Среда, 18 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД КРАТКАТА МАНАСИИНА МОЛИТВА - ДО ГЛАВНИОТ ВАВИЛОНСКИ БОГ – МЕРОД (24)

01115

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите, лексикографските термини...кои се во „Библискиот речник“: од Манасиината молитва, која е кратка молитва во поетска форма до Мерод - (Бел, Бал, Ваал, Баал), главниот вавилонски бог

Манасиината молитва - кратка молитва во поетска форма, најкраток и најубав запис од девтероканонските книги. Се наоѓа и на крајот на 2 Лт.

Мандрагора - растение со светкав, долгнавест корен и сладок, донекаде и отровен плод. Растело во Палестина и од него се правеле љубовни напитоци,

Маној - член на Давидовото пле-ме и татко на Самсон. Се проти-вел на женидбата на својот син со Филистејка, но присуствувал на венчавката (Суд 13; 14,2-10).

Мараната - извик на арамејски со значење: а)Господ доаѓа (Мараната) или 6) Господе наш, дојди (Мараната). Се подразбира како молба за повторно Христово доаѓање (1 Кор 16,22; Откр 22,20).

Мардохеј - она што му припаѓа на Мардок, една од главните личности во книгата за Естира, Еврејката која станала персиска царица. Тој го налутил царот Аман, миленикот на царот Асвир и за малку не бил погубен (Ест 1 -10). 

Мардук (Меродах) - (Бел, Баал, Ваал), главниот вавилонски бог. Го обожувале Навуходоносор. Асирците и Кир (Ис 46,1).

Марија - на еврејски Маријам - возвишена ипи спротивставување- 1) мајката на Господ Исус Христос и вереница на Јосиф. Потекнувала од племето на Јосиф и домот на Давид. Била во родбинска врска со Елисавета, мајката на Јован Крстител (Лк 1,32); 2) Марија Магдалена (Марија од Магдала); блудница, која станала следбеничка на Исус Христос. Таа е една од жените што стоеле под крстот и биле сведоци на Христовата смрт и погреб. Прва го видела празниот гроб (Лк 23,55-24,2); 3) Марија од Витанија, сестра на Лазар и Марта. Господ му дал предност на нејзиното слушање на Неговите зборови, во однос над гостопримливото настојување на нејзината сестра Марта да Го нахрани (Лк 10,42); 4) мајката на Јаков и Јосиф и сопруга на Клеоп (Алфеј) (Мт 27,55-56). Го следела Исус од Галилеја, била сведок на Неговото распнување и погреб и го посетила празниот гроб на денот на Воскреснувањето; 5) Мајката на Јован и Марко, вдовицата во чија куќа во Ерусалим се состанувале првите христијани (Дап 12,12); 6) Марија од Рим, христијанка, на која апостолот Павле и испраќа поздрави (Рим 16,6); 7) в. Марија, сестрата Мојсеева; в. Миријам. 

01116

Песната на Марија - химната што ја испеала Марија, мајката на Исус и во неа се прославува Бог (Лк 1,46-58).

Мариса - град во Јудеја, источно од Газа (ИН15,44). Царот Јеровоам го утврдил, за да го брани Ерусалим. Родно место на пророкот Михеј (Мих1,15).

Марко (Јован Марко) - син на Марија, богата жена и пријателка на повеќемина христијани. Марко ги придружувал апостолите Павле и Варнава (Неговиот вуј-ко, Кол 1,10) во Антиохија на првото мисионерско патување. Подоцна со Варнава заминал на Кипар и им помагал на Петар и Павле во Рим. Според преданието тој ја основал Црквата во Александрија, каде се смета и дека е погребан. Писател е на едно Евангелие, кое го носи неговото име (Дап 12-13).

Марково евангелие - евангелие од НЗ, најкратко и наједноставно. Го напишал Марко, најверојатно во Рим, околу 65 г. Засновано е на сеќавањата на Петар. Го напишал на античко грчки јазик за многубошците.

Марта - ,,господарка", сестра на Марија и Лазар од Витанија. Во нивниот дом Исус и учениците биле топло пречекувани. Марта Му се жалела на Исус дека сестра ѝ не ѝ помага во подготвувањето на храната,заради штоТој ја укорил (Лк 10,38-42).

Маса - место во пустината Син, близу до Синајската Гора, каде Мојсеј со стапот ја удрил карпата и од неа потекла вода. Тоа се случувало во периодот кога Евреите ожеднале и сакале да Му свртат грб на Бога (2 Мој 17,1 -7).

Маслина - дрво што многу се одгледувало во Лалестина во овоштарници {2 Мој 23,11; Суд 15,5; 1 Цар8,14), заради плодот. Тој можел да се јаде, а со преработка давал и масло за готвење, лечење или светење. Самото дрво служело како градежен материјал за мебел, врати и др. Палестинското маслиново дрво требало да се калеми на диво стебло, зашто со време заслабувало. Маслината била симбол на Божји благослов, убавина и сила (Пс52,8; Ер 11,16; Ос 14,6). Маслиновата гранка е симбол на мирот, зашто после Потопот таа му била знак на Ное дека водата се повлекла (1Мој 8,11).

