Среда, 26 Февруари 2020    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (31)

evr1

ДОАЃАЊЕТО НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА– (II ДЕЛ)

На 11 март 1943 година, тие биле собрани во сточни вагони од Битола и Штип и сите заедно биле доведени во скопскиот Монопол, каде што останале да престојуваат до крајот на март истата година, во екстремно тешки хигиенски услови и со неподнослив психолошки притисок. Им бил одземен сиот имот, а накитот и парите конфискувани. Потоа, повторно биле натоварени, во вагони, така што во еден вагон имало од 80 до 120 лица, и биле транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта во Треблинка, каде што биле егзекутирани

Ниту еден од уапсените не се вратил. Во 1943 година, во Треблинка биле убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија, што е меѓу најголемиот процент во светот.

Според процените, во Треблинка биле убиени околу 900 илјади луѓе, од кои повеќе од 750.000 биле Евреи. Жртвите на холокаустот во тој логор, кој се наоѓал 100 километри североисточно од Варшава, биле убивани во периодот од  јули 1942 до октомври 1943 година.

Во спомен на депортираните македонски Евреи, во 2008 година, делегација на Република Македонија, во логорот Треблинка постави обележје со натпис „Македонија“.

Во март 2011 година, пак, во Еврејското маало во Скопје, свечено беше отворен Меморијален центар на холокаустот на македонските Евреи. Музејот е изграден со средства од имотите на семејствата на убиените македонски Евреи кои немале наследници. Тие беа собрани во Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија, кој претходно работеше на имотно-правните прашања поврзани со денационализацијата на земјиштето каде што е изграден објектот во еден од најубавите делови во центарот на Скопје.

evr2

Дел од Музејот на Евреите

Музејот на холокаустот, кој  по музеите во Ерусалим и Вашингтон е трет музеј во светот и прв во Европа е посветен на жртвите на холокаустот.

Овој мултимедијален центар, кој е составен од повеќе функционални делови е посветени на различни етапи од животот на Евреите како значајна заедница во Република Македонија.


Сегашната постановка на музејот се состои од постојан дел, кој се наоѓа на приземјето, и привремена постановка на првиот и вториот кат, која е мобилна и треба да ги обиколи Европа, САД, Чиле, Израел и други земји.

Музејот е огледало на она што навистина се случило со Евреите, кои биле дел од македонската историја, биле присутни на ова поднебје уште од времето на Филип Македонски и во Битола, Скопје, Штип ги создале своите огништа.

Фактот е дека Евреите се долго присутни во Македонија, тие придонеле во македонското општество, а нивната заедница била вообличена од македонската култура.

Со постановката во Музејот посетителите ќе добијат уште појасна слика за тоа што се случило за време на холокаустот и постепено ќе дојдат до чувството на загуба на еден битен сегмент на овдешното живеење.

Еден од најимпозантните елементи во ентериерот е флуидната меморијална скулптура, составена од 7.148 лелави конци со мониста, која директно од таванот се спушта до приземјето, претставувајќи ги 7.148-те македонски Евреи што го загубиле животот во Треблинка.

На самиот влез, пак, стои неправилната метална скулптура, која претставува човечки силуети што држат рамки на кои со дигитална проекција се прикажани ликовите на Евреите, погубени во логорот на смртта. Во некои од рамките има огледала, што при погледнувањето во нив посетителот се соочува со сопствениот лик. Некои од рамките се празни, така што низ нив може да се види лицето на некој што стои наспроти.

evr3

Еврејски споменик во Битола

 Во рамките на оваа скулптура се прикажани сите фотографии на жртвите со кои се располага. Факт е дека Македонија има многу вредни историски податоци. Еврејската заедница ги има имињата на сите загубени животи, потоа има фотографии на повеќе од половината од погубените Евреи.

Еден од најмоќните артефакти со кои располага Меморијалниот музеј е и автентичниот вагон со кој Евреите биле пренесувани до Треблинка. Во вакви вагони Евреите биле товарени и третирани како стока. Шест дена патувале затворени, без храна, а кога пристигнувале во Треблинка биле егзекутирани за само два часа.

Во рамките на привремената постановка, која се наоѓа на првиот и вториот кат, нема значајни артефакти, туку мапи на миграциите на Евреите низ Европа и фотографии. Доказ за длабоките корени на животот на Евреите на ова поднебје е и најстарата синагога надвор од Израел, која се наоѓа во Стоби.

Се очекува отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје да ги продлабочи билатералните односи меѓу Македонија и Израел. Македонија е особено горда што се отвора Меморијалниот центар и што е една од ретките земји што го решила прашањето на имотите на депортираните Евреи.

Продолжува

 c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (64)

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, о...

Иселеници

News image

ГОВОР НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ НА ОСНОВАЧКОТО СОБРАНИЕ НА ВМРО-ДПМНЕ (22)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ОД РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС - ВИТЛЕЕМ ДО РИМСКИТЕ УРНАТИНИ (8)

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (31)

ПЕЛАШКО - ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.