Среда, 04 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ИМЕТО ЛАВАНТ - ДО ЛИДИЈА - ПРВАТА МАКЕДОНКА ОД ФИЛИПИ КОЈА ГО ПРИМИЛА ХРИСТИЈАНСТВОТО (22)

1lav

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...кои се во „Библискиот речник“: од Лаван - потомок на Нахор и брат на Ревека, до Лидија – првата Македонка од Филипи која заедно со нејзиното семејство апостолот Павле ги обратил во христијанството и ги крстил

Лав - диви животни, живееле на територијата на целиот Блиски Исток, од Персија до Индија. Се споменуваат 130 пати во СП, што покажува дека често се среќавале.

Лаван - бел, потомок на Нахор и брат на Ревека. Живеел близу до Еуфрат во горната арамејска земја. И дозволил на сестра си да се омажи за Исак, а кај него подоцна нашол засолниште нејзиниот син Јаков, кога бегал од брат му Исав, кој сакал да го убие. Тој се оженил со двете ќерки на Лаван, Лија и Рахила (1 Мој 24,29;29-31).

Лага - кажување на невистина. Старозаветните пророци зборуваат против лажењето, а и во една од Божјите заповеди јасно е потенцирано дека лажењето е грев.

Лазар - помош Божја, 1) братот на Марија и Марта. Нивното семејство било во блиски пријателски односи со Исус Христос. Кога Лазар умрел, неговото тело било положено во гроб во пештера. Исус  го воскреснал по три дни (Јв 11). Позната е и случката со помазувањето на Исусовите нозе со скапоцено масло во нивниот дом (Јв 12,1 -11); 2) просјакот во параболата за сиромашниот Лазар и богатиот човек (Лк 16,19-31).

Лак и стрела - оружје што се користело во библиско време. Лакот се прааел од дрвен рам со оптегната животинска жила (Пс 18:34; 17:35). Стрелите биле Дрвени со метален врв. Познати биле стрелците од племињата на Венијамин, Рувин, Гад и Манасија. 

Лакт- стара мерка за должина, изнесува околу половина метар. Се разликуваа обичен лакт, кој е помал и царски лакт (Ез 40), кој е нешто поголем; в. Мерки.

Ламех - древен патријарх, син на Метусалем и татко на Ное (1 Мој 5,25-31). Тој го вовел многуженството.

Ламба - мал сад, со фитил и масло што согорувало, служел за осветлување. Се изработувал во различни форми и големини, од различни материјали: глина, бакар, бронза или злато. Оние за употреба во храмот и домаќинствата биле изработени посебно убаво. Некои од нив стоеле на хоризонтални подлоги, други се закачувале да висат итн.

2lavДревниот македонски град Филипи

Лаодикија - град во Фригија, основан во 3 в.пр.И.Х. Апостол Павле напишал послание на тамошните христијани, но не е сочувано. Се споменува во Посланието до Ефесјаните. Многу подоцна е напишано апокрифно послание. Во Лаодикија имало познати лекари за очни болести. Во Откр 3,14-22 се укорува тамошната црква заради млакоста, односно со прекор се алудира дека си вообразила дека е богата, а треба да си купи маст за очи за да прогледа

Лахис- царски град во Ханаан, на патот меѓу Централна Палестина и Египет. Соломон го збогатил со бојни коли, а Ровоам изградил двоен бедем со ров околу него (2 Лт 11,3-11). Во него е убиен царот Амасија (4Цар 14,19). Бил освоен од Асирците под Сенахирим во 701 г.пр.ИХ, срушен од Навуходоносур, повторно обновен од Персијците, и конечно повторно запоседнат од Евреите, по нивното враќање од вавилонското ропство(ИН 10,31-35).

Левиј -1) третиот син на Јаков и Лија, умрел во Египет во длабока старост. Неговите синови станале племенски водачи, а Мојсеј и Арон му биле внуци. Родоначелник на свештеничкото семејство, чии членови најпрво служеле во Скинијата, а подоцна во храмот (1 Мој 29,34; 34,25; 49,5; 5 Мој 3,5-20); 2) второто име на Матеј митникот, Христовиот ученик (Мк2,14).

Левијатан - митско морско чудовиште со многу глави (Пс 74,14 итн). Преку него се изразува злото што на крајот е поразено од добрите сили (Ис27,1).

Левиратски брак - брак со деверот - во случај на смрт на мажот, неговиот брат морал да се ожени со неговата вдовица, ако умрел без машко потомство. Синот што ќе се родел, му припаѓал на покојникот. На тој начин се одржувала семејната лоза (1 Мој 38,8). Првородениот син во таков брак го добивал името на братот на таткото (5 Мој 25,5). 

