Среда, 29 Јули 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС - ВИТЛЕЕМ ДО РИМСКИТЕ УРНАТИНИ (8)

2.6.2

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините... кои се во „Библискиот речник“: од Витлеем – дом на лебот, односно храната, роднот  место на Исус Христос(Лк 2,4), до Гебал (Гивал) - рид, населба на феникијанскиот брег, една од најстарите, населби околу 5000г. пр.И.Х.

Витлеем – дом на лебот, односно храната. Денес  е палестински град на Западниот Брег, во близината на Ерусалим. Градот е најмногу познат како родното место на Исус Христос (Лк 2,4). Поради тоа, во негова чест во градот е изградена базиликата „Раѓањето на Христос“. Витлеем се наоѓа на околу 10 км од Ерусалим, на 700 м надморска височина. Во Витлеем исто така е роден и Давид, вториот цар на Израел, поради што во Библијата градот многу често е нарекуван „градот на Давид'“. Според еднo библиско предание (в. Михеј 5:2) Месијата требало да биде негов потомок и да се роди во неговиот град

Витсаида - дом на рибарењето, рибарско село северно од Галилејското Езеро. Повеќемина од апостолите потекнуваат од него: Петар, Андреј, Јаков, Јован и Филип (Мт 6,45). Се споменува и Витсаида Јулиина, гратче на североисточната страна од езерото, близу до местото каде се слива Јордан; го изградил Тетрархот Филип во чест на Јулија, ќерката на императорот Август. Христос кога престојувал во пустината бил близу до ова место (Лк 9,10; Мт 14,13; Мк 6,32). Се спомнува во градовите што Господ ги прекорува заради непокајување (Мт 11,21 ;Лк 10,13).

Витфага - дом на смоквите; село на Маслинската Гора, меѓу Витанија и Ерусалим, низ него поминал Исус Христос {Мт 21,1; Мк 11,1; Лк 19,29).

Власт - Господ поучувал како оној што има власт. Синот човечки има власт да ги простува гревовите; власт над секое тело и над небото и над земјата, над животот и над смртта (Мт 28,18; Јн 17,2). На учениците им дал власт над нечистите духови.

Воанергес  - прекар што Исус им го дал на Јаков и Јован, двајцата апостоли, а значи ,синови на громовите(МкЗ,17).

Вода жива - кај Евреите назив за изворската вода, за разлика од водата од цистерните што била устоена. Во Јв 4,10-11 се користи како споредба за животот што го дарува Христос.

Водени садови - односно садови за вода, на исток пред влезот во некој дом, стоеле големи камени садови за вода, за да можеле патниците кои доаѓале, да ги измијат рацете и нозете (Јв 2,6).

Воз (Боас) - ѕо него е снагата, Давидов предок. Живеел во Витлеем и се оженил со Моавката Рут, снаата на Ноемина (Рут 1 -4).

Вознесување - вознесување на Господ Исус Христос од Земјата на Небото, на четириесеттиот ден после  Воскреснувањето, (Дап 1; Лк24:50-53),секогаш во четврток. Кај нас познат како празникот Спасовден. Со вознесувањето на Господ започнало ширењето на Црквата низ сите народи (Дап1,8).

 2.6.3

Воскреснување на Исус Христос

Воскреснување - Исусовото оживување кое се остварило преку Неговата сопствена волја и сила. Христос воскреснал (Мт 28,1-10; Мк 16,1-9; Лк 24,1-9; Јв 20,1-14), исо тоа најочигледно ја докажал власта што ја има над животот и над смртта; ценрален настан во НЗ; врз Неговото воскреснување е засновано и општо-човечкото воскреснување. Во НЗ се наведени примери на воскреснување на луѓе, што ги извршил Христос, со силата на Својата волја и власт над животот и смртта: ќерката на Јаир во Капернаум (Мт 9,18-19.23-26;Мк 5, 22-24.35-43; Лк 8,42-42.49-56); синот на вдовицата во Наин (Лк 7,11-15); Лазар од Витанија (Јв 11,38-44). Значаен е разговорот на Христос со садукеите во врска со воскреснувањето на мртвите (Мт 22,23-32; Мк 12.18-27; Лк 20,27-38; 1 Кор15).

