Среда, 18 Март 2020    Печати
Благој Механџиски – бизнисмен и донатор (12)

49

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ЛИЧНОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ 

Благој Механџиски е познат бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор. Тој е признат, уважен и респектиран на низа полиња и децениски потврдено во бизнис заедницата во Република Македонија и на пошироките простори. Максимално  повеќе од 25 години е посветен на веледрогеријата „ЗЕГИН“ и е пример за развојната нагорнина на оваа компанија.

Тој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Република Македонија, на Балканот и пошироко. Таквата угледна бизнис ѕвезда, легенда во аптекарската фела, вљубеник во народот, во својата татковина, секогаш го водела светата мисла да го претстави бизнисот и да остави траги за генерации.

Животната приказна за м-р Благој  Механџиски-Бари, или Зегин, како што неговите другари и пријатели го завикаа од млади години, започнала во убавата Малешевија, во селото Русиново. Питом и мирен регион, исто толку и дарежлив и сѐ уште неоткриен дел од природата, а богат со културно наследство. Предел во кој се родени или имаат потекло плејада македонски револуционери, интелектуалци, бизнисмени, професори, новинари, научници, книжевници, различни стручњаци и други личности кои се борат за афирмација на својот крај  и на својата земја и кои постигнале видни резултати на различни полиња.

Со Русиново се поврзани животот и смртта  на големиот македонски револуционер Даме Груев, чија судбина била да погине за Македонија, токму во атарот на селото Русиново, на планинскиот врв Петлец. Тоа е место од каде Даме Груев ја рашири љубовта кон етничка Македонија и со истата таа исконска љубов ги задои младите македонски генерации, кои со почит се поклонуваат пред неговата спомен-плоча.

Името и делото на Даме Груев е тесно поврзано со голем број знајни и незнајни револуционери од Малешевијата, особено со револуционерот од Русиново, Никола Петров-Русински (Чукарски). Личност кој со  спомен - обележјето, донација на Благој Механџиски, го краси центарот на Берово, а со своето име на Основното училиште во Русиново ги потсетува и старите и младите генерации да ги чуваат придобивките на слободата.

50

Русиново

Посебно место во историја на Русиново има Благој Механџиски, за кого со право се вели дека е еден од најголемите македонски бизнисмени и хуманисти. Тој со својата харизма, упорност и докажани дела и вредности, како и со неговата  неотстапност, останува доследен и горделив Македонец, двигател на   низа иновативни пристапи во аптекарството, за што заслужува големо признание.

Многумина рекле и напишале дека Благој, Бари, Зегин е еден и единствен, неповторлив. Бизнисот проникнува од неговото срце, па тој го храбри, воздигнува, облагородува, збогатува и ги мотивира луѓето кои купуваат во „ЗЕГИН“ додека мисијата му го трасира патот да биде посветен деловен човек, хуманист, донатор, добротвор...

Животната и бизнис сага на Благој Механџиски, истовремено е еден вид сторија и историска вистина на Малешевијата, на Македонија, на деловното живеење, на успесите, падовите и постигнувањата на една голема компанија како што е „ЗЕГИН“. Во биографијата што авторот на овие редови Славе Катин ја подготви за него, за неговиот животен пат, дело и постигнувања, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на деловниот живот во  Македонија. Затоа, монографијата ги надминува рамките на обично дело за животот на еден бизнисмен од Македонија.

Тој е исклучително позната и неодминлива личност меѓу македонските деловни луѓе. Него со право веќе  неколку децении во Македонија и регионот го претставуваат како хуман, благороден човек и голем бизнисмен, кој управува со фармаколошки бизнис и паралелно со тоа им помага на луѓето.  Познат е како голем христијанин, посветен и верен на Македонската православната црква –Охридска архиепископија, на македонскиот народ и на Македонија.    

Личноста Благој Механџиски воопшто не е лесно да се опише. Имено, неговите пријатели често велат дека тој е човек кој во текот на бизнисот се претвора во „машина“, додека во приватниот живот и во ретките слободни моменти знае да се пошегува, да викне и да го забавува друштвото. Како негов биограф го познавам уште од студентските денови и знам дека неговиот животен пат не бил лесен. Тој секогаш се борел за својот став, па дури и по цена на пропаст, затоа Бари, како што го викаме Благој, заедно со „ЗЕГИН“ е еден-единствен и неповторлив.

На неговите вработени, многу често не им е јасно зошто мораат да трчаат по него додека им ги соопштува работните задачи, меѓутоа, токму тоа е Благој.  Тој е човек со многу обврски, човек којшто мисли „турбо“ и брзо донесува одлуки. Затоа,  не случајно се вели дека кога се зборува за менаџерот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, се зборува за бизнисмен од новата структура на деловни луѓе коишто имаат визија за развојот на своето претпријатие и имаат голем осет за вложување на капиталот и негово оплодување.

