Среда, 10 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Духовни светилишта

1.5.8

„СВЕТА ПРЕЧИСТА БОГОРОДИЦА“ - КИЧЕВСКО, ЦЕНТАР НА ДУХОВНОСТА

Секоја година на 21 септември по новиот календар, (7 септември по стар календар), манастирот Св. Пречиста Богородица- кичевско, меѓу народот позната како Мала Богородица масовно е посетена од верниците, не само од кичевскиот региоон, туку од целата држава и пошироко. На овој празник доаѓаат да го одбележат раѓањето на Мајката Божја и патрониот празник на манастирот. Со столетија, народот не престанал да доаѓа во овој прекрасен манастир, да се помолат на Бога за здравје, бериќет и да минат пријатни мигови во неговата прекрасна околина.

За да се пристигне во овој манастирски комплекс, треба да се минат десетина километри југоисточно од Кичево. Ако се вози по западната магистрала Кичево-Охрид, во непосредна близина на селото Другово, на првата раскрсница треба да се сврти лево и возењето се продолжува во насока на Битола. Откако ќе се минат 2-3km, има патоказ кој потсетува дека треба да се заврти лево и патеката води кон манастирот. Патот води низ серпентини, од двете страни се наоѓа дабова шума која го прекрива патот и се минува низ тунел создаден од лисја. Пред да се влезе во манастирот, од пред неколку годнини, изградена е огромна дрвена манастирска порта.

Манастирот Пречиста е изграден во 1316 година, на планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри.

Според легендата која се пренесува од колено на колено. манастирот бил изграден на место, каде од срушениот манастир Св. Ѓорѓија од кичевското село Кнежино, долетала литинската икона на која на едната страна бил ликот на Мајката Божја, а на другата ликот на нашиот Спасител, Исус Христос. Во летописот на манастирот стои дека во 1588 година, османлиите го запалиле ова древно македонско духовно светилиште и целосно изгорело. Но, христијанското население од овој крај, не стоел со скрстени раце и во тие тешки политички и економски времиња, смогнале сили и на темелите на изгорениот манастир, во 1564 година успеале да го обноват манастирот и да продолжи духовноста. Но. по кратко време повторно бил запален и новоизградениот манастир. Во 1848 година со доброволни прилози и работа, верниците повторно успеале да го изградат храмот кој е посветен на Рождеството на Мајката Божја и опстојува во денешни дни.

Живописувањето на манастирската црква го извршиле истакнати фреско сликари од повеќе региони на етничка Македонија. Познатиот македонски фреско сликар Дичо Зограф од мијачкото село Тресонче ги насликал златните иконостаси и икони и свој белег ставил на резбаниот владички трон. Најголемиот број од иконите ги насликал во периодот меѓу 1848 година. Неговото дело го продолжил неговиот наследник Аврам Дичов, кој го завршил фрескоживописот на куполата и наосот. Иконостасот го изработил Дојчин Зулфа од с.Лазарополе. За одбележување е и тоа што во манастирот се наоѓаат и вредни книги, како што се Четворовангелие од 14 век и Псалтирот од 15 век.

Манастирот Св.Пречиста Богородица кој е познат и како Крински манастир, што го добил по селото Крин, кое се наоѓало во негова непосредна близина, бил центар на духовноста во западниот дел на Македонија. Во него престојувале и духовно се изградувале македонските преродбеници Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Партеније Зографски и други.

На влезот на манастирската црква е поставена мермерна плоча, како спомен и потсетување на посетителите дека во манастирот на ден Благовестие во 1924 година бил замонашен г.г. Доситеј, првиот поглавар на возобновената Охридска архиепископија олицетворена во лицето на Македонската Православна Црква.

Во манастирската црква има извор на света - лековита вода која е посетувана од голем број граѓани, без разлика на нивна верска припадност, каде бараат спас за својата болест и молење за да им се исполнат желбите. Голем број на лица од лековитата вода не само што им се исполниле желбите, туку и се излекувале од болестите.

Оваа црква е поделена на два дела. Едниот е христијански храм, а вториот е муслимански сакрален простор, каде припадниците на исламската вероисповед ги реализираат своите религиозни потреби.

Во сопственост на манастирот се наоѓаат големи површини на ливади, овоштарник, има добиток - овци, кози, крави исл. Жителите од околните селски населби, како и од Кичево, редовно доаѓаат и со доброволна работа ги извршуваат работите: косење и собирање на сеното, на овошјето и на други работи кои се неопходни за опстојување на манастирската економија.

ТРАДИЦИИ

На денот на Рождеството на Пресвета Богородица, позната како Мала Богородица (21 септември), секоја година се одржуваат големи црковни свечености, со што се одбележува патрониот празник на манастирот. Притоа, се врши примопредавање на кумството. По некое непишано правило, кумството се презема од семејство од Кичевско. Кумот ќе ја извршува функцијата се` до наредната година. За овој период кумот ги исполнува обврските кои ги носи ова почесно звање.

 9.9.9

Кире Кипроски

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.