Среда, 04 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Киро Кипроски> ДОБРИТЕ ДРЖАВИ И ЛОШАТА ПОЛИТИКА

1KK 2Киро Кипроски> ДОБРИТЕ ДРЖАВИ И ЛОШАТА ПОЛИТИКА

„Софија и Атина во однос на македонското прашање не сакаат да го видат тоа што го гледаат, туку го интерпретираат тоа што одговара“ ми изјави западногерманскиот историчар Д-р Стефан Тробес, во интервјуто за весникот „Нова Македонија“ со наслов “ДОБРИТЕ ДРЖАВИ И ЛОШАТА ПОЛИТИКА“, (објавен 26 март 1988 година),. Ставовите и погледите што д-р Троебс ги изнесе актуелни се и денес, и текстот го објавив во монографијата „ПОГЛЕД НИЗ ВРЕМЕТО“ , што деновиве ја промовирав, да биде достапен на јавноста, односно на политичарите и историчарите.

Професорот Стефан Троебс во 1983 година ја издаде книгата „Бугарско-југословенската контроверза за Македонија - 1967 - 1982“. а Институтот за национална историја ја преведе и на македонски јазик ја издаде во 1997 година.

1KK 3

Од книгава ќе цитирам мал дел од кој може да се согледа што ја мачи Бугарија изошто со Југославија меѓусоседските односи не се развиваат на посаканото ниво, проблемот е Македонија. Еве зошто: „Што се однесува до билатералните односи помеѓу Бугарија и Југославија, во екот на шеесетите години тие беа добри и постепено се подобруваа. А потоа, по повод еднодневниот престој на Тодор Живков (претседател на НР Бугарија) во Белград, на 5 декември 1966 година, кога тој се сретна и водеше разговори со Крсте Црвенковски, двете земји го насочија вниманието и кон интензивирање на основите за пеговори во 1967 година.

Посетата на македонскиот партиски раководител Крсте Црвенковски на Софија каде на 20 мај 1967 година се сретна со Тодор Живков, претставуваше увод во новигте бугарско-југословенски основи за преговори. Невообичаено, бугарскиот печат отворено соопшти дека на дневен ред била темата Македонија. Од официјална страна ништо повеќе не беше објавено. Една година подоцна, Крсте Црвенковски, во еден говор пред Ценралниот комитет на СКМ, извести дека неговите разговори со Тодор Живков „и покрај тоа што во извесна мера содржеле значителни разлики во мислењата , биле не само отворени, туку и пријателски, определени со чувство за одговорност пред сопствениот народ и неговите интереси“. Од понатамошните излагања на Крсте Црвенковски може да се заклучи дека барањето за заштита на правата на малцинствата за таканаречениот македонски миноритет во бугарскиот округ Благоевград, што Југославија, сега, за првпат го постави на дипломатски тапет, го изненади бугарскиот паартнер и за него беше неприфатливо:

„И покрај јасната желба за понатамошен развиток на соработката, до израз дојдоа разликите во гледањето на проблемот, третманот и правата на Македонцие во Пиринска македонија и во НР Бугарија, како и разликите во поглед на односот на голем дел од бугарската историографија спрема минатото на македонскиот народ, како во овој, така и во претходните преговори“

И покрај тоа, бугарското раководство беше спремно за натамошни преговори. За расчистување на двата споменати проблеми - прашањето за малцинствата и историографските полемики - Т.Живков, на 5 јуни 1967 година отпатува за Белград на разговор со Ј.Б.Тито. Од скудното коминике можеше да се види дека не дошло до некаков битен напредок“.

1KK 1

Ванчо Апостолски, генерален директор на РО НИП „Нова Македонија“ во брошурата „НА ВЕЛИКОБУГАРСКИ НАЦИОНАЛИСТИЧКИ ПОЗИЦИИ“, повод Цола Драгојчева и нејзините мемоари, во овие две книги, а имамногу книги документи, оригинални писма, артефакти, кои јасно и недвосмислено потврдуваат дека сегашното актуелно бугарско раководство од Македонија бара нереални работи Македонците да се откажат од своите вековни корени, од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик итн.

Ние, Македонците, според мое мислење во кое длабоко сум уверен,актуелната власт со потпишувањето на Преспанската спогодба и договорот за добрососедство со Бугарија ја разнебитија Македонија,. Конечно, сегашното раководство треба да покаже храброст и цврстина да ги отфрли уценувањата на Бугарија и да и каже „НЕ“, како што ТИТО во 1948 година му кажа „НЕ“ на Сталин, во многу потешки политички и други услови.

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.