Среда, 01 Април 2020    PDF Печати Е-пошта
ОСТАНИ ДОМА - ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

85ОСТАНИ ДОМА -  ЗА ТЕБЕ, ЗА НАС

ЗА ТАТКОВИНАТА, ЗА ЧОВЕШТВОТО

Мини-есеј: Марија Емилија Кукубајска,САД

Македонската народна песна Си заљубив едно моме

Си заљубив едно моме
Од малечко до големо,
Дојде време да ја земам, оф, аман, аман,
Легна моме, разболе се.
            Ми посака понадица,
Жолта дуња, бело грозје,
Си отидов в чаршијата, оф, аман, аман,
Да и’ купам понадица.
            Па се вратив од чаршија,
Сретнав моме на носилка,
Двесте давам - спуштете ја, оф аман, аман,
Триста давам - да ја видам.

84

Си заљубив едно моме, од малечко до големо... Ќе останам дома, љубов моја, татковино,

Свадба и раѓања да славиме. Не по туѓина, не преку граници без граници, вируси непознати

од каде долетуваат - на лилјачки крила, сатански рогови, лажни богови, заразени пари... Оф!

Останавме во татковината. Но и тука не’ погоди болест од игри на темни сили илуминирани.

Во наметнат мир, во принудна слобода, слобода без слобода, без здравје и тука ли, и секаде?! Вирусот напаѓа, ограбува и гробови, ограбува и живи-здрави NWO робови со страв запрашени.

Одлетав прво кај љубената. Ми посака понадица, жолта дуња, бело грозје, зелен бор – верен одговор да и’ донесам. Знаевме што да си носиме еден на друг, учевме водачи да сме во науки, врвни во струки, лекувачи на тела и души, умувачи во сегашно и идно време. И од тој пазар светски, оф аман, аман, момето мое ми посака жив и здрав да се вратам со понада, без да ми каже за вирусот веќе во неа. Затворив вибер слика, личната моја Злата Позлатена ме вика да дојдам. Не само на слики за иднини наши што не’ чекаат, деца наши идни да позлатиме пород и дом наш да...

Оф, аман, аман, кој пат сум фатил, оче наш, Боже – сега, кога... сега, кога гледам мртовечки сандак пред мене. Таа ли е, не е тоа таа, не е почината... вера, надеж, љубов моја ненадмината... Дојдов, сакана моја, што те сруши, срце кој ти исуши...? Господеее!

Се вратив, љубов моја! Тука сум. А, ти? Носилка? Ковчег бел? Неее. Оф, аман, аман! Разбуди се! Двесте давам - спуштете ја, оф аман, аман. „Од што да ја спуштиме, синко, што да видиш, што да чиниш веќе, вирусот ни’ нападна најубаво моме, најчисто чувано, најумно учено, нај... Оф“. Боже,

што да дадам, нема од смрт да ја извадам, од студено тело топол здив, млаз на животот нема ли да дотече ... Оф, аман, аман... Треба ли сега да чекам и јас да одам на другата страна, таму каде нема ни рана ни плач. Гледам... спие таа во градина Божја, и пречисто лице мие во поточиња, бистри, умни очиња - ги крие од лоши очи и сенишни сенки, иако со Бог таа, секогаш, и тој со неа – беа.

Оф, аман, аман! Најлошата болест на векот и светот, најлошата болка ме снајде. Без љубовта ли моја?! Не се исти, ни македонската мапа, ни глобусот - од Бога преубави, од зли витези превртени во пекол. Болест од секаде, нека и мене ме земе! Без момето мое светот е бреме, ремен кој ми стега здив и порив да сум жив. А никогаш таков не бев. Зарем сум љубоморен на неживите? Не! За тебе

Ќе живеам... те љубам повеќе од себе, од сите. Ти ме спаси од пекол на земјата, ти не даде Гибли пустински да ни напраши љубов низ бескрајот. Сега, пусти ли лаборатории ќе не’ плашат...?

