Среда, 25 Септември 2019    PDF Печати Е-пошта
ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: НИКОЛА БЕРОВСКИ– НАЦИОНАЛЕН ДЕЕЦ И ДОЖИВОТЕН УЧИТЕЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАЛА ПРЕСПА (3)

nikber1

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Никола Беровски - „големиот учител од Преспа“ како што го нарекуваа македонските гласила во почетокот на 90-ти­те години од минатиот век беше учител, преведувач и учебникар. Тој беше човекот кој многу придонесе за македонското малцинство во Албанија кога по Втората светска војна почна редовно образование на мајчин македонски јазик. Во економските тешкотии на селаните по војната и Албанија не беше целосно ослободена, во подрачјето на Преспа под Албанија еден од испратените македонски учители беше и Никола Беровски

Делот од Македонија познат како Мала Преспа беше даден на Албанија по потпишувањето на Версајскиот мировен договор во 1919 година. Со овој договор заврши поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција, Бугарија и Албанија и започна ерата на денационализација и присилна асимилација на македонскиот народ. Денес, Македонците во Албанија имаат поголема слобода и човекови права отколку Македонците во Грција и Бугарија, меѓутоа, сепак, тие не се доволни, таму сè уште постојат бројни прекршувања на човековите права.

Реалниот број на етнички Македонци во Албанија е оценет како поголем од 150.000 лица. Нивната најголема концентрација е во пограничните региони на Голо Брдо и Мала Преспа. Исто така, има голем број Македонци кои живеат во Тирана (околу 20.000), Поградец, Корча, Каваје и Елбасан.

Една од значајните личности во тој период беше Никола Беровски. Според оскудните податоци се знае дека е роден во 1923 година во Битола, каде и се стекнал со своето образование. Веднаш по Втората светска војна во 1945 година бил испратен во Албанија, во Мала Преспа, заедно со поголема група учители. Починал во 1993 година во Тирана.

Според зборовите на Македонците од Мала Преспа, учителот Никола Беровски бил просечен човек, дисциплиниран и  трудољубив. Секогаш бил пример за колегите и за помладите генерации. Тој останал како  блескав лик за Преспанци.

nikber2

Битола

Треба да се нагласи дека по Втората светска војна и ослободувањето на дел од етничка Македонија, се водела посебна грижа за Македонците кои живееле во соседните земји и тие да се воспитуваат и образуваат на својот мајчин македонски јазик. Тоа било изразено особено во периодот од 1945 до 1948 година во Пиринска Македонија и во Албанија, каде постоеле македонски училишта, книжарници, библиотеки, фолклорни групи и други институции со сите македонски национални карактеристики и белези.

Имено, во повоениот период била потпишана една декларација меѓу тогашните НР Југославија и Албанија и со која на Македонците во Албанија им се гарантира заштита и развој на националната култура и традиции, потребата на мајчиниот јазик и рамноправност во сите облици.

Затоа, Албанија побарала од тогашната југословенската влада да испрати учители за настава по македонски јазик во подрачјата во кои живеело македонско население. Наставниот кадар, пред сè, бил потребен во селата Туминец, Пустец, Долна и Горна Горица, Глобочани, Шулин и Зрновско, кои се наоѓаат во Мала Преспа, а припаѓаат во Корчанскиот Регион, како и во селата Врбник и Церје во Околијата Билиште, потоа во Лин, во Поградечкиот Регион и во други населени места.

Со тоа Албанија стана земја која го признава статусот на македонското етничко малцинство. Уште од 1945 година во Мала Преспа има настава на мајчин македонски јазик во основното образование до петто одделение, за кое образование се издадени учебници од страна на државата.

Сите наставници - ентузијасти кои го ширеле, го обновувале, го чувале и го пренесувале македонскиот јазик, културата и традициите, особено на младите генерации во Албанија одиграле важна, ако не и најзначајна улога во афирмирањето не само на македонскиот литературен јазик, туку и на македонскиот народ на своите корени и на Република Македонија во целина.

Тоа го потврдуваат учениците кои почнаа да учат во деветте села од Преспа и кои нема да ги заборават учителите Пере, Никола, Ѓорѓи и други, учителот Борис Малески, Кристо Тане, Гуре Дума, како и генерациите кои со грижа, како Никола Беровски, се подготвија и ја продолжија наставата на македонски мајчин јазик.

Сето тоа се одвивало до периодот на Информбирото, кога сите учители по македонски јазик во Албанија биле отпуштени и вратени назад. Единствено, учителот Никола Беровски останал во Албанија. Тој до својата смрт работел на ширењето на македонскиот јазик; напишал бројни учебници, граматика и други школски книги за Македончињата во Албанија, посветувајќи го својот работен век на неговиот мајчин јазик, кој се учел од прво до четврто одделение, а натамошното школување било на албански јазик.