Благој Механџиски е роден во село Русиново, Беровско, во кое ги минал првите детски години. Русиново  е најголемата и една од најубавите населби во Малешевијата. Со центарот на општината Берово е поврзан со асфалтен пат долг околу пет километри. Во него живее исклучително македонско население, меѓу кое постоело и ќе постои сплотеност и разбирање, што е мошне голема придобивка да биде пријатно место за живеење. Таму тој го завршил основното образование и продолжил да се школува во Берово и во Скопје.

И покрај тоа што за бизнисменот Механџиски често се вели дека е светски човек и талкач по нови предизвици, сепак, тој не го заборава Малеш, туку често навраќа во својот дом во Берово и, со својот бизнис и донаторство денес е присутен во Малешевијата.

Тој потекнува од семејната лоза Механџиски која е стара, русинска лоза со вековни традиции. Горд е  на своите малешевски македонски корени. Таму се родил и неговиот татко Никола и мајка му Викторија.

Често се вели дека Благој Механџиски е душата на веледрогеријата „ЗЕГИН“, чија идеја за формирање датира од 1974 година, кога тој го завршил Медицинскиот факултет. Тогаш му се отворија патиштата да влезе во бизнисот со лекови. Како претставник и во соработка со „Кемофармација“ од Љубљана, Механџиски ги покажа неговите квалитети и капацитети во бизнисот со лекови.

Овој бизнисмен  како водечка личност и сопственик на веледрогеријата „ЗЕГИН“, е донатор и поддржувач на голем број културни, спортски, фолклорни и национални активности, особено во Малешевијата и Скопје. За период од 26 години, колку што постои  неговата фирма „ЗЕГИН“ има донирано во домови со деца без родители, поединци, училишта, спортисти и спортски настани, здравствени и други установи и институции и најразлични манифестации, како и дарител на бројни македонски православни храмови во Република Македонија. 

Механџиски отсекогаш бил добротворец. Тоа го правел уште во средно училиште - како гимназијалец, а и подоцна како студент. Лично присуствува на сите свои донации, секогаш знае за што се наменети парите што се даваат и редовно плаќа данок, од што, за жал, не е ослободена ниту една хуманитарна организација. Затоа, со право се вели дека за големината на една личност најмногу зборуваат делата кои таа ги прави.

51

Механџински е познат донатор на бројни македонски православни храмови во Република Македонија. Имено, како своја донација ја дари иконата (акрилик, природна големина) со ликот на свети Никола за најстарата македонска православна црква во Малешевијата, „Света Петка  Параскева“ во неговото родно Русиново.

Затоа, мај 1999 година за Русиново е запишан како светол ден за спас на душите на македонските револуционери Дамјан Груев, Сандо Китанов, Атанас Карчев и Никола Петров Русински, како и на соселаните на Механџиски кои почиваат на селските гробишта.

Потоа, во 2000 година, во период од 100 дена, Механџиски своето донаторство го насочи во реставрирањето и конзервацијата на иконите од црквата „Света Петка Параскева“. Беа конзервирани повеќе од 60 икони, а по велигденските празници во Русиново се изврши реставрирање на иконостасот во црквата, за која податоците тврдат дека е најстара и најубава црква во Малешевијата, односно во родното место на донаторот Благој Механџиски.

Исто така, во летните месеци беа изведени и градежни работи на црквата, и до крајот на 2000 година „Света Петка Параскева“ во Русиново беше во ново руво.

Во 1999 година, неизмерната хуманост на Механџиски се потврди со неговата донација на Клиниката за онкологија. Тогаш Клиниката доби лекови, односно цитостатици, во вредност од 80.000 германски марки. Потоа, за 45 лица со бубрежна инсуфициенција од источниот дел на земјава, тој подари линија за реверзна осмоза во вредност од 20.000 германски марки и тоа за Медицинскиот центар во Делчево, со што се овозможи да профункционира Центарот за дијализа, а болните од Кочани, Делчево и Берово повеќе да не патуваат во Струга, за што беше прогласен за донатор на годината во Република Македонија.

Во почетокот на април 2002 година хуманитарна помош му беше доделена на населението на Лешок, во Тетовскиот регион. Таму беше разрушен македонскиот православен храм „Свети Атанасиј“ големо македонско историско светилиште, а помошта, исто така,  беше доделена од веледрогеријата „ЗЕГИН“,во соработка со француската амбасада. Притоа, во  старата црквичка „Света Богородица“ која потекнува од XIV век, сместена во внатрешноста на Лешочкиот манастир беше одржана молитва со порака за мир меѓу луѓето.

За неговата докажана хуманост и солидарност, тој е  лауреат на многу домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Најхумано лице“ за 1999 година; во истата година, тој беше прогласен за донатор на годината во Република Македонија: во 2007 година, Механџиски е избран за најменаџер за Југоисточна и за Средна Европа; веледрогеријата „ЗЕГИН“ чиј сопственик е Благој Механџиски, е македонски лауреат на престижната награда „Бизнис партнер 2009“, што по петнаесетти пат се одржа во Белград, потоа добитник е на наградите: „Признание за најпознат бренд на Југоисточна Европа“, „Супер бренд во Македонија 2009 година“, „Најменаџер на Југоисточна и Средна Европа“ и „Регионален бизнис партнер за 2009 година“.

Продолжува

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН