Среда, 27 Ноември 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (18)

imperija1

ЗАВИСНОСТА ОД ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ И ХОЛОКАУСТОТ

Во текстот на Тони Клиф, палестински Евреин кој до крајот на Втората светска војна живеел во тогашна Палестина, апотоа се пресели во Британија и станал еден од водечките троцкистички теоретичари се вели дека на ционистите секогаш им било јасно дека им е потребна помошта на империјалистичката сила што имала, главно, влијание во Палестина во тоа време

Во продолжение тој пишува дека на 19 октомври 1898 година, Херцл заминал за Цариград на прием кај кајзерот Вилхелм. Во тоа време Палестина била дел од Отоманската Империја, која била помлад партнер на Германија. Херцл му кажал на кајзерот дека ционистичкото населување во Израел ќе го зголеми германското влијание, бидејќи центарот на ционизмот е во Австрија, која била партнер на Германската Империја. Тој, исто така, покажал уште еден морков(адут): „Објаснив дека ги одвлекуваме Евреите од револуционерните партии“.

Кон крајот на Првата светска Војна, кога било јасно дека Британија ќе ја преземе Палестина, водачот на ционистите во тоа време, Хаим Вајцман, контактирал со британскиот секретар за надворешни работи, Артур Балфур, добивајќи од него, на 2 ноември 1917 година, декларација со која на Евреите им ветувал татковина во Палестина. Сер Роналд Сторс, првиот британски воен гувернер на Ерусалим, објаснил дека ционистичкиот „потфат бил потфат што тој го благослови поради тоа што за Англија формира 'мал, лојален еврејски Алстер' во морето од потенцијално непријателски арабизам“. Така ционистите станаа Портокаловиот ред на Палестина.

Во Втората светска војна станало јасно дека главна сила на Блискиот Исток ќе престане да биде Британија и ќе станат Соединетите Американски Држави. Поради тоа, Бен Гурион, ционистичкиот водач во тоа време, побрзал во Вашингтон да ги зацврсти договорите со САД. Израел сега е најдоверливиот сателит на Соединетите Американски Држави. Не е ништо тоа што Израел добивал повеќе економска помош од САД отколку која било друга земја, иако е толку мал. Исто така, добивал повеќе воена помош од која било друга земја во светот.

imperija2

Сфаќајќи го варварството на нацизмот, Троцки го предвидел искоренувањето на Евреите. На 22 декември 1938 година, тој напишал: „Можно е да се замисли без тешкотии што ги очекува Евреите на самиот почеток на идната војна. Но дури и без војна следниот развој на светската реакција со сигурност означува физичко истребување на Евреите... Само смелата мобилизација на работниците против реакцијата, создавањето на работнички милиции, непосредниот физички отпор на фашистичките банди, растечката самодоверба, активност и смелост помеѓу сите потиснати може да предизвика промена во односите на силите, да го запре светскиот бран на фашизам и да отвори ново поглавје во историјата на човештвото“.

До Втората светска војна преовладувачкото мнозинство од Евреите во светот, особено Евреите од работничката класа, не беа поддржувачи на ционизмот. Така, во Полска, каде што постоеше најголемата заедница на Евреи во Европа, во декември 1938 и јануари 1939 година, биле одржани избори за советот во Варшава, Лоџ, Краков, Лвов, Вилнус и други градови. Бундот, еврејската социјалистичка работничка антиционистичка организација, добила 70 % од гласовите во еврејските области. Бундот добил 17 од 20 мандати во Варшава, додека ционистите добиле само еден мандат.

Сето тоа радикално се промени со холокаустот. Едвај да има Евреин во Европа што не загубил членови од неговото или нејзиното семејство во него. Се сеќавам дека кратко време пред него една моја тетка од Данциг дојде да нè посети во Палестина. Не се сретнав со другите членови од нејзиното семејство, но таа, заедно со сите други, исчезна во холокаустот. Една моја роднина, која ја познавав многу добро, се пресели во Европа со својот маж и со петгодишното дете веднаш пред војната, и тие, исто така, беа убиени во гасните комори.

imperija3

Денес, преовладувачкото мнозинство од Евреите се ционисти и тоа е доста разбирливо.

