Среда, 02 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

1Donski

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печат романот првенец под наслов „Курбан“ од авторката Велика Џангаловска Гатсис.

Рецензент на романот е Александар Донски, а изработката на предната корица е на Бубе Донска. Романот „Курбан“ од Велика Џангаловска Гатсис претставува сериозен и мистичен омаж од повеќеслојни теми среде кои доминираат насилството врз жените и борбата за преживување на послабите. Централен лик е малата четиринаесетгодишна Фикрие (Турчинка која живее со своето пошироко семејство во неурбанизирано подалечно скопско село), кај која, преку умешното водење на авторката Велика Џангаловска Гатсис, ја следиме  трансформацијата од наивно дете во решителна жена-борец против наследството и неправдите што ја окружуваат во нејзиното големо семејство во кое сѐ уште владее старата традиција да се малтретираат и тепаат жените, да ги мажат девојчињата против своја волја и сл. Впрочем,  стегите на ваквата традиција Фикрие и самата ги чувствува врз своите плеќи, кога татко ѝ ѝ соопштува дека, наместо да го продолжи школувањето во средно училиште, таа ќе мора да се мажи.

Ваквиот неочекуван шок за малата Фикрие претставува иницијална каписла да почне да се бунтува против волјата на возрасните која не секогаш се совпаѓа со волјата на нивните деца.  Всушност, ликовите во романот се поделени во две групи. Едната група се добродушните и добронамерни луѓе и во неа (освен Фикрие) се и неколкуте баби и дедовци кои живеат во нејзиното мало село, но кои не можат да направат ништо за да ѝ помогнат. Во оваа група се и нејзините четворица браќа кои имаат успешни кариери како доктори во Германија и кои одамна се имаат ослободено од традиционалните стеги на своето семејство, но и тие не можат ништо да направат за да ѝ помогнат на малата Фикрие заради далечината. Впрочем, двајца од нив и самите дошле во судир со татко им кој не се согласувал со изборот на нивните животни сопатнички затоа што не биле „од иста вера“. Во оваа група влегува и Мустафа, за кого Фикрие требало принудно да се омажи, кој бил многу постар од неа, но сепак (иако таа отпрвин го мразела) на крајот испаднало дека е добар човек и дека и самиот бил принуден да го стори тоа.

Во групата на добродушни можеби најистакнат е ликот на Сенѓузел, која е снаа за петтиот брат на Фикрие по име Мират. Сенѓузел исто така била омажена како дете, па цел живот ѝ поминал во макотрпна работа во куќата на мажот ѝ и неговите, кој згора на тоа постојано ја тепал, навредувал и малтретирал без никаква причина. Неправдата кон Сенѓузел, уште повеќе ја поттикнало малата Фикрие да се побуни против мрачните стеги во нејзиното семејство. Втората група ликлови во романот ја сочинуваат: мајката Џемиле и таткото Ибрахим на Фикрие, мајката и таткото на таткото на Фикрие (нејзини баба и дедо Султана и Сулејман) и најлошиот од сите нив – Мират, петтиот брат на Фикрие. Тој е прикажан безмалку како олицетворение на самиот ѓавол.

Го користи тоа што неговото семејство, како приватни занаетчии (сопственици на златарски дуќан во Турската чаршија во Скопје) имаат пари, па заведува и упропастува малолетни сиромашни ученички од провинцијата. Една од нив по име Босилка забременува од него, а тој (откако сфаќа дека тоа ќе му биде голем проблем) ја задавува и ја фрла во Вардар. Пред тоа случајно бил виден од Фикрие како ја тепа Босилка. Истовремено Мират секојдневно ја тепа и својата жена Сенѓузел, ја остава со денови без јадење, болна и претепана и не дозволува никој да ѝ даде ниту најосновни лекови, држејќи ја по цел ден заклучена во нивната куќа (која е во истиот двор со куќата на неговите родители) додека тој е на работа. И не само неа, Мират честопати ја тепа и самата Фикрие, посебно кога таа се обидува да ја заштити својата снаа и му укажува на неговиот лошотилак. И додека тој се изживува врз незаштитените жени, неговите родители, баба и дедо, ни со прст не мрднуваат да ги заштитат или барем да го советуваат да не го прави тоа.

Но зошто сето ова се случува? Зошто Фикрие сакаат да ја омажат за многу постар од неа (кој, згора на тоа, веќе бил верен со нејзината сестра Ајше, која починала од болест уште пред да се роди Фикрие)? И зошто на Мират никој не му може ништо додека ги малтретира своите сопруга и сестра? Авторката Велика Џангаловска Гатсис мајсторски го води читателот низ фабулата која постепено ги открива одговорите на овие прашања, фабула, која почнува како наивна сторија, за потоа сѐ повеќе да се заплеткува добивајќи димензии на напнат трилер чиј крај тешко може да се предвиди. Ако кон ова се додадат и психолошки издржаните ликови, кои Велика Џангалоска Гатсис, како очигледно добар психолог, успешно ги оформила, тогаш неизбежна е оценката дека романот „Курбан“ претставува одлична книга, интересна за читање, поучна и возбудлива, роман што секому го препорачуваме.

Инаку, авторката Велика Џангаловска Гатсис е родена на 14.12.1956  во стариот дел на Скопје, во тогашното т.н. „Ново маало“. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Основно образование завршила во училиштето „11 Октомври“, а средно во хемиското училиште „Марија Кири Склодовска“, насока чиста хемија. На возраст од дваесет и седум години се преселува во Австралија каде и денес живее со своето семејство. Пишува проза и поезија и има добиено неколку награди. Активен член уште од основањето е на литературното друштво „Ванчо Николески“ од градот  Квинбејн во Австралија.

10pop 11pop

Македонска нација

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на поли...

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.