Среда, 13 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (16)

masada1

МАСАДА – МЕСТОТО НА ЕВРЕЈСКИОТ ДУХ

На просторот на Мртвото Море се наоѓа манастирот „Свети Герасим Јордански“  сместен во близината на северната страна од Мртвото Море. Тука, на тоа место некогаш малиот Исус со мајка му Марија и дрводелецот Јосиф ноќевале, патувајќи при бегството од Витлеем за Египет

Исто така, во непосредна близина на Мртвото Море се наоѓа библискиот град Кумран, каде бедуинските овчари во 1947 година, во една пештера ги пронашле најстарите библиски ракописи познати како „Свитоци од Мртвото Море“. Во врска со наоѓањето и продажбата на овие ракописи слушнавме неколку верзии, меѓутоа, најважно е што тие денес се наоѓаат во Израел.

Патувајќи по западниот брег на Мртвото Море се стигнува до оазата Ен Геди, место во Јудејската Пустина, каде што царот Давид се криел од Саул. Тоа место некогаш било познато по своите лозја, опеано во „песна над песните“, место кое повеќепати се сретнува во старозаветните книги. Исто така, таму се водопадите од Давидовиот извор што со векови ѝ противречат на пустинската околина.

На пустинскиот простор долж Мртвото Море се лоцирани повеќе објекти, меѓу кои и една фабрика за производство на козметички препарати. Таа ги користи хемиските соединенија што ги содржи морето од кои, како што велат во шега, со употребата на таа козметика, луѓето се подмладуваат и по неколку години. Тоа е слично како и со мачкањето со морска кал, која посетителите ја употребуваат за поголем број болести и за подмладување.

Во непосредна близина на Мртвото Море има бања, која ја користат голем број посетители. Исто така, на тие простори се лоцирани одреден број научни институции, кои се занимаваат со истражување на животот и иднината на Мртвото Море и неговата околина.

Патувајќи на југ покрај Мртвото Море се пристигнува до остатоците од познатата планинска тврдина Масада, местото кое е запишано со големи букви во историјата на Евреите. Имено, Масада е пустинско плато што на околу 400 метри се извишува над западниот брег на морето од каде тешко може да се забележи. До висината на платото се стасува за неколку минути со современата жичница, а само најхрабрите се искачуваат или слегуваат (како што направивме ние) по „змискиот пат“, што стрмо се спушта од големата височина.

masada2

Дел од Масада

Искачувањето кон Масада причинува задоволство, завет и голем предизвик не само за Евреите, туку и за бројните туристи кои доаѓаат да се потсетат на она што се случувало во минатото, а кое на убав начин е пренесено преку англискиот филм „Масада“.

Според сведоштвата на познатиот римски историчар Јосиф Флавиј, во книгата „Јудејска војна“, се вели дека жителите на ова место, чиј број бил 960 маши, жени и деца, бегајќи од наездата на римските војници, се скриле и дошле да живеат во Масада. Тоа се случило во 73-тата година  од н.е., кога римската војска ја прегазила Јудеја и сите други тогашни предели на тие простори.

Кога Римјаните дошле пред Масада, на местото каде една мала група Евреи им пркосела, сметале дека проблемот ќе го решат многу брзо, за неколку месеци, од причини што биле уверени дека во пустината Евреите не би издржале долго без вода и други прехранбени продукти.

Меѓутоа, во Масада бил вљубен Ирод Велики, кој, веројатно, плашејќи се од непријателите ја одбрал Масада за свое место каде ќе може во случај на опасност да се скрие и таму да живее подолг период. Така, тој на Масада изградил систем за собирање на дождовницата која се собирала во цистерни издлабени во камењата како и други помошни простории за вода, дури и два отворени базена за капење. Исто така, Ирод Велики на платото изградил голем број магацини за складирање храна и место за чување домашни животни и гулаби.

masada3

Тврдината Масада

Според сведоштвото на Јосиф Флавиј жителите на Масада ја издржале тригодишната опсада. Меѓутоа, римската војска успеала да направи рампа на западната страна за да стаса до утврдувањето. За тоа биле ангажирани голем број робови од Египет, кои успеале да го поврзат просторот со платото.

Пред тоа, Евреите се собрале во синагогата и одлучиле секој да си го убие своето семејство. Потоа, од мажите што останале биле избрани десетмина кои ги убиле останатите мажи, а од десетте мажи што останале деветте биле убиени од еден, кој, веројатно, бил водачот и кој умрел пред римската војска.

Слично на преданието што се пренесува во Македонија, а се случило во Мариово, каде селаните на едно село несакајќи да ја сменат својата религија, пред да дојдат туѓинските војски, се самоубиле од високата карпа на смртта.

Денес во Масада, на ова историско место за Евреите, тенковските единици на израелската армија земаат заклетва и се колнат дека ќе ја бранат својата татковина и ако треба ќе загинат за неа, исто како нивните предци. Исто така, обичај е деца – Евреи кои полнат 13 години, во Масада го вршат чинот на постанувањето членови на Еврејската заедница.

Тоа зборува за важноста на историската Масада, од која треба да учат другите народи како и на кој начин јакне духот на еврејското опстојување. Тоа е место во кое се заѕидале вековите и во кое секојдневно заедно живеат минатото и иднината на Евреите.

Продолжува

New Katin

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.