Никаде, никогаш да не те допре војната-болеста, се молев. Да не те снема од сјајот на планините, од бранови на китките во радост што пливаат со слатката милина твоја, моме мое, чедо небесно.  Никаде ниедна иста како твојата убавина од внатре што пее. О, Боже, како може толку стварно да грее небото преку неа, премината, а свесна и за ова време. Ќе те чекам - во цвеќето, во небесен крај, од другата страна на брегот на реката, над гробиштата, светлина да поливаш, сонца да сееш, кога леташ, полен да собираш од полињата на времињата – човекови култури, цивилизации...  

Љубовта моја никогаш не користи нечисти, штетни, анти-хумани енергии и материи за погон на нашите патувања. Никогаш во тебе не врие страст како кај актерите од западната страна: лажат тие, кралски бедеми пакосно ријат, пустошат вековен ред и мир. Моме мое македонско, семирско,  природата твоја не знае за нивни магии сексуални и заведувања за телесни покорувања. Божја моќ ти имаш, Божјиот мир мудрост ти’ дава... ти не ставаш своја рамна, чиста става во отровни осила.

Чесно береш мед за лек - за здрави и болни души, вез вештачки бои на крилата. Ти ги отфрли сите девијации на своето време, и во тебе не се рои грдо еротско беснило врело - да се биде славен по цена на трговија со душа и тело. Само љубов од срце и душа на тебе ти стои, само ѕвезден здив од тебе дише – лековито да ја стиши лудоста на безумните, болеста од Луцифер што ги храни. Оф, аман, аман... Ти си во ковчег, но, НЕ, на небо си. Другите, порочните, под тебе се... А сепак, ние и двајцата, и од оваа и од онаа страна, со тебе - и нив ги жалиме, зашто знаеме да љубиме човечно.

Не ми престанува сонот, љубов моја. Заедно сме. Твоето млечно мајчинство го сонувам: пород да носиш, за благослов на светот, за нови длабочини на мислата, во наши деца препородена, продуховена до ѕвездите Божји, а не Бафометски. Оти ти ги зачува, ги разви сите дијамантски богатства на духот, и ги допре сите што имаа вид да препознаат – што е чудесно свесно, и надземно свето, што е уметност на природното, органски доброто, од небесни сводови всадено. Покрај океани, мориња и фонтани - момето мое риби брани од пластики и вештачко бреме, и ги храни со семе на здравје и мир. Ја чисти природата, од срце, а не за пропаганди на Јоланди.   

Девојчето мое, од дете венчиња си плете, разиграни. Чипки везден везе од пенливи бранови милина на миљето на земјата: вода, воздух, дух, топлина не-микробранова. А сега, што гледам, моме мое, радост наша, кои сили ти земаа здив, смрт донесоа и за зора и за самрак на живите, глобално затемнение во градите, во градините... О, Боже, душата на љубовта, момето мое на овој свет, не дише веќе! А сите верувавме: не се замрачува, вирус таа не’ закачува! Кажи ми, Господе, верно дека е, дека тие и’ земаа здив, но не и дух, и не и душа. Дека вирусот со круна зла не е бог на разните божества мутантни, и дека нема  трајно да го помати текот на човечноста во браќа и сестри ... колку и да сее невидлив прав и сече со зраци на смртта – од матрицата на тие лажни, тие метални богови на новиот пантеон сокриени од верници во љубовта во човекот, оф, аман аман!

Момето мое не се предаде на нивни сеништа чудовишни, не се исплаши да чува љубов и чест. Си припаѓаме од тука до вечноста и назад, посветло свесни од непријателот со отворени граници на пеколот, лажно илуминиран, од темнина инициран, од елитите болни за власт, во развратна страст. Мислат тие дека, полегнати на Пар-Нас, не сакаат да знаат оти не се заштитени од Вселенски гнев,  против сатански гнев. Тој нивни Нов Единствен Свет од зачеток е проклет. Само ти, љубов моја, само ти си неистината убавина, зашто си правда на природата, чиста Љубов моја, Љубов, наша.

Марија Емилија Кукубајска

 

На прво место

News image

Од моментот кога Заев и Караџовски прогласија победа над короната бројот на заразени се триплираше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.