Среда, 23 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ИДОЛ ИЗРАБОТЕН ОД РАЗЛИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ, ДО ИРОДИЈАДА – ЌЕРКАТА НА АРИСТОБУЛ (16)

3.9.7

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините... кои се во „Библискиот речник“: Идол - предмет изработен од сите достапни материјали: камен, злато, сребро, дрво... до Иродијада - ќерка на Аристобул

Идол - предмет за обожување, во форма на лик или слика. Се изработувал од сите достапни материјали: камен, злато, сребро, дрво, коски, железо. Величината во која се изработувале идолите истотака била најразлична, како и ликовите што ги претставувале:

бикови, телиња, змии и човечки глави (ЗМој26т1). Еврејските пророци остро го отфрлале идолопоклонството.

Идолопоклонство - Евреите смеат да го обожуваат само својот Бог, како единствен Бог, а сите други култови на други богови, поклонувањето на другите богови, идоли и фетиши е идолопоклонство и е најстрого забрането. Тоа е посебно нагласено во првите  две Божји заповеди {2 Мој 20,3-5).

Идумеја - палестинска покраина, во новозаветно време, а се протега кон југозапад на Мртвото Море. Подрачјето на Идумеја не се поклопува во потполност со некогашниот Едом. Оттаму потекнува династијатана Иродовците. Многумина од овој крај заминувале далеку на југ во Галилеја да го видат Исус (Мк 3,8).

Иевлам (Ивлеам) - Ханаански град на северната граница на Манасија, чии жители не биле протерани од Израелците (Суд 1Т27).

Извештај за создавањсто - Даден во 1 Книга Мојсеева во првата и втората глава, во кој се опишува начинот на кој Бог го создал светот, се живо и неживо и човекот.

Извор - поради специфичната географска структура на земјиштето во Палестина, населението се снабдувало со вода првенствено од извори; некои од нив се спомнуваат во СП по име.

Израел - човек кој се бори со Бог; името што ангелот му го дал на Јаков на потокот Јавок, непосредно пред состанувањето со брат му Исав, а на крајот од тешката ноќна борба со непознатото битие (1 Мој 32,22-32). Неговите дванаесет синови се зачетници на дванаесетте племиња израелски; изразот, пак „синови израелски" ги означува сите Евреи (1 Мој 34,7; 2 Мој 32,4; 5 Мој 4,1). Првиот израелски цар бил Саул. После него дошол далеку помоќниот Давид, кого   пак го наследил син му Соломон. По неговата смрт царството се распаѓа на Јужно - Јудеја и северно - Израел. Израел било поголемото ипомоќното царство, составено од десет племиња, со двојно побројно население од Јудиното царство и три пати повеќе земја и обработлива почва. Главниот град бил Сихем, а потоа Тирса и Самарија, изградена од Амриј (3 Цар 12,25; 14,17; 15,21; 16,23-24). Зем]ата се збогатила преку трговија, зашто низ неа минувале значајни трговски патишта. Таквата состојба траела околу 200 години, се’ до освојувањето на Асирците во 721 г.пр.И.Х. Племињата биле раселени низ Асирија и Северното царство. Никогаш повеќе не се обновило. Под истото име се појавила втората држава, денешниот Израел, во 1948 г.; в. Цареви јудини и Цареви израелски.

3.9.8 

Изреки - дел од СЗ, спаѓаат во мудросната книжевност. Вешт составувач на изреки бил Соломон и нему му се припишуваат голем дел од нив. Изреките се однесуваат на секојдневниот живот, на односите меѓу луѓето, односите со Бога. Многу од изреките, низ народите денес се одомаќиниле како народни поговорки.

Иконија - град во Ликаонија, Мала Азија, познат по овоштарниците на сливи и кајсии. Апостолот Павле го посетил, заедно со Варнава и Јован Марко, на своето мисионерско патување (Дап 13,51; 14,1-6; 9-22; 2ТимЗ,11). На негово место е денешнист град Која во јужниот дел на централна Турција.

Ила  -1) терпентиново дрво, народ; 2) име на неколкумина од СЗ: меѓу кои е и израелскиот цар, кој бил убиен од својот слуга за време на неговото пијанство (3 Цар16,6); 3) долина (Дабова долина), преку која Филистејците навлегле во централна Палестина - место каде Давид го убил Голијат(1 Цар21,9).

Или - мој Бог, 1) таткото или тестот на Јосиф, мажот на Марија, мајката на Исус (Лк 3,23); 2) Долина во Палестина, на патот меѓу Витлеем и Средоземното Море. Во неа царот Саул ја повел војската против Филистејците, кога Давид го убил Голијат (1 Цар 17,19); 3) таткото на Осија, последниот израелски цар (4 Цар 15,30).

Илиј - мој  Бог, свештеник во храмот во Силом, светилиштето каде бил сместен Ковчегот на Заветот. Бил од Ефремовото племе и му бил прадедо на Самуил, кој како дете му бил донесен да го подучува вохрамот. Заради злата што ги вршеле синовите на Илиј, Филистејците го заробиле Ковчегот, во војната со Евреите. Кога Илиј ја чул таа вест, паднал мртов (1 Цар 1-4).

