Среда, 16 Јуни 2021    Печати
ОБЈАВУВАЊЕТО НА ИСТОРИСКИОТ АБЕЦЕДАР (А, Б, Ц) ВО АТИНА ВО 1925 ГОДИНА (7)

1abcd

 

Додека Грциjа размислувала за повторно населување на Македониjа со странски бегалци, нов развоj на настани се подготвувал да излезе на површината на Македониjа. Имено:

 “Една книга, од голема важност за македонската лингвистика и историографиjа, била обjавена во Атина; тоа бил букварот со наслов Абецедар (а, б, ц) /ABECEDAR (А B C)/, печатен на латиница и наменет за децата од македонското национално малцинство во Грциjа

 - “Малцинството кое зборува на словенски jазик” како што сер Остин Чемберлин /Austin Chamberlain/, британски дипломат и делегат во Лигата на народите и сер Џеjм Ерик Друмонд /James Erick Drumond/, генерален секретар на Лигата на народите, ги oсловувале Македонците во Грциjа.” (Стр. 184, Воислав Кушевски, “Кон појавувањето на Абецедарот” во Магазинот “Историjа” /Voislav Kushevski, “On the Appearance of the Abecedar” in Istorija magazine/, 1983, бр. 2).

“Во 1920 година, Грциjа, пред Лигата на народите, потпишала една спогодба која јa обврзува да им даде одредени права на малцинствата од негрчко потекло во Грциjа. Четири години подоцна, во 1924 година, по cyгестиjа на Лигата на народите, Грциjа и Бугариjа го потпишаа добропознатиот Калфов-Политис протокол, според кој Бугариjа била обврзана на грчкото малцинство во Бугариjа да му даде малцински права (jазик, училишта и други права), додека Грциjа, признавајќи ги Македонците од егеjскиот дел на Македониjа како “бугарско” малцинство, требала и ним да им ги даде нивните малцински права.

Оваа спогодба навидум била во голема корист на Бугариjа, но кога во 1925 година грчката влада презела одредени конкретни мерки кон публикување на првиот буквар, создаден за спечифичните потреби на тоа малцинство, станало јасно дека нема основи врз кои Бугариjа би можела, официjално, да биде заинтересирана за било какво “бугарско малцинство” или да очекува букварот да биде на бугарски, бидејќи тоа малцинства – иако зобрувало на словенски jазик - не било ниту бугарско ниту српско.”

Самиот факт што официjална Грциjа не ги гледала, ниту de jure ниту de facto, Македонците како бугарско малцинство, туку повеќе како посебна словенска група (“малцинство кое зборувало на словенски jазик”), е од посебно значење. Букварот, објавен на латиница, се базирал врз леринско-битолскиот диjалект. По Речникот на Џианели /Gianelli/ од XVI век и Четириjазичникот на Данилов напишан во XIX век, ова била уште една книга напишана на македонски стандарден, говорен jазик.  

1abcd1

Елептериос Венизелос                                       

1abcd2 Јоанис Метаксас

Букварот бил испратен преку пошта во некои региони во западна Егејска Македонија (Костур, Лерин и Воден) и школските власти се подготвувале на македонските ученици, од прво до четврто одделение ва основните училишта, наставата да им јa држат на нивниот маjчин jазик. (Григориј Дафнис, “Грциjа помеѓу двете светски војни” /Grigorios Dafnis, “Greece between the two world wars”/, весникот “Елефтeриjа” /Elefteria/, 15 март 1953 година, Dиoнисиj Ромас /Dionisios Rоmаs/ во весникот Елефтериjа”, 9 и 12 октомври 1954 година и Димитриj Вазуглис во “Расни и религиазни малцинства во Грциjа и Бугариjа” /Dimitrios Vazuglis во Racial and religious minorities in Greece and Bulgaria/, 1954).

 Грчката влада никогаш не направила искрен напор да го реши прашањетo на Македонците и нивните етнички права во Грциjа. Така, додека биле преземани мерки за отворање на македонски училишта, еден судир помеѓу грчката и бугарската војска се подготвувал во Петрич, кој потоа бил проследен со масакар на невиното македонско население во селото Трлис /Trlis/ во близина на Серес.

Сето ова било насочено кон создавање став на несигурност кај Македонците, така што тие самите би се откажале од признавање на нивните малцински права и, евентуално, би побарале сигурност така што би се преселиле во Бугарија. Грчката влада, исто така, вешто ги искористила jугословенско-бугарските несогласувања по прашањето за Македонците во Грциjа и, со организиран притисок врз македонското нacеление, како што бил случаjот во селото Трлис /Trlis/, се обидела ла го исфрли македонското етничко прашање од агендата преку повторно присилно населување на македонското население надвор од Грциjа.