Левити - 1) потомците на Левиј, еден од синовите на Јаков. Левиј имал три сина: Гирсон, Каат и Мерари (2 Мој6,16; 4МојЗ,17;  1 Лт 6,16-26); 2) припадници на Левиевото  племе кои биле задолжени да се грижат за светилиштето. Арон и неговите синови биле издвоени за свештеничка служба и таа станала наследно право, со првосвештеникот, чија служба е пренесена од Арон на неговиот син Елеазар (4 Мој20,25-28). Должност на левитите била да ја пренесуваат Скинијата и сите предмети кои се наоѓале во неа кога логорот се селел. При повторно улогорување, повторно го подигале Шаторот и им помагале на свештениците во нивното работење (4 Мој 1,50-53; 3,6-9.23-57;4,1-33; 1 Цар6,15;2Цар15,24). Во времето на Давид левитите започнувале со обука во својата дваесетта година, во триесеттата се оспособувале за повисоки служби, како чувари на вратата, музичари   или   писари,   а   во педесеттата се повлекувале од служба. Некои од нив станувале судии (1 Лт 23). Давид ги делел на класи и на „чреди", за да служат, по   редот на свештенството' (1 Лт 24-26). Тие не морале да бидат цело време   во светилиштето. При поделбата на ханаанската земја биле изземени, заради специфичната улога што ја имале во Израел. Наместо тоа, им биле доделени права во триесет и пет градови, на територијата на Јудиното, Венијаминовото и Симеоновото племе.

Левитикус  (Левитска книга) - третата Мојсеева книга. Во најголема мерка се состои од законските прописи за свештенството: прописите за жртвувањето, начинот на принесување жртви, редот на богослужењето, чистите и нечисти јадења итн.

Легат - управител

Легија - римска воена единица, составена од десет кохорти од по 600 луѓе. Во новозаветно време во Сирија имало четири легии.

Легион - мноштво на зли духови, кои Исус ги истерал од еден опседнат (Мк 5,9).

Лепта - најмала еврејска кована пара од бакар. Сиромашната вдовица оставила две лепти во храмовната благајна (Мк 12,41 -42; Лк21,2).

Леска - грмушка со лешников плод, но во 1 Мој 30,37 означува бадемово дрво.

Летописи, 1 и 2 - две книги од СЗ во кои се содржани родословните таблици од Адам до Аврам, историјата на Давид, Соломоновото владеење и царувањето на останатите цареви се’ до вавилонското ропство. Пишувани се околу 300 г.пр.И.Х. 

Либертинец - израз кој потекнува од латинскиот либертас - слобода. Означува ослободен роб за откуп или воен заробеник, како и дете на ослободен слуга (Дап 6,9). Во Ерусалим имале своја синагога. Некои од нив се препирале со архиѓаконот Стефан.

Ливан - два планински венци, покриени со снег, од кој вториот е Антиливан во Либан. Ја претставувале северозападната граница на ветената земја (Пс92,12). Должината им изнесува 120 км, а се протегаат паралелно од Азија до Суецкиот Канал. Максималната височина изнесува 3000 м. Меѓу двата венци лежи плодна долина, а на неговите падини растат познатите ливански кедрови (ИН2.13; 14,6).

Лигур - скапоцен камен, еден од дванаесетте, кои ја нагласувале совршеноста на дванаесетте еврејски племиња (2 Мој 28,19).

Лида - град во Саронската рамница, каде апостолот Петар го исцелил парализираниот Енеј, а градските жители се обратиле во христијанство (Дап 9,32-35). 

3lav

4lavЛидија од Филипи

Лидија - 1) царство во западна Мала Азија. Неговото разорување било претскажано од пророците Језекиил и Еремија. Главниот град Сардис бил освоен од Персијците околу 546.г.пр.ИХ, кога бил заробен и царот (Ез 30,5); 2) богата жена, продавачка на порфир во Тијатир во Мала Азија. Неа и нејзиното семејство апостолот Павле ги обратил во хрис-тијанството и ги крстил. Заедно со Сила останал кај нив извесно време по ослободувањето од затворот (Дап 16,14-40). Најверојатно е дека македонката Лидија од Филипи е првата Европејка што го примила христијанството.

Лизиглан - брат на првосвештеникот. Со негова дозвола ги продал предметитеод храмот, а бил убиен од разулавената толпа, во 171 г.пр.И.Х.

Лија - дива крава, постарата ќерка на Лаван, која со измама му била дадена за жена на Јаков, откако ислужил кај Лаван седум години, за да се ожени со нејзината сестра Рахила. Лија и Јаков имале шест синови и една ќерка (1 Мој 29,16). Од Лија и нејзината слугинка Зилфа водат потекло осум израелски племиња.

Ликаонија - област во јужна Мала Азија, во новозаветно време припаѓала на римската покраина Галиција, Значајни градови биле Иконија, Дерва, Листра. Павле ја посетил областа на своето второ и трето мисионерско патување, во периодот пред 52 г.

Продолжува 

4jovanПишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1Slave Katin 1СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.