Илија – Јахвее Бог, голем пророк од Северното царство, во 9 в.пр.И.Х. Бил верски водач на Израел и извршил големо влијание на историјата и на мислењето на Израелците (4 Цар 17-4 Цар 2). По потекло бил од Тесва, па затоа го нарекуваат и Тесвеќанин. Истапувал против израелскиот цар Ахав, кој и дозволил на жена си Изавела да го воведе култот на Ваал. На ридот Кармил Илија се спорел со вааловите свештеници, која е вистинската вера. Илија му се молел на израелскиот Бог и Тој пуштил оган од небото и ги запалил приложените жртви (3 Цар 18). Илија се појавил како приказа заедно со Мојсеј при Преобразувањето на Исус на Тавор {Мт 17, 1-13). Со тоа се покажало дека во Христос се исполниле старозаветните пророштва. Според 4 Цар 2,11 бил вознесен на небото, од каде треба да дојде пред „Денот Господов" (Мал 4,5-6). Илија се повикува во неволја (Мк 15,35; Мт 25,47,49) и се истакнува како пример на посто-ана молитва (Јак5,17).

3.9.9

Илирик - римски назив на покраината на источниот брег на Јадранското Море, каде христијанството многу бргу се ширело. Нејзините граници во многу се совпаѓаат со границите на некогашна СФР Југославија. Јужниот дел кој се нарекувал Далмација бил посетен од апостолот Павле, заедно со Тимотеј. Во Посланието до Римјаните 15,19 наведува дека Евангелието го проповедал од Ерусалим на исток, па се до Илирик на запад.

Имануил - в. Емануил.

Ирас - Давидов свештеник (2 Цар 20,26), кој не бил левит.

Ирод - јуначен - име на кралската династија, која владеела со Јудеја и соседните области од 55 г.пр.И.Х, до 93 г. Во НЗ се спомнуваат седум личности со тоа име. Биле со идумејско, а не еврејско лотекло.1) Ирод Велики - син на Антипатер, за улравител на Јудеја   бил поставен од Јулиј Цезар во 37 г.пр.И.Х. Антипатер го наименувал Ирод за управител на Галилеја, После смртта на неговиот татко и братот Јосиф, кој владеел со Ерусалим. Римјаните му ја доделиле на Ирод титулата „крал на Евреите", Владеел од 37-4 г.пр.И.Х. Јудејците го мразеле, зашто иако потрошил многу средства за обнова на храмот (т.н. Иродов храм), наметнал големи давачки. Обновил и едно средоземно пристаниште и го нарекол Кесарија, во чест на императорот Цезар Август. Евреите, покрај другото, не го сакале и зашто по раѓање не бил Евреин, а ги убил членовите на еврејското хасмонејско семејство, од страв за својот престол. Кога мудреците дошле да му се поклонат на детето Исус, наредил да се убијат сите машки деца до две години старост во Витлеем, со цел да се ослободи од Исус. После неговата смрт, неговото царство е поделено меѓу синовите Архелај, Антипа и Филип (Мт 2; Лк 1,5); 2} Архелај • наречен Ирод Етнарх, владеел со Јудеја од 4 г.пр.И.Х. до 6 г. Кон Евреите и Самарјаните се однесувал многу сурово и тие морале да се жалат на Римјаните, кои го пратиле во заточеништво (Мт2,22);. 3) Антипа наречен Ирод Тетрарх, односно Четворовласник. Владеел со Галилеја од4 г.пр.И.Х. до39г.Го фрлил во темница Јован Крстител и после избрзаното ветување дадено на сопругата наредил да го убијат. Пилат на Антипа му го предал Исус на судење, како жител на Галилеја. Антипа се однел многу презриво кон Исус и го вратил назад кај Пилат (Мт14; Мкб; Лк23,7). Изградил ново пристаниште и го нарекол Тиберија во чест на римскиот император; 4) Ирод Агрипа I - внук на Ирод Големиот, а син на Аристобул, бил наречен цар Ирод. Бил владетел на Галилеја, Јудеја и Самарија од 41 - 48 г. За да им се додвори на Евреите, ги прогонувал христијаните. Со меч го убил Јаков, синот на Заведеј и го затворил апостолот Петар. Лука во Дела Апостолски забележал дека смртта на Агрипа е последица на неговата охолост  (Дап12,20-23); 5) Ирод Агрипа II - син на Агрипа I. Кога отишол во Кесарија во лосета на римскиот прокуратор Фест, го сослушал случајот на Павле. Неговата пресуда била ослободувачка за апостолот, ако тој веќе не се обратил до царот (Дап25,13-26,32).По падот на Ерусалим заминал во Рим и таму умрел околу 94 г.

Ирод Филип 1 - син на Ирод Големиот. Живеел ео Рим како неофицијална личност. Неговата жена Иродијада се омажила за неговиот полубрат Ирод Антипа, уште за време на неговиот живот.

Ирод Филип II - вториот син на Ирод Големиот и брат на Антипа и Архелај. Станал владетел на Итуреја (Лк 3,1) од 4 г.пр.И.Х. до 34 г. Наречен е уште Филип Тетрарх. Повторно ја обновил Кесарија (Филипова), како и Витсаида.

Иродиевци - членови на една странка, повеќе заинтересирана за политика, одошто за религи-ата.Билеповеќето одпаганско, а помалку од еврејско потекло. Но власта цврсто ја држеле благодарениена  Римјаните и нивната поддршка. Им се противеле на фарисеите, но се нагодиле со нив кога Христос требало да го осудат на смрт, зашто ги критику-ал (МкЗ.6).

Иродијада - ќерка на Аристобул и внука на Ирод Велики. Била жена на Ирод Филип I, но уште додека мажот и бил жив се премажила за Ирод Антипа. Јо-ван Крстител не ја одобрил таа постапка, зашто според т.н. левиратски брак, братот можел да ја земе снаата за жена, само ако нејзиниот маж умре без синови. Иродијада му се осветила на Јован Крстител, со советот даден од ќерка и Салома да ја бара неговата глава од Ирод Антипа на еден пир (Мт 14,1-12; Лк 3,16}.

Продолжува

 1PZ  2SK   

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.