Среда, 20 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

8.9

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

На 14 февраури 869 година во Рим починал помладиот брат од двајцата словенски првоучители - Кирил, кој заедно со братот Методиј го вткал своето дело во основите на сеопштата словенска култура. Бројни словенски, грчки и латински извори даваат материјали според кои е извршена реконструкција на нивниот животен пат насочен кон побрзото издигнување на словенскиот род во редот со другите културни народи во Европа.

Меѓу латинските извори за св. Кирил и Методиј посебно место зазема и Италијанската легенда, позната уште и под името Римска легенда. Овој извор предизвика бројни дискусии во науката, особено во поглед на нејзината старина и веродостојност како историски документ. Италијанската легенда првпат била објавена во латинскиот зборник „Acta Sanctorum" со наслов „Житие и пренесување на моштите на свети Климент" . Зборникот бил отпечатен на 9 март 1668 година. Во недостиг на ракописни варијанти од овој извор, долго време во науката се мислело дека легендата потекнува од XIV век.

Се јавиле разновидни хипотези и во однос на нејзиното авторство. Како нејзин автор се споменува велетрискиот епископ Гаудерих, меѓутоа, славистите кои се застапувале за тезата дека таа потекнува од XIV век морале да го отфрлат авторството на Гаудерих, зашто тој бил современик на браќата и учествувал во нивното произнесување во повисоки чинови во Рим, како што соопштуваат Панонските легенди.

За разрешување на ова прашање помогна објавувањето на писмото на Анастасиј Библиотекарот упатено до Гаудерих, со коешто му дава сведенија за животниот пат на Кирил и Методиј, кои во својата втора мисија, т.н. Хазарска, во градот Херсон, ги пронашле моштите на папата Климент Римски 11. Гаудерих добил задача да го состави Житието на папата Климент, а знаејќи дека браќата ќе ги донесат неговите мошти во Рим му се обратил за помош на Анастасиј Библиотекарот кој знаел грчки јазик. Анастасиј со писмото му испратил и две творби од Кирила, Расказ за пронаоѓањето на моштите на папата Климент и Пофално слово за пронаоѓањето на моштите, коишто му ги превел од грчки на латински јазик.

9.0

Рим

За жал, овие творби како грчки или латински состави не се зачувани. Денес во науката се прифаќа мислењето дека Италијанската легенда била составена врз основа на следниве извори: писмото на Анастасиј Библиотекарот (кое е зачувано), Кириловото житие и двете споменати книжевни творби од Кирил кои се зачувани во словенски преписи. Земајќи го предвид податокот дека писмото било напишано меѓу 875 и 876 година, а Италијанската легенда била напишана по смртта на ѓаконот Јован Химонид 879-880 година, како можни години за осоставување на Легендата би биле од 879 до 882 година.

Се знае дека на 14 февраури 869 година во Рим починал помладиот брат од двајцата словенски првоучители - Кирил, кој заедно со братот Методиј го вткал своето дело во основите на сеопштата словенска култура . Бројни словенски, грчки и латински извори даваат материјали според кои е извршена реконструкција на нивниот животен пат насочен кон побрзото издигнување на словенскиот род во редот со другите културни народи во Европа.

Последната година се смета како гранична, бидејќи Гаудерих му го посветил составот на папата Јован VIII, кој починал во 882 година. Според искажаното, јасно е дека и Кириловото житие било составено непосредно по смртта на Кирил, веројатно од неговиот ученик Климент и така составено можело да послужи како извор и за Италијанската легенда. Всушност, третиот дел од споменатото Житие на Климент Римски ја претставува Италијанската легенда составена од Гаудерих.

Авторот на легендата заинтересиран, пред се, за моментите сврзани со изнаоѓањето на моштите, во првиот дел од текстот се задржува најмногу на податоците во врска со втората мисија на Кирил – Хазарската на којашто го испратил византискиот император Михаил III. Хазарите му се обратиле за помош на императорот:

„Од една страна Евреите, од друга Сарацените се мачат да не привлечат кон својата вера. Ние не знаеме кон која страна да се приклониме и затоа бараме совет од најголемиот вселенски император за нашата вера и спасување, бидејќи најмногу веруваме во вашата верност и старо пријтелство".

Мисијата, покрај верскиот, секако, носела и политички карактер. Понатаму, овој извор најопширно се задржува на самиот опис и тек на престојот во Херсон. Очевидно е дека составувачот имал посебно интересирање за овој дел. Кирил не можел да дознае од жителите на Херсон каде се наоѓа ковчегот, но по упорно барање успеал да го пронајде местото каде што се наоѓале моштите, коишто биле свечено пренесени во Херсон. Во пресрет на моштите излегол целиот народ и, поради големото мноштво, процесијата не можела да напредува. Моштите преноќиле во црквата Свети Созонт, а другиот ден биле пренесени во соборната црква „Свети Леонтиј".

9.1

Рим

Натамошниот текст накратко се задржува , на идните настани. По опишаниот настан Кирил стигнал кај Хазарите, „Со силата на својата красноречивост тој ги ослободил од заблудите сите оние, кои биле заблудени од итрината на Сарацените и на Евреите" - вели овој извор. Хазарите, зарадувани од неговите проповеди, ја сфатиле вистинската вера и го пофалиле Филозофот во писмото што му го испратиле на Михаил III. Кога Хазарите го испраќале Филозофот, му понудиле богати подароци, но тој, наместо нив, побарал да ги ослободат христијанските заробеници . Неговата желба била исполнета.

Во седмата Глава од Италијанската легенда станува збор за последната мисија на браќата - Моравската. Моравскиот кнез Ростислав разбрал дека Филозофот одлично ја извршил Хазарската мисија и побарал од византискиот император обучени мисионери. Во легендата јасно стои: Но, тие немале таков учител кој може јасно и совршено да му јаразјасни на народот верата, барањата на законот и патот кон вистината".

За таа цел, Михаил III ги испратил браќата Кирил и Методи. Во Моравија браќата биле примени срдечно, особено поради фактот што со себе ги носеле моштите на Климент Римски и преводот на Светото Евангелие „преведено на сопствен јазик" од споменатиот Филозоф. Во Моравија, браќата останале четири и пол години, откако ги подготвиле сите книги потребни за црковното служење.

Легендата зборува за нивната популарност, за која чул римскиот папа Николај I кој ги поканил во Рим, каде што браќата и пристигнале. Меѓутоа, во меѓувреме починал папата Николај I и тие биле свечено дочекани од новиот папа Адријан. Целиот народ од Рим се радувал што по толку години биле донесени моштите на Климент Римски. Легендата зборува за поставувањето на Методиј за епископ, но во науката е докажано дека оваа реченица била погрешно расчитана од старите издавачи на текстот.

На 14 февруари 869 годиина во Рим починал Кирил Филозоф, а папата наредил на неговиот погреб да присуствуваат сите грчки и римски духовници. Оддадената почит била достојна како за еден папа. Методиј го помолил папата да му го даде телото на Кирил да го пренесе во

татковината, како што барала нивната мајка, но папата бил наговорен од сите епископи сепак да не го даде телото, бидејќи било досудено по толку долг пат да почине токму во нивниот свет град Рим. Папата наредил да биде свечено погребен во храмот на Свети Петар. Тогаш,

Методиј го замолил да биде погребан во храмот Свети Климент, чиишто мошти Кирил со толку труд ги донел во Рим.

Продолжува

 G6  
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.