри подолу, кон езерото од денешната местоположба. Тоа се потврдува со откриените остатоци по опаѓањето на нивото на водата, што следи во периодот од 1987 година до денес, со тенденција на натамошно повлекување.

Притоа, покрај темелите на езерската црква „Свети Никола“, која била преместувана кон крајбрежјето и остатоците од живеалиштата, беа откриени два бунара: едниот соѕидан со камен, другиот плетен со фоини прачки, како и многу керамички предмети. Но, најинтересно е тоа што повлеченото Преспанско Езеро зад себе оставило траги од некогашни живеалишта на колци, според кои се зачувал топонимот, односно името на селото Наколец, што означува живеалиште на колци.

Во Наколец постојат три значајни локалитети: Леска, Метилаец и Лапата. Во него постојат три македонски православни цркви и тоа: „Свети Никола“, лоцирана во центарот на селото каде се и селските гробишта, која е изградена во 1884 година, потоа црквата „Свети Атанас“, подигната меѓу двете светски војни и уште езерската црква „Свети Никола“, подигната на самиот брег на Преспанското Езерото, изградена во 1921 година на стари темели.

dghhjh5

Црквата „Свети Никола“ на брегот на Преспанското Езеро

Во Наколец постои Џамија, која, веројатно, била изградена во XIX век, реновирана е во 1995 година, а во неа постојат гробишта со арапско писмо. Таа им служи на муслиманите во селото. Исто така, во Наколец има и Теќе кое е реновирано во 2003 година, лоцирано на самиот влез во селото. И покрај тоа што сите верници од муслиманска вероисповед во селото одат во џамијата, постоењето на Теќето укажува на постоење на муслиманска дервишка секта – бектеши во овој дел на Преспа.

Со своја прва училишна зграда селото се стекнало во годините на Првата светска војна, од кога, всушност, и почнале образовните процеси во овој крај. Затоа селото е познато по одреден број интелектуалци, меѓу кои се: д-р Ратко Наумовски, Милица Диневска, д-р Борче Наумовски, д-р Васа Наумовска, проф. д-р Ибраим Камбери, проф. д-р Бедри Камбери, проф д-р Дервиш Камбери, Реџеп Реџепи, потоа бизнисмените Васил Јанкуловски, Атанас Гаџовски, д-р Асиме Османи и други.

Во дијаспората, пак, меѓу другите се познати: Ристо Василевски, писател и надворешен член на МАНУ, кој живее и твори во Србија, потоа д-р Васил Богоевски, бизнисменот Јоле (Џо) Наумовски, м-р Ристо Грпчевски, Владо Стерјовски, Славе Јанкулов- Грпчевски, Наум Наумовски, Јонче Барџевски и други.

dgdgk6

Публикацијата „Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро раскажани од Славе Јанкуловски-Грпчевски, што ја подготвил д-р Танас Вражиновски е значајна публикација за Наколец и Преспа која е издадена во Торонто, 1995, 1-200.

Во Наколец е роден и авторот на овој тект, Славе Николовски-Катин, по татко Ристо Барџевски (Николовски), кој како политички емигрант живееше и почина во Бразил. Катин е роден во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец.  Тој  израснат во Љуобјно, од каде му се корените по мајка му Сандра Грежловска, а прекарот „Катин“ го добива по баба му Ката Грпчевска -Грежловска, родена во Наколец, додека неговата прабаба Кира била од селото Нивици.

Во биографијата на Славе Катин е забележано дека извесен период по неговото раѓање, семјеството се преселува од Наколец во Љубојно, од каде е неговата мајка Сандра (од семејството Грежловци). Таму Славе го минува поголемиот дел од детството, од младоста и студентските деново, а се навраќа во Љубојно скоро цел живот.  Таму од мали ноѕе го почувствувал тешкиот печалбарски живот на луѓето од Преспа, особено преку печалбарската сага на дедо му Алексо (Алек) Ристов - Грежлов. Во Љубојно Катин има убав македонски дом и библиотека со над 4.000 книги. 

Исто така, од Нивици и од Наколец се’ до Бистрица му се далечните корените на академикот д-р Владо Камбовски, поранешен  претседател на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.

Инаку, од Наколец е и проф. д-р Ибраим Камбери, кој е прв доктор на науки од албанското малцинство во Преспа. Тој магистрирал и докторирал во Белград, а потоа заминал за САД каде бил професор на университетите во Бостон и Лос Анџелес. И неговиот брат Бедри Камбери е доктор на науки кој објавил стотина научни трудови и учебници за средно образование од областа на хемијата.

Од областа на литературата Ристо Василевски кој е роден во Наколец имаат посебно место. Тој е познат и признат поет, есеист, критичар, антолог, преведувач, академик и издавач. Академик Ристо Василевски има објавено петнаесетина книги поезија на македонски и српски јазик, а некои се во повеќе изданија. Автор е на книгите: „Шепоти“ (1968“; „Временија“ (1970); „Толкување на патот“ (1973); „Големи и други работи“ (1974); „Од плитари до фасади“ (1974); „Давање облици“ (1981); „Прелистување на времињата“ (1984); „Житието на Коле Ф.“ (1984); „Болна куќа“ (1984); „Големи и други работи“ (1990, 1991); „Судбината на едно ќесе“ (1991); „Пофалба на адот“ (1993); „Играње со главата“ (1997); „Паричникова судбина“ (1998;, „Огледала“ (1998); „Ткаенка на злото“ (1999); „Игри и пофалби“ (2000); „Храм, сепак храм“ (2002); „Ископини“ (2006; „Сушт“ ( 2007) и „Божествени допири“ (2010).

Академик Ристо Василевски е добитник на Малата Нобелова награда што ја доделуваат градот Ижевск и Меѓународната академија за книжевност и уметност на Удмутрија, Руска република.

Славе Грпчев – Јанкуловски, пак, беше одличен раскажувач и човек кој беше вљубен во народното творештво, особено од преспанскиот крај. Тој е автор на книгите: „Македонски народни приказни од брегот на Преспанското Езеро“ (1999); „Стари македонски народни песни“ (2004) и „Сонувалки и позлатени народни прикаски“ (2004).

Затоа со право се вели дека ова село во Долна Преспа, на брегот на Преспанското Езеро е расадник на голем број интелектуалци, село на рибите, јаболката и заедничкото живеење на Македонците, македонските Албанците и Ромите.

Продолжува

c6 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Мицкоски: Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.