01117

Маслиновата Гора

Маслинска Гора - ридест предел со најголема висина од 830 м, долг околу 1,5км, на 1 км источно од Ерусалим. Во подножјето е сместена Гетсиманската градина, овоштарникот со маслини (Мт 24,3). Од Маслинската Гора Давид побегнал од Авесалом (2Цар 15,30). Од неа Господ Исус Христос патувал за Ерусалим (Мк 11,1-11). Оттаму Тој се вознесол на небото.

Мастило - во библиско време се правелод арабјанска гума, за да можеле писарите да пишуваат на пергамент или папирус. Понекогаш се правел во форма на мали колачиња кои се навлажнувале со вода. Се носеле во метална или дрвена кутија (2 Кор 3,3).

Матеево евангелие - првата книга од НЗ. Според преданието, негов автор е апостолот Матеј. Пишувано е на антички грчки, во периодот околу 85-95 г. Главно ги опфаќа настаните опишани во евангелието по Марко, како и додатни настани.

Матеј - Божидар; еден од дванаесетте апостоли. Го викале и Левиј. Бил Евреин, цариник во служба на Римјаните. Работел во Капернаум. (в. Цариник). (Мт 9,10).

Матија - наследник на Јуда, како дванаесетти апостол. Избран е со коцка, но за него понатака НЗ не бележи ништо (Дап 1,23-26),

Матусал {Матушалах) - потомок на Сит и Енох, човек кој според Библијата најдолго живеел. Па така денес, за некој долговечен, се вели дека имал век како Матусал. Според СЗ живеел 969 години. Негов син бил Ламех, таткото на Ное (1 Мој 5,21 -27).

Мев - амбалажа направена од козја или јарешка кожа (Мт9,17), а служела за чување на вино и вода. Такви мевови и до денес се користат во Ерусалим.

Мегидон (Мегидо) - постара форма на називот Армагедон, рид на битките. Бил значаен утврден град во централна Палестина, над Језраелската рамнина, на крстопатот на трговските и воените патишта.Се наоѓал на 32 км од денешна Хаифа. Соломон во него ги сместил воените возила. Околу 915 г.пр.И.Х. бил освоен од Египќаните. Во него загинал царот Јосиф во битка, околу 609 г.пр.И.Х. (4Цар23,29). Кај Мегидо се водени многу битки и НЗ (Откр 16,16) последната битка ја опишува како битката кај ,,Армагедон", односно ,,ридот Мегидон".

Мелит - островот Малта, каде апостолот Павле доживеал бродолом. Таму останал три месеци, а бил добро примен од тамошните жители (Дап 28,1-10).

Мелха - царица 1) титула на вавилонската божица Иштар; 2) ќерка на Аран и сестра на Лот, внукот на Авраам (1 Мој 11,29).

Мелхиседек - цар на правдата, свештеник на царот Салем (Еру-салим) (Евр 7,2). Авраам му однел десеток од својот воен плен, а Мелхиседек го благословил свечено и му дал леб и вино (1 Мој 14,17-20). Во Посланието до Евреите, Христос се нарекува ,,првосвештеник по

чинот Мелхиседеков" (Евр 5,10). Како и Мелхиседек, и Христос е цар и свештеник, зашто како жртва го принел сопствениот живот (1 Мој 14,18-20; Пс 110,4). Тој е вечен, зашто Мелхиседек е прикажан без мајка и татко, без потекло, односно без крај (Евр 7.13).

Мемфис - старата престолнина на Егилет, изградена на Нил, нешто појужно од денешен Каиро, Пророците Исаија, Еремија, Језекиил и Осија зборувале против злото на жителите на Мемфис (Ос9,6;Ис 19,13; Ер 2,16; Ез 30,13).

Мене, мене, текел, уфарсин - зборови напишани на ѕидот на дворот на вавилонскиот цар Валтазар. Пророкот Даниил го протолкувал нивното значење: изброено, измерено, разделено (царство) (Дан 5,25-28).

Мера - горка, првата оаза во која доспеале Израелците по преминот преку Црвеното Море, по бегството од Египет {2 Мој 15„22-25). Се спомнува во Рут 1,20, како синоним за горчина.

Мерава - пораст, најстарата ќерка на Саул. Татко ѝ му ја ветил за жена на Давид, но го погазил ветувањето. Таа се омажила за Адриел, а нивните пет сина Давид им ги дал на Гаваонците да ги обесат, заради неправдите штоим биле нанесени од нив (1 Цар 18,18-19).

Мерица - сад за мерење жито, количината изнесува околу 8,75 л (Мт 5,15; Мк 4,21; Лк 11,22).

Мерод - (Бел, Бал, Ваал, Баал), главниот вавилонски бог, обожуван и од Асирците, Навуходоносор и Кир.

Продолжува  

Пишуваат:

4jovanПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1Slave Katin 1СЛАВЕ КАТИН

 

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.