Врата на пеколот - метафоричен израз, преземен од животот. Градските порти биле многу бучни и живи места, каде се вршеле трговски договори, се решавале споровите, се собирале народните старешини. Силно утврдени, па затоа Христос ги користи за да објасни дека никаква сила и лукавство на Сотоната нема да ја разбие Неговата Црква (Мт 16,18).

Вратари - најверојатно вратари на влезот на Храмот, кои морале да ги проверуваат оние што сакале да влезат во Светињата, дали смеат да го направат тоа. Ја надгледувале и храмовната такса. Се спомнуваат во 2 Цар 25,18.

Врачање - или гатање, претскажување на иднината или одредувањена непознатото со мистични или магични методи и средства: со толкување на знаци во природата, кај животните, набљудување на вода во сад, фрлање коцки итн. Евреите се занимавале и со некромантија, односно претскажување на иднината со повикување на духовите на мртвите и разговарање со нив (1 Цар 28,7). Одговара на денешниот спиритизам. Во СЗ се вели дека вражачите се ,,гад пред Господ", да не им се верува и дека е грев да се консултираат.

Вул (бул) - старо еврејско име за осмиот месец, мархешван. Одговара на месеците октомври и ноември, период на дождови (3 Царб.38). Вотој месец Соломон ја завршил изградбата на храмот.

Вулгата - латинскиот превод на СП кој е прифатен уштс во 4 век. Најголем дел од старозаветниот текст преведен од еврејски на латински е дело на Ероним.

Гаваја - височинка, родното место на царот Саул, а подоцна и негова престолнина, на 4 км северно од Ерусалим. Била разорена во времето на Судиите (Суд 20,29-48), а четиристотини години била воено упориште (1 Цар 10,26).

Гаваон - град во ридовите северозападно од Ерусалим, припаѓал на Хоритите; во него биле обесени седумте синови на Саул и во него Давид ги победил Филистеј-ците(1 Лт 14,16).

Гаврил (Габриел) - Бог е јак или Божји јунак, ангел. Божји гласник. Се спомнува четири пати како носител на пораки од Бог. Прв пат се среќава во книгата на пророкот Даниил, во осмата глава. Освен нему, им се јавил и на Захарија (Лк 1,8-20); и на Марија, Божјата мајка, со порака дека ќе роди син и ќе го нарече Исус (Лк 1,26-38).

Гад -1) прататко на едно од дванаесетте племиња на Израел. Најстар син на Јаков и Зелфа, слугинката на Леа. 2) Пророк во времето на Давид (1 Цар22,5).

Гадара - еден од градовите на Декаполис (Десетте градови), каде Христос го исцелил човекот со нечист дух. Не се знае точно каде бил лоциран (Мк 5,1-20; Лк 8,26). Уште се нарекува и Гергеса или Гераса.

Гадаринци - жителите на Гадара.

Гаѓани - воинствено племе, кое му помогнало на Давид против Саул; подоцна учествувале во побуната на царот Јеровоам и му дозволиле да го изгради градот - престолнина Фануил (3 Цар 12,25).

2.6.4 

Газа

Газа - силна; еден од петте најзначајани филистејски градови, со големо трговско значење. Приказната за Самсон од книгата на Судиите 16,23-31 се случува во Газа; лежи на патот по кој одел етиопскиот дворјанин (Дап 8,26}. Денес се споменува најчесто како спорна територија меѓу Палестинците и Израел, а населението е претежно арапско.

