Среда, 05 Август 2020    PDF Печати Е-пошта
Во Сиднеј сеќавање за Илинденци: ТРАДИЦИОНАЛНА СРЕДБА ПО ПОВОД ИЛИНДЕН

1IL

Минатиот петок, 31 јули, Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во истоимената библиотека по повод 117 годинишнината од Илинденското востание и 76 годинишнината од АСНОМ ја одржа својата традиуционална средба, преку поезија посветена на Илинденци да им се оддаде чест на сите оние што загинаа за ослободување од стегите на отоманите и подоцна од стегите на српските, бугарските и грчките фашисти.

Членови на Друштвото: Иван Трпоски, Марија Александрова, Перо Дамчевски-Коцин, Цане Ѓуровски, Ванчо Саљиоски, Димитар Кукуљовски, Иљо Јорданоски и Душан Ристевски, се преставија со поезија со која се искажа љубовта кон Македонија и Илинденците кои го дадоа животот за ослободување, обединување и формирање на Република Македонија за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик и нација.

После поезијата следеше дебата за сето она што се случува во Македонија, за последните парламентарни избори, а посебно за последиците од предавничкиот „преспански“ договор за кој договор Друштвото апелираше, поднесуваше резолуции и јавно настапуваше на протести за да не се потпишува и да не се подржува подло подметнатиот референдум.  Иако Дијаспората и граѓаните на Македонија не ја подржаа промената на името, предавничката влада на Зоран Заев и неговите шиптарски партнери со помош на ЕУ и НАТО го сменија идентитетот, историјата, јазикот и државата.

Членовите ја искажаа својата згрозеност од предавството на македонскиот идентитет, култура и историско минато со следење на тиранската платформа и потпишувањето на капитулантските договори за „пријателство“ со Бугарија и  Грција каде потполно неразумно и неодговорно некои потпишаа предавство на речиси се што претставува наша, македонска вредност, наше славно минато и нашите историски ликови со коишто се гордееме (Александар Македонски, цар Самоил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, Методија Андонов - Ченто) и со најискрена почит ги славиме и ние овде, на петтиот континент.

Иако ние во Дијаспората со восхит го прославуваме двојниот Илинден, длабоко сме загрижени заради очигледната намера на претходната Влада на Република Македонија и претседателот на државата да се откажат од нашите и само нашите Илинден и Илинденци и Гоце Делчев кој целиот живот го посвети и го жртвува за вечниот идеал на сите нас: слободна и независна Македонија.

Дијаспората гледа со жалење што нашиот најсветол празник поединци го оскрнавуваат во татковината, но нема да дезволиме тоа да ни се случува и нам, во раселена Македонија. Илинден е само наш, на Македонците! Илинден, нас Македонците каде и да сме по светот: во Австралија, САД, Канада, Европа, како и во поробените делови на Македонија: Мала Преспа, Егеј, Пирин, ќе продолжеме да го одбележуваме двојниот Илинден пред се со оддавање на длабока почит кон сите оние што ги дадоа своите животи за идејата водилка на нашето постоење, за слободна и независна Македонија.

МАКЕДОНСКО ИМЕ - НЕМА ДА ЗАГИНЕ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА – САМО МАКЕДОНИЈА!

000

Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Народот очекува најголемиот буџет во историјата на македонија да се троши домаќински

Народот има мандатно писмо до крими тендерашката власт на Заев да ги решава проблемите кои сама ...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (71)

Иселеници

News image

ФОРМИРАЊЕТО НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ТОРОНТО (2)

   По повод 30-годишниот јубилеј на првата маке...

Култура и туризам

News image

СВЕЧЕНО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1978 ГОДИНА (22)

ДЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (38)

ТЕСАЛСКО-ПЕЛОПОНЕШКА МИТОЛОГИЈА ЗА ХЕРАКЛЕ (ХЕРАКЛЕВИТЕ ПАТУВАЊА ВО ХИПЕРБОРЕЈА И...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.