Среда, 09 Декември 2020    Печати
НОВА КНИГА: ПОГЛЕДИ ПОД ЛУПАТА

1mart

Во издание на реномираната издавачка куќа НАМПРЕС од Скопје, деновиве излезе од печат најновата книга на новинарот, политичар и дипломат М-р Мартин Треневски "ПОГЛЕДИ ПОД ЛУПАТА"!

Книгата на  300 страници содржи 68 прилози поместени во три поглавја: Првото поглавје се поместени десет текстови од авторот објавени во разни македонски медиуми а се однесуваат на  Македонското прашање; Второто поглавје содржи 49 прилози објавени во лорталот mn.mk (Maкедонска нација) со поднаслов "ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ", а третираат теми  за опшествено-политичките прилики во земјата и третото поглавје содржи шест прилози позајмени од други (странски) автори, а се однесуваат на Македонија.кои М. Треневски цени дека се од особено значење за информирање на македонската јавност.

    Авторот во своите прилози настојува со будно око да ги следи актуелните случувања  во и околу Македонија и во лесно приемчив новинарски стил да ги искажува своите погледи, впечатоци и мислења за истите. Многу нешта изнесени во прилозите не се совпаѓаат, или пподобро речено се криѕички интонирани за односот на меѓународната заедница кон Република Македонија како држава и Македонците како нација, што дава можност на читателот сам да оформи лично мислење за работите што Треневски ги третира во своите прилози.

    Неодминлив е впечатокот на авторот Треневски, заснован на неговото богато искуство стекнато во новинарството (беше дописник на Новинската агенција Танјуг (1985-1989) од Сиднеј, Австралија и е одличен познавач на приликите на петтиот континент и целиот регион на Јужниот Пацифик вклучувајки го и Антактикот; како член на Првата - Експертска влада по осамостојувањето на Македонија, и особено како диполомат- македонски амбасадор во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија и во НАТО, како и генерален конзул на Република Македонија во Торонрто, Канада.

   Рецензент на книгата е Маргатита Неновска, а автор на корицата Анета Гацевска.

    Книгата ПОД ЛУПАТА може да се набави во редакцијата на НАМПРЕС, веднаш до Домот на АРМ во  Скопје (тел/факс +389 2 2700 720, тел. +389 2 5311777 или +38970 363296), како и на интернет преку порталот КУПИ КНИГА..

Македонска нација