Среда, 20 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НАСВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ - ДЕЛ II (40)

1pokl

ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1990

Во второто продолжение од дваесет и второто поклонение во вечниот град Рим во 1990 година ќе одбележиме дека  Повелбата на пергамент, испишана со калиграфија во духот наОхридската книжевна школа и иницијалите во позлата, што ја обликува ликовниотуметник Нико Този, а  Друштвото на писателите на Македонија со Повелбата од 15 мај 1990година го прогласи Карел Војтила (Папата Јован II) за свој почесен член.

Исто така, треба да се одбележи дека во овој период во Македонија излегле од печат одреден број публикации чии теми се поврзани со прашањето на религијата,  културата, науката и вистината, меѓу кои ќе ги споменеме следните изданија:

Цветан ГроздановСтудии за охридскиот живопис", Скопје 1990. Во посочената книга своето место го наоѓаат вредни студии за значајниот охридски живопис, во кој својот одраз и израз ќе го најдат значајни општохристијански, но и локални светители. Не случајно во една од нив станува збор за месецословот на Асемановото евангелие и за постариот монументален живопис во Македонија. Во овој месецаслов ги среќаваме канонизирани имињата на светите Кирил и Методиј, на свети Климент Охридски итн. Покрај 19 студии, застапени се: предговор, библиографска белешка, резиме на француски јазик, листа на цртежи и слики и индекс на имиња.

„Свето писмо на Стариот и Новиот завет", изд. Македонската православна црква во соработка со Британско и инострано библиско друштво - Лондон 1990.

Ова капитално издание на Македонската православна црква е прво од ваков вид на литературен македонски јазик и претставува голем придонес во семејството на многуте преводи на „Светото писмо". Целта на „Светото писмо", наречено уште „Библија", е човекот и неговите поколенија да се запознаат со основните Божји поставки и пораки. Со тоа на луѓето им се дава можност, не само преку збор, туку и преку симболи да ја разберат вечната Божја правда. Библијата е составена од 77 книги , од кои 50 од Стариот, а 27 од Новиот завет .

Стојан Ристески ,Легенди и преданија за свети Наум", Скопје 1990.

Авторот Стојан Ристески подготвил убаво издание , преку кое целосно може да се согледа свети Наум во народната традиција. Бројните преданиј а и легенди, групирани во четири циклуси, даваат колоритна претстава за односот и претставата на свети Наум во народот. Покрај тоа, авторот се погрижил да даде и опстоен предговор, со што посебно доаѓаат до израз целите и истражувањата на С. Ристески како автор. Покрај резимето на француски јазик следат и библиографски белешки и регистар на лични имиња.

1pokl2

Македонска резба 

Bibliski atlas, The times, uredio James В. Pritchard, "Cankarjeva zalozba", Ljubljana - Zagreb 1990.

Ова ексклузивно издание на „Цанкарјева заложба" заслужува посебно внимание. Во неа својот интерес може да го најде и библиологот, и научникот, и обичниот љубопитник насочен кон вечната Библија. Посебно поглавје е посветено на развојот на Библијата кај Македонците, со примерите на кирилометодиевскиот превод на Библијата, и понатаму.

Ова поглавје и е доверено на Вера Стојчевска-Антиќ , која се јавува и како еден од соработниците и авторите на изданието број 51.

Мирослав СпировскиБорба за автокефалност", Нова Македонија, Скопје 1990.

Со дејноста на светите Климент и Наум Охридски во Македонија се зацврстува темелот на организираниот црковен живот. Во Х век се формира и востановува Охридската архиепископија, која ќе се одржи се до 1767 година кога била укината и приклучена кон Цариградската патријаршија. Авторот на оваа книга понатаму го проследува патот на Македонската православна црква до нејзиното прогласување за автокефална.

Ратомир Гроздановски „Свети Климент Охридски основоположник на МПЦ", Скопје 1990.

Авторот на овој труд ја нагласува светата кирилометодиевска словенска мисија, која го добила својот полн израз во делата на светите Климент и Наум Охридски. Тие својата широка дејност ја прошириле низ цела Македонија и свети Климент Охридски ја сфатил суштината на писмото, големината на „книгата" и започнал да ги расејува. На тој начин создал култура, услови за зачувување и потврдување на иден титетот и создал основа на црковниот живот во Македонија .

Митрополит Повардарски МихаилНашето свето православие", Македонската православна црква, Скопје 1990.

Авторот на овој труд се задржува врз хронолошките периоди низ кои минале Македонците во осознавањето и прифаќањето, а потоа и афирмирањето на христијанството, на нашето свето православие. Започнува со ширењето на христијанството меѓу македонските Словени. Христијанизирањето на Македонците пред добивањето на писменоста, пред IX век, било стихијно, зашто се одвивало на друг јазик, недоволно разбирлив за Славените. Со апостолското и просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј христијанството започнало суштински да се прифаќа.

1pokl3

Вечниот дом на македонскиот великан Гоце Делчев

Нивното дело во Македонија го продлабочиле учениците - светите Климент и Наум Охридски. Климент бил хиротонисан за прв словенски епископ во Велика. Во Х век се создава самостојна Македонска православна црква, олицетворена преку Охридската патријаршија (архиепископија). Митрополитот Михаил понатаму ја следи историјата и развојот, како и укинувањето на Охридската архиепископија, се’ до прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква на 17 јули 1976 година .

Славе Николовски - КатинМакедонски холокауст“, „Студентски збор" 1990, 1-236

Публикацијата „Македонски холокауст“ на авторот Славе Николовски - Катин претставува значаен придонес во натамошното проширување на сознанијата за драмата на македонскиот народ и за нејзините режисери, кои што со невидена упорност ја продолжуваа со години, децении и векови и сé уште упорно ја продолжуваат и се надеваат до конечното искоренување на Македонците од нивниот дел на Балканот.

Авторот на публикацијата, меѓу другото, дава текстови за Македонската православна црква во Републиката и дијаспората, како и за судбината на Македонците во поделена Македонија.

Илија Велев:Преглед на средновековните цркви и манастири во Македонија“, Скопје 1990.

Книгата на авторот Илија Велев претставува 887 македонски цркви и манастири, градени од времето на IX до XVIII век.

Списание „Свети Климентово слово", Мелбурн , Австралија, 1990 година.

Ова Списание е периодична публикација и орган на Македонската православна епархија во Австралија. Првиот број се појави во април 1990 година, на 20 страници и 2 корици на среден формат, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште во Мелбурн. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има и бројни текстови на англиски јазик. Во текот на трите години од излегувањето се отпечатени 12 броја кои содржат бројни материјали за активностите на македонските православни црковни општини во Австралија и за македонските иселеништва на петтиот континент.

Продолжува

1slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Попис на Дијаспората !

  Можат да не бришат, можат да не кратат но ако се потпишеме масовно не ќе можат д...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.