Галад, Гилеад - камење на сведоштвото, 1) лично име на тројца луѓе во СЗ, еден од нив -Гал бил таткото на Ефтај (Суд 11,1); 2) град близу до Мисфа (Ос 6,8), родно место на пророкот Илија; 3) високо пасиште јужно од реката Јармут и севрно од реката Арнон (4 Мој 32). Во Галд се измириле Јаков и Исав, Лаван се збогувал со својот внук Јаков (1 Мој 31), а Авесалом го кренал бунтот против татко му Давид. Родно место на судијата Ефтај (Суд 11.1).

Галатија - подрачје во Мала Азија, римска провинција(1 Кор 16,1).

Галгал - в. Гилгал.

Галилеја - област, северниот дел на Палестина, западно од Јордан. Границите и варирале во текот на различните историски периоди. Во времето на Христос, била римска провинција. под власт на Ирод Антипа и со центар во Назарет. До својата триесетта  година Христос живеел во Назарет и затоа бил наречен и Назареќанин (Мк 1,24; 4,67; Лк 4, 34; 24,19). Таму се наоѓаат и новозаветните градови Капернаум, Кана и Витсаида.

Галилејско Езеро - езеро, всушност проширување на коритото на реката Јордан (Мт 4,18). Уште се нарекува и Тиверијадско Море, Генисаретско Море, Море, Езеро. Во новозаветното време се нарекувало уште и Хинерет, што значи - во вид на харфа. На неговите брегови имало подигнато градови, чие население се занимавало главно, со риболов и бродоградба.

Галион - намесник на Ахаја, во Грција, римска провинција од 51-52 г„ и брат на филозофот Сенека. Апостолот Павле бил изведен пред него на суд и тој го прогласил за невин (Дап 18,14).

Гамалиил - награда од Бога, 1) Кнез во племето на Манасија, помогнал при пребројувањето на Израелците во пустината (1 Мој 1,10). 2) Во НЗ фарисеј, член на Синедрионот и поранешен учител на апостолот Павле (Дап 22,3). Во Дап 5,34-39 се изложува дека благодарение на неговото мислење апостолите Петар и Јаков се пуштени на слобода.

Гаризим - Рид на благословот (4 Мој 11,29; 27,12), гора (868м) југозападно од Сихем. Според Јосиф Флафиј на него бил изграден самарјански храм во 4в. пр. И.Х., а бил срушен од Макавеецот Јован  Хиркан во 107г.пр. И.Х., зашто сметал дека единственото богослужење треба да е во Ерусалимскиот Храм. До денешен ден малата самарјанска заедница ја прославува Пасха на Гаризим. Христос преку разговорот со Самарјанката покажал колку е беззначајно прашањето за местото на богослужење за христијаните(Јв4,19-24).

Гат - еден од петте филистејски градоѕи, со непозната локација (ИН11,22;1 Цар 5; 17,4:21,10-22,1; 2 Цар 15,18; 4 Цар 12.17; 2 Лт 11,8; 26,6). Родно место на Голијат и на други џинови (1 Цар 17,4). Често напаѓан од Израелците, освоен од Давид. Кога Ковчегот на заветот бил заробен од Филистејците, го однеле во Гат, па настанала чума. Кога Давид бегал од Саул, се сокрил таму, А подоцна кога неговиот син Авесалом се побунил против него, војниците од тој град застанале на негова страна и му помогнале. Извесно време припаѓал на Јудиното царстео, а во 717г. пр.И.Х. паднал под Сиријците.

Гебал (Гивал) - рид, населба на феникијанскиот брег, една од најстарите, населби околу 5000г. пр.И.Х. Се поврзува со грчкиот град Вивлос, односно Библос ( вивлос е грчки збор за книга, множина вивлион; во овој град се произведувал папирус, кој се увезувал од Египет. Неговите жители биле вешти каменоресци (ИН 13,5; ЗЦар 5,17).

Продолжува

 0.0.0  6G

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.