Среда, 27 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
Мијачко, односно галичко племе и Галичник

Galicnik

Мије сме едно племе од многу и многу племиња во Македонија од Шар до Солун и Елембој (Олимп), до Пирин Планина и Рила.

Од коде сме дојдени, кога, и зашчо не се знојет.

Имајет трагови и некакви блискости и други нешча шчо го наведувајет човека за да мислит оти сме тргнати од Солунско, по река Бистрица, или преку Воден или Селфиже (Србица), лево-ј десно кон Лерин и Костур, кон Охрид и Поградец, до Дебор и по Радика, или преку Кичава, да сме додјени во Бистра планина и тује сме законачиле.

Се требет да биле старите сточари. Како сточари, тија белки иделе со стадата горе на летување сосе жени и сосе деца, како шо правит и ден-денеска Каракачанине. По време го нашле за попаметно  да се заселит стално во нашијон крај, а тије моет со стоката ем пак да си одит, да слагајет есени в Солунско Поле, а пролети да се враќајет и качувајет в планина.

Поубав есап и кров (крој, план) од овја вистина и немат. Коде да најеш поубава планина од Бистра, „п’лна с извори“ и поубав зимовник од Солунско Поле?

Тие белки и многу годишча правеле проби со други планиње дур утврдиле, али им је оваке најарно. Ним требет да им биле познати: и Ниџе и Крчвица и Пејлистер и Галичица, дур ја избрале Бистра. И вистина не грешиле.

Животва човечка во главно се си је иста и умов човечки, и пред Ристоса и по него, исти је. Гледај да поминеш полесно, поевтино и поубаво. Со една реч: гледај да си го избереш поубавото. Ако ти се јавит борба, бори се.

Еве и денес Власите (Цинцариве) шо не направије за да успејат да се пикнет меѓу нас и без мрва да загосподарит во Бистра и Шар. И види чудо? Шо не можеје во Турско, донекаде успеаје во Србија.

Зашчо и како? Белки зате шо је Србија изнад се слободна и правна држава. А Власиве се ербап и поербап и од Евреји. Во оваја борба тије не се страмеје да го искористат и сродството на дворовите наши и влашки. А имаје и за ошчо. Зашчо како Бистра немат друга планина.

И широка и прегледна, и не превисока, и дрвја близу, и потишча кон коде сакаш, и воѓе наблизу, рај за овци.

Река Галик близу до Солун, Лагадина (гратче до Солун), Панонија и Гелемерија (по грчки Каламарија), што се споменајет во песниве наши, по теја и Галичица измеѓу Ресен и Охрид, белки се во ненаква врска со Галичник.

Во друго време понапред или после и по други себапи белки имајет и се требет да имајет дојдено други групи од југот кон Елбасан, Дуруд и Мат, али ја едно не верува да се нашиве дојдени од кон Скопје, Тетово и Гостивар. Моје мислење је да ја нашево племе слезено во своје време како сточарско племе до Солун и после мрдало лево-ј десно дур се залепило за Бистра.

Како да је видиме Мијациве да се населиле од Дебор по Радика дури до Врбјани, по Мала Река, дури до Јама и до села Ефловец и Иванчишча и нагоре, во Бистра, дури до Маврово и Беличица.

Ја мисла и верува да се населени ушче многу пред да дојет Турциве. Инаку мочно би могло да се разберет онолку размножување и нарастување на толку гоолеми села како што се: Галичник, Лазорополе, Тресонче, Требиште и Жерноница.

До коде се простирајет и каков комшилок имајет Мијациве

На југосток од Ефловец се ширит Брсјаци на југ и дебрани на север Горнореканци (шо зборвет сега мешано, али повеќе арнаутски) и Мавровци и на запад је висока Крчин Планина, а отоде неја је Дрим и Албанија.

Во овије меѓи се наодит овије села: Рајчица, Горенци, Д’лно и Горно Косоврасти, Д’лно и Горно Мелничани, Могорче, Осој, Гари, Лазорополе, Тресонче, Селце Росоки, Сушица, Галичник, Јанче, Скудриње, Присојница, Ажијевци, Битуше, Требиште, Велебрдо, Будуше, Болетин и Жерноница, шо чинит 24 села.

Височина и ава(клима) во овије села

Најниските села како Горенци, Косоврасти (Д’лно) и Јанче се на околу 650 метри над море, а највисоките како Галичник и Лазорополе се на преку 1200 метри.

Во сиве овије села најширок и најубав поглед имат Галичник, а најскријено је село Росоки.

И како се сиве овије места високи, пак јаки зими немајет, зашчо се со планиње и зашчо до нив допират здив (струја) од Сино Море.

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ - Лоноски,  Скопје 2004. 

Marko Kitevski

 Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.