Затоа, со право се вели дека сите тие наставници по македонски јазик во Албанија, а во исто време и во Пиринска Македонија се значаен дел на мозаикот и темелот на литературниот македонски јазик, кој со својата кодификација станал еден од трите официјални јазици на тогашна НР Југославија уште од 1945 година.

Меѓутоа, во суштина, Македонците во комунистичка Албанија не ги уживале ниту елементарните национални права. Тие биле изложени на интензивна денационализација, изолација и албанизација. Единствено во регионот на Мала Преспа, во селото Пустец, во првите одделенија на основното училиште наставата се изведувала на македонски мајчин јазик. Но, во повисоките одделенија, како и во средните и високите школи, македонскиот јазик, воопшто, не бил застапен, за разлика од застапеноста на албанскиот јазик во сите образовни институции во Република Македонија.

Исто така, треба да се потенцира дека поради својата надворешна и внатрешна политика, Албанија во комунистичкиот режим не му дозволувала на македонското малцинство да комуницира со матичниот народ во Република Македонија. Затоа, со право се вели дека Македонците во Албанија биле разделени, но засекогаш останаа неодродени.

Цели 32 години Македонците во Мала Преспа и пошироко во Албанија немале контакти со своите собраќа од слободниот дел на Македонија. Се смета дека Благој Попов, како претседател на Извршниот совет на Собранието на СР Македонија, бил првиот државник кој официјално ја посетил Албанија во октомври 1980 година. Тоа била прва средба на висок претставник на тогашна Југославија со Македонците во Пустец и околните населби, кои по толку долг период на затвореност се сретнале со Македонец од слободна  Македонија.

Инаку, македонското население во Мапа Преспа со децении очајнички се борело да преживее како земјоделци и сточари. Како лавови се грижеле за своите семејства да опстојат како Македонци и покрај тоа што нивните имиња биле поалбанчени. Тие се бореле да ги негуваат вредностите на националната самобитност на македонскиот народ. Накусо, останаа Македонци на својата земја и огниште, со свој мајчин македонски јазик, македонска култура, традиција, историја, македонски нишани...

Еден од гардот на македонскиот јазик, на македонската нација и на сé она што е македонско во Албанија беше познатиот и истакнат учител и учебникар за македонското национално малциство во Република Албанија Никола Беровски. Затоа, во декември 2013 година, во рамките на одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање, во градскатата библотека „Тими Митко“ во Корча, се одржа промоција на неговото препечатенo издание на македонско-албанскиот речник. Оваа значајна културна манифестација во чест на Никола Беровски ја организира Македонскиот културен центар „Сонце“, а со поддршка на Општина Корча.

nikber3

Пустец

На промоцијата учествуваа Македонци од Корча, претставници на Македонската алијанса за европска интеграција од Корча, Билишта, Поградец и Мала Преспа, претставници од македонското друштво „Прегор“ од Поградец, македонското друштво МЕД од Врбник, претставници од корчанската митрополија и од разни институции од Корча, како и писатели од Корча и Охрид.

Речникот пред многубројната публика го претставија Васил Стерјоски, активист за малцински права на Македонците во Албанија, Фото Никола, извршен уредник на новото издание, Илинден Спасе, син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе, а свои поздравни излагање имаа и Едмонд Темелко, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција во Албанија и градоначалник на Општина Пустец, како и Спасе Мазенковски, писател од Мала Преспа. Ученичките Кристина Терпо и Павлина Дине од гимназијата од Пустец, пак, рецитираа две необјавени стихотворби од Никола Беровски за Мала Преспа. 

Во своето излагање на промоцијата Фоте Никола, извршен уредник на новото издание, истакна дека македонско-албанскиот речник на Беровски со повеќе од 10 илјади зборови вечно ќе трае и ќе се користи долго време.  Новото издание на речникот излезе по 30 години од првото издание кое било објавено во тешки услови од времето на минатиот режим и дека речникот ќе трае долго време, не само во рацете на македонското малцинство, но и на сите граѓани во Република Албанија и Македонија.

Во своето излагање Илинден Спасе, синот на Стерјо Спасе, рече дека Никола Беровски, Борис Малевски и другите учители ги положија темелите на наставата на мајчин јазик во Мала Преспа, преку конкретната настава, борбата против неграмотноста, обезбедувањето на учебници на мајчин јазик. Овде треба да се истакне и придонесот на познатиот писател, Стерјо Спасе, Македонец од Мала Преспа, кој беше редактор на сите учебници составени или преведени од Никола Беровски. 

Едмонд Темелко, градоначалникот на Општина Пустец, пак, најави дека на првата седница на Советот на Општина Пустец, Никола Беровски постхумно ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Општината.

Речникот е испечатен во 500 примероци, кои ќе се подарат на Македонците во Албанија и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.