Среда, 13 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКА ИСТОРИСКА ПРИКАЗНА КАКО НАСТАНАЛ МАКЕДОНСКИОТ ПРАВОСЛАВЕН ДВОГЛАВ ОРЕЛ

6.9

Си било еднаш едно мудро дете, принц Македонец по име Александар, трет во кралскиот род на Македонците, син на кралот Филип Втори Македон, внук на кралот Аминта Трети. Тој бил многу љубопитен и уште како мал ја истражувал природата со неговиот учител Аристотел. Тие двајцата патувале во шумата на чудесиите. Таа се наоѓала кај Дојранското Езеро.

Еден ден принцот Александар Македонски решил да го види небото. Заедно со неговиот тим научници направиле прекрасна кочија во вид на кафез, добро обезбедена од сите страни.

Во тоа време живееле страшните митски древни суштества добро познати во македонската митологија. Едно од нив бил и Грифонот. Што е тоа Грифон? Тоа е митско суштество половина орел, половина лав. Грифонот можел да лета!

Александар влегол во кочијата-кафез и го зел со себе долгиот жезол на кој неговите научници врзале жар црвено живо месо за да ги мами Грифоните да полетаат кон небото.

Четирите Грифони полетале кон небото и го вивнале принцот Александар високо кон ѕвездите.

7.0

Така оваа македонска историска приказна се пренесувала од колено на колено меѓу народот во Македонската Империја и стигнала се до ушите на цар Самоил. Но, како се пренесувала приказната од уши во уши од четирите грифони станале два грифони па, од два грифони станале два орли.

Еден ден царот Самоил дал свечена наредба да се овековечи оваа легенда за ВОЗНЕСОТ НА ЦАРОТ АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ВЕЛИКИОТ на рачно ткаена со разбој прекрасна таписерија која подоцна ја испратил како поклон за тамошниот цар во Германија. На таписеријата е прикажан царот Александар помеѓу два орли во прекрасна царска одежда со златна круна на главата, вознесен во лет кон небото.

Подоцна кога масовно се раширило Христијанството низ целиот Балкан Македонија, македонските царски и црковни великодостоинственици ги споиле двата орли и го овековечиле за век и веков двоглавиот орел како симбол на Православната Македонска  Христијанска Црква – Охридска Архиепископија прва на Балканот Македонија.

7.1

Овој симбол е ВОЗНЕСОТ НА ЦАРОТ НАД ЦАРЕВИТЕ ВЕЛИКИОТ АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ!

Драги мои читатели нека оваа вистинска историска македонска приказна го најде својот пат во учебниците и сликовниците ширум светот!

Господ Исус Христос нека е посреди нас.

Амин!

Каролина Ристеска

20 ти Јануари, 2020то Лето Господово

Торонто, Канада

Фото: Штитот со македонскиот православен двоглав орел го изработи Целе Младеноски

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.