Катастрофа е терминот што го употребуваат Палестинците кога упатуваат на основањето на израелската држава во 1948 година. Оттогаш, во трите војни помеѓу Израел и Арапите во 1948, 1967 и 1973 година, имало масовно етничко чистење на Палестинците. Денес има 3,4 милиони палестински бегалци, далеку повеќе отколку бројот на Палестинци кои останале во областите во кои живееле порано.

Бројките за сопственост над земјата сведочат за нивното елиминирање: во 1917 година, Евреите поседувале 2,5% од земјиштето во нивната земјата. Во 1948 година, тоа се зголемило на 5,7%, а денес е околу 95% во границите пред 1967 година, додека Арапите поседуваат само 5%.

Еден е од најтрагичните случаи во историјата, тоа што еден угнетуван народ како Евреите, кој страдал од варварството на нацистите, наметнал угнетување и варварство врз друг народ - Палестинците, народ што на никој начин не бил вмешан во извршувањето на холокаустот.

Според Тони Клиф Палестинците немаат моќ да се ослободат самите. Тие дури немаат сила да постигнат какви било реформи. Тие не се како црнците во Јужна Африка, кои постигнале многу важни реформи. Тие се откачија од апартхејдот, го освоија правото да гласаат и избраа црнечки претседател. Точно е дека економскиот апартхејд сè уште постои. Богатството сè уште е концентрирано во рацете на мала група на белци, сега покрај малиот број богати Црнци. Преовладувачкото мнозинство од црнците сè уште живеат во бедна сиромаштија.

Црнците во Јужна Африка се неспоредливо посилни од Палестинците. Пред сè, во Јужна Африка има пет до шест пати повеќе Црнци отколку белци, додека, пак, бројот на Палестинците повеќе или помалку е ист со бројот на Израелци (мнозинството од Палестинците се бегалци). Второ, црните работници се срцевината на јужноафриканската економија, додека Палестинците се многу маргинални за економијата. Јужноафриканскиот синдикат Косату е броен синдикат што играл клучна улога во соборувањето на апартхејдот. Палестинците немаат соодветна синдикална организација.

Ако постои ситуација каде што теоријата на Троцки, за перманентна револуција, совршено е применлива, тоа е таа на Палестинците.

Неговата теорија тврди дека не може да се постигнат демократски барања и национално ослободување без пролетерска револуција. Клучот за судбината на Палестинците и на секој друг на Блискиот Исток лежи во рацете на арапската работничка класа, чии главни центри на моќта се во Египет, а помалку во Сирија, Ирак, Либан и во другите земји. Трагично, потенцијалот на арапската работничка класа не станал стварност, поради штетниот ефект на сталинизмот што долго време доминирал на левицата на Блискиот Исток. Сталинистите биле тие што им ја отвориле вратата на БААС партијата и на Садам Хусеин во Ирак, кои го доведоа Асад и сириската БААС на власт, кои ја отворија вратата за Насер и за подоцнежните исламисти во Египет.

Една револуција на арапската работничка класа ќе му стави крај на империјализмот и на ционизмот. Едноставна дволичност е да се тврди дека ова ќе ги загрози Евреите во тој регион. Кога режимот на апартхејдот доминираше со Јужна Африка, поддржувачите на режимот тврдеа дека АНК [Африканскиот национален конгрес] се залага за колежи над белците. Но ништо од тоа не се случи, заклучува Тони Клиф, палестински Евреин кој до крајот на Втората светска војна живееше во тогашна Палестина. Откако се пресели во Британија стана еден од водечките троцкистички теоретичари.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Христијан Мицкоски- Македонскиот јазик постои, тој е посебен и им припаѓа на Македонците

Историја

News image

Македонскиот етнос и етногенезата на Македонските династии

Краток опис на античката историјата за Македонија и нејзиното име

Иселеници

News image

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против законот за јазици

ОМД: Венецијанската комисија и официјално против зако...

Култура и туризам

News image

Брсјаци и Мијаци

Брсјаци и Мијаци, двете најсочувани племиња на нашата територија, вечните ривали но сепак најдобри...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (39)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -III ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.