Среда, 02 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

IMG-0c595a64fd96a3db923ad85ce8cf9495-V

МЕМОРИЈАЛНА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ за најдобри македонски и дијаспора студенти и млади специјалисти по медицина за 2019 година

На 1 октомври, 2019 година, денот на првиот академски час за почетниците на студии по медицински науки на УГД Штип, подршката за успешните студенти од завршена година студии по медицина е посебно значајна.

Пред напредните студенти кои сериозно се посветиле на своето образование за да се стекнат со натпросечни медицински знаења и организаторски способности, стои иднина исполнета со големи предизвици за нивните следни професионални и лични можности, одлуки и визии за реални успеси во општеството и земјата. Тоа директно ќе има одраз и врз напредокот на медицинската наука и пракса, што треба да значи и подобар живот на нивните пациенти, на народот на кого му пружаат помош за здрав, продуктивен живот. Знаеме, здравото тело и здравиот дух се синхронизираат во творечка, животна енергија.

Среќна сум што ја споделуваме заедничката надеж и определба за доброто на македонското, а со тоа и на меѓународното здравство, медицинска професија и посветеност на идните млади лекари на научни истражувања и на превентивна и куративна дејност. Тоа беше животна желба и на македонско-американската млада писателка и студент по здравствена исхрана во САД, Емилија Кукубајска.

Таа 12 години се бореше за здравје, надевајќи се во напредокот на медицината, во пронаоѓање лек и за лупус и за замена на дијализата.

Нека МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ за најдобри македонски и дијаспора студенти и млади специјалисти по медицина за 2019 година, биде морален поттик на идните лекари несебично да го даваат своето најдобро за потребите на човештвото, македонскиот народ и луѓето насекаде.

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска-Претседател ЕМАРИ Институт – Штип

Од искажувањето на наградениот студент Александар Лонгуров:

Не можам да го искажам моето задоволство како е да се биде сопственик на меморијалната награда од ЕМАРИ Институтот. Ваквите признанија не мотивираат да ја истакнеме најдобра верзија од себе и се надевам дека и други ќе го следат ваквиот пример. Tака ќе придонесеме за мотивација и за подобрување, не само на здравството, туку на сите состојби во нашата држава. Оваа награда има посебна содржина за мене, ме инспирира и поттикнува за многу поголеми цели во кариерниот развој. Би искажал благодарност до проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, Др. Елена Јовева и проф. д-р Милка Здравковска. Ми беше чест и задоволство.

ОД наградениот студент СТЕФАН КОЦЕВ:

Со големо задоволство и уште поголема чест, сакам да се заблагодарам на Професорката Марија Кукубајска, на др. Елена Симеонова Јовева и сите инволвирани и заслужни за реализација на настан од ваков карактер.

Меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ е награда со длабока суштина олицетворена во чест на Емилија Кукубајска и по повод 40 годишнината од нејзиното раѓање.

И во тоа е тежината на оваа награда - во моралната поддршка која им се пружи на студентите, а која толку многу им е потребна. Благодарност и до Универзитетот “ Гоце Делчев “ – Штип и Факултетот за медицински науки бидејќи тоа е местото на кое ги градиме нашите успеси кои во иднина треба да им служат на нашите пациенти.

p

Проф. д-р Марија Кукубајска, му ја доделува наградата „МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ на студентот Александар Лонгур

pppp

Претседателката на ЕМАРИ, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска и студентот Стефан Коцев, кој ја прима наградата.

gradonacalnikГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, со наградените студенти Стефан Коцев и Александар Лонгуров, на приемот во неговиот кабинет.

 

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.