Среда, 15 Април 2020    Печати
И ВИРУСОТ ИМА ГРАНИЦИ САМО НЕ И СРЦЕТО НАШЕ

emiПразната улица на Њујорк Тајм сквер, 2020: covid-19 владее

Сношти минав покрај вази, / тебе моме не те најдов, / срце ми се растрепери, / почнав солзи да ронам.
Сечи моме руси коси, /прави скала да се качам, / да ти видам бело лице, ем рудото ти грло.

Македонска народна песна

Не ја губам гордоста ако плачам и се плашам да не ми те загубам. Срце ми се растрепери, тешко  дишам... Знам, и ти, сокриена се виеш одвоена од светот. Дал’ здравјето сега ти го пие болеста од пирамидно време развивана, ил’ микроби, милијарди години под морски дна, и по пештери - сега активирани во темни тајни. Кажи моме вистината, Божје право имам ли, убавина пречиста да ти видам, па да умрам. И сон и јаве ми кажаа: Македонка си. И одвоени – сега, љубовта ме зема.  

Срцето ми - за тебе граници однема, а граници... и по небо и по земја секаде - библиски, научни. Граници има, и меѓу бескраен рај и роден крај, едни во други се, оти различни сме. Како и кулите, македонски и Вавилонски, спротивни по Мудрост и Добрини. Граници ќе има и овој вир на вируси од други страни подло испуштани преку брани. А ние без одбрани?! Сал с’ Бог сме, секој во своето гнездо, Љубена, чувај ми се. Руси коси не сечи, скала правам сам, од срцето мое - до тебе...

emi2Епидемии во 1. светска војна: маларија, тифус, колера, шпански грип. Празно Штипско Ново Село, мостот на р. Брегалница, куќата на револуционерната Кукубајска фамилија, средина

Кога пишував дека водата е граница за огнот, не веруваа - граници немало? Но, енергијата, иако е во материјата, граници има: и кога едно во друго се претвара. Ти, магнетна срцева фреквенција - Бранови твои со мои, заедно со сите, со планетата, природно летаме. Учиме, звучиме, садиме ѕвездени плодови на духот Божји. Сечие ДНК е граница на посебноста, жива лава, вулканска глава на животот. Различни, а сите исти, затворени, оспорени, сите права бараме: болни да не паѓаме,  мртви по пазари празни, преполни со немање. Народот - без леб, без лек, без рожба останува.

Но, каде бевме некогаш да му благодариме на Творецот за живот без вируси и без униформно калапено креативно уништување?! Што ни се чинеше кога граници ни бришеа идолите ѕверки, и од секоја вага рамнотежа растураа без мерки?! Актери без граници, без граници трговија со деца, без граници хорор пороци, без граници летање само со социјалните кредити на фер Луцифер, тие нови Калигули: деца распаметуваа, без душа ги оставаа, крв им цицаа, тела им ждерат. Лагите и кражбите нивни безграничнииииии... На острови езотерични - пророци се прогласуваа, пороци  ослободуваа, за гонење, скрнавење на чистите, како тебе, како јас. Ние незаразени, наспроти култот нивни, не’ дадовме да ни’ стават златни телиња на врат, чипирани. Не издадовме брат,

Наспроти Саломи главосекачи – ние култури култивираме, цивилизации организираме, без оргии, без култови рогати, без црвено-црни Дракули, витези болно богати: нашата суштина да не гори на гарава скара 5G. Времето Божје сепак се врти против безумен блуд на изродот луд, рандеву ќе има и со нас, безгранично отворените за космичка верност, Лидија сакана, народе мој. Во себе гледај сега: и катакомба да стега - скали од себе да градиме, братски, карантини сами да чистиме одвнатре. Помагајте се, луѓе наши умни, а намачени. Божјето во вас - ќе е лек и за овој болен век.

Оти не помогна еден јазик, еден закон за сите на планетата, една вакцина, змија серпентина

кон провалија во крвта, намерно креирана Сатан аномалија. Злото без граници само доведе Доброто да добие сила, Matrix да руши, ЦЕРНов кАнал до адски дупки да не се буши веќе. Во надземни подземја нивната слава со нечовечна глава народи гони, голта. Мајстори на лагата живи траги бришат, љубов моја, да не’ занемат, заменат со AI холограми. Но, БИДИ без тага, без страв!

Човечноста твоја посилна е, незаведена од трансхумано настрвени, безгранично закрвени промени од длабоката состојба, та таа тоталитарно испланира да тиранизира глобус на Прасоздателот. Лажни сведоци лажни процеси лажно вртат варијации на нивните лукави теории, Лаборатории на смртта. Но ти знаеш, Љубов моја човечна: иде време, во Летните Бавчи кај Бриони одново ќе дишеме, свои на своите древни а современи скали на свеста и честа зачувани од ѕверот BEAST.

Смртоносна страст за власт ги затвори границите ... колку да спречува вируси од силување на народите и историјата на слободите, толку да престрои поредоци со дрогирани доктрини... Ѕверот животи коси, жетви гази, јаболка скапува, фабрики рѓосува, со новите ФараОни хистерично рика: Расизам, ксенофобија, застарена  љубов кон Бог, фамилија, татковина! Но кај нас е лекот: се љубиме, Убавино моја земно-небесна, Безгранична љубов човечна, непризната од виртуелноста. 

Сношти минав покрај вази, тебе моме ми те најдов, срце ми се растрепери ... за мене се вери!

Марија Емилија Кукубајска