Среда, 14 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (3)

svkf1

ЕВРЕИТЕ - ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ЦИВИЛИЗАЦИИ

Според светските документи Евреите се можеби најстарата жива цивилизација на планетата. Според пишаните траги, преданијата, верувањата, Стариот завет на Библијата тие се прародители и на христијаните (Исус бил Евреин) и на муслиманите – синови на Исак и Абрахам (Иса и Ибрахим)

Од нивното тело, значи, се издвоиле главните светски религии. Тие се, за жал, први меѓу најпроколнатите, најмасакрираните, најраселуваните и најистребуваните народи на Земјината топка. Антисемитизмот со векови е жива филозофија, а и денес опстојува во арапскиот свет.

Иран и други милитантни исламисти сонуваат да ја збришат еврејската држава од светските мапи. За своето парче земја, значи и денес Евреите стравуваат и одвреме-навреме војуваат, па, сепак, никогаш не се доведува во прашање нивниот идентитет. Зашто, идентитетот не е ниту закопан во земјата, за да мора да се откопува, ниту, пак, треба да се бара во светите книги, во Тората, Коранот, Библијата, во стотиците камени гробови на царевите и благородниците погребани во подножјето на Маслиновата Гора.

На почетокот од минатиот век, Евреите од Јафа, старото утврдување на морето, поради честите конфликти со Арапите со кои живееле, решиле да из- лезат од стариот град и крај брегот почнале да го градат Тел Авив. Денес Тел Авив е административен центар на Израел. Таму се наоѓаат сите странски ам- басади, но, сепак, тоа не е главниот град на светата држава.

Сетот (со исклучок на САД) не го признава Ерусалим за престолнина на Израел, иако таму е Кнесетот, израелскиот парламент, Владата и клучните министерства. Најмоќ- ните земји светиот град го сметаат за спорен, зашто Арапите имаат претензии кон Источен Ерусалим, каде што се мнозинство. Но Евреите немаат проблем со таквиот однос на Запад. Се плашат само доколку загубат дел од територи- ите каде што сега се Палестинците, да речеме Западниот брег, кој е под нивна окупација, може да им биде загрозена државата. За идентитетот не се плашат.

weu2   ksy3

Да се посети Светата земја значи да се доживее нешто што останува трајно во сеќавањата на посетителот, нешто недоживеано библиско, свето и човечко; нешто ново и карактеристично само за Израел, за еврејскиот народ и за арапскиот свет, а нај­повеќе за христијаните. Тоа го потврдивме при нашата посета на оваа по многу нешта единствена и карактеристична земја, каде се доживува едно неопишано чувство на чуд­на мешавина на старото и на новото, на историјата и, на Библијата...

Таму се чувствува ду­хот на историјата; таму човек се запознава со библиските преданија, со сé она што е по­врзано со трите вери на човекот: јудејската, христијанската и муслиманската. Тоа е зем­јата каде се обединија еврејските племиња – Израелците и Јудејците во едно цар­ст­во на чело со водачот на Јудејците царот Давид.

Тој успеал да ги разбие Филистејци­те, а Еруса­лим – Светиот град да го прогласи за престолнина на државата. Во Ерусалим, царот Со­ло­мон, синот и наследникот на Давид, го изградил прочуениот Храм посветен на евреј­ски­от Бог Јехова, од кој денес е останат само Ѕидот на плачот, симболот на се­кој­дневна­та средба на Евреите од целиот свет со својата судбина.

Ерусалим е местото од каде што сé почнало и каде сé ќе заврши на Судниот ден. Израел за христијаните е Света земја и местото каде се родил Исус Христос – Синот божји, кој дошол меѓу луѓе­то, ги подучувал да се здобијат со добродетелство, да му служат на доброто, а да го из­бегну­ва­ат злото.

Ерусалим е местото каде Исус Христос бил осуден на смрт со распну­ва­ње на крст, за потоа да воскресне. Таму, во Ерусалим, се наоѓа Куполата на Карпата и џа­мијата Ал – Акса, чие име значи „најдалечниот пат“ зашто муслиманите веруваат де­ка по Мека и Медина, Ерусалим е третиот град по значење во исламот, од каде проро­кот Мухамед го примил Куранот.

hsbb4

Градините Бахаи во Хаифа

Посетата на Израел, а со тоа и на најголем број свети места, беше остварена на покана на министерот за иселеничка апсорпција професор Лили Тамир. Делегацијата на Агенцијата за иселеништво од Република Македонија, предводена од м-р Мартин Треневски и неговата сопруга д-р Василка Попоска-Треневска, а во која се наоѓаше и авторот на овој и на наредните текстови, Славе Катин со сопругата  проф. Нада Николовска-Катин, оствари значај­ни средби и разговори во Министерството, како и со претставници на Агенцијата за исе­­леништво на  Израел, „СУХНУТ“, Музејот за дијаспората и Музејот за холокаустот на Евреите „Јад ва'Шем“. Исто така, делегацијата посети бројни свети места, значајни кул­тур­но-историски и други споменици кои оставаат длабоки траги кај посетителот.

А, жел­­бата на секој дојденец, верник, намерник или случајник е повторно да ја посети Ве­­тената земја за да се доживее и поубаво да се почувствува сé она што го остави­ла историјата на човекот. А, таму во Израел, има што да се види, научи, да се доживее, да се прошират видиците, сознанијата, духот и духовното живеење. Таму човек се чув­ст­ву­ва повозвишен и  позначаен како човечко битие.

Таму луѓето зборуваат раз­лич­ни јазици: од еврејски и англиски до руски и шпански, но нивните срца и чувства се едни исти – израелски. Таму се отвораат сите сетила и секој кој ќе дојде во Израел, се труди што повеќе да види, да научи, да почувствува, да запамети како сознание, да го дожи­вее сето она што се случувало со векови пред христијанството и по него, како и во се­гашноста на прагот на третиот милениум..

Според библиските преданија Израел значи човек кој се бори со Бога. Тоа е име што му го дал ангелот на Јаков на потомокот Јаков, непосредно пред состанување­то со брат му Исав на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие. Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте израелски племиња; а изразот „синови изреалски“ ги означува сите Евреи. Првиот израелски цар бил Саул. По него дошол да­леку помоќниот Давид, кого го наследил син му Соломон.

По неговата смрт царството се распаѓа на Јужно – Јудеја и Северно – Израел. Израел било поголемото и помоќното царство составено од десет племиња со двојно поголемо население од Јудиното цар­ст­во и имало три пати повеќе земја и обработлива почва.

Земјата се збогатила преку тр­говија зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела око­лу 200 години, сé до освојувањето на Асирците во 721 година пред Исус Христос, кога племињата биле раселени низ Сирија и Северното царство. Ова Израелско Царст­во никогаш повеќе не се обновило под истото име сé до 1948 година, кога се појавила втората, денешната држава Израел.

Продолжува

KatS 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.