АБЕЦЕДАРОТ, кој всушност никогаш не стигнал до македонските деца, сам по себе е моќно сведоштво нe само за постоењето на големо мaкедонско етничко малцинство во Грциjа, туку, исто така, за фактот дека Грција била обврзана пред Лигата на народите да преземе одредени мерки со цел на ова посебно малцинство да му ги даде неговите права (ХРИСТО АНДОНОВСКИ).

Дури и пред Грциjа да jа обезбеди својата контрола врз Македониjа, биле испратени функционери да управуваат со “новите земjи”. Првиот официjален грчки администратор пристигнал во Солун при крајот на октомври 1912 година, придружуван од дваjца судии, пет царински службеници, десет конзуларни референти, еден контингент известувачи и новинари и од 168 критски воjници.

Мeѓy другото, првата деловна наредба била да “се хеленизираат новите земjи”. “Откако Грците јa окупирале Егеjска Македониjа, ги затвориле училиштата и црквите на словенски jазик и ги истерале свештениците. Македонскиот jазик и македонските имиња биле забранети, а Македонците биле ословувани како Бугари, Срби или локално население. Со законот обjавен на 21 ноември 1926 година, имињата на сите места (топоними) биле хеленизирани; тоа значи дека биле отфрлени имињата на градови, села, реки и планини, а на нивно место ставени грчки имиња.

Во исто време, Македонците биле присилени да ги сменат своите имиња и презимиња; секое македонско презиме морало да завршува на “os”, “es” или на “poulos”. Вестите за овие акти, како и новите, официjални грчки имиња биле обjавени во дневниот весник на грчката влада “Ефимеристис Кивернисеос” бр. 322 и 324 од 21 и 23 ноември 1926 година. Законските услови да се користат овие грчки имиња се официjално обврзувачки до ден-денес.

Сите докази на македонски jазик биле присилно отстранети од црквите, спомениците, археолошките наоѓалишта и  гробиштата. Црквената или секуларната литература со закон била одземена и запалена. Употребата на македонскиот jазик, исто така, бил строго забранет и во личната комуникациjа помеѓу родители и деца, мeѓy селани, на венчавки, на работа и погребни обреди.” (Стр. 109, Џон Шеа, “Македониjа и Грциjа, Борбата да се дефинира една нова балканска нација” /John Shea, Macedonia and Greece, The Struggle to Define а New Balkan Nation/).

Чинот на забрана за употреба на македонскот jазик во Грциjа најдобро е илустриран со еден пример за тоа како тој бил применет во општината Ассариос /Assarios (Giuvezna)/. Еве еден цитат од книгата на Каракасидоу “Полиња на пченица, планини на крв”.

“[Ние] го слушавме претседателот како јасно му зборуваше на советот дека во согласност со одлуката [#122770] на господинот министер, генералниот гувернер на Македониjа, сите општински и градски совети треба да го забранат”, преку [административни] одлуки, изговарањето на други идиоми или зборувањето на застарени jазици во рамките на подрачjата под нивна jурисдикција, заради повторно градење на еден универзален jазик и нашата национална слава.  

1abcd3 1abcd4[Претседателот] сугерираше дека изговорањето на поинакви идиоми, на странски [jазици] и на нашиот jазик на еден нечист и застарен начин во подрачjето на општината Асириос ќе бидат забранети. Одлука на општината Асириос бр. 134, 13 декември 1936 година.” (Стр. 162, Анастасиа Каракасидоу, “Полиња на пченица, планини на крв”).

Дo 1928 година, 1.497 македонски топоними во Македониjа окупирана од Грците биле хеленизирани (Закон 4096), а сите кирилични написи наjдени во црквите, на надгробните споменици и икони биле уништени (или врз нив било напишано нешто друго), што го поттикнало англискиот новинар В. Хилд да каже: “Грците не само што ги прoгонуваат живите Словени (Македонци)..., туку тие дури ги прогонуваат и мртвите. Тие не ги оставаат на мира дури и во гробовите. Им ги бришат написите на словенски jазик на нивните надгробни споменици, ги вадат коските и ги спалуваат.”

Во годините по Првата светска војна, македонскиот народ претрпел обемни мерки на систематска денационализациjа. Овие “денационализаторски шеми биле толку опсежно и агресивно спроведувани, што долгорочно гледано тие јa ерозирале волjата на македонскиот народ да се спротивстави.

“Во Грциjа, во 1929 година, во текот на владеењето на Елептериос Венизелос, бил издаден еден законски акт “За заштита на jавниот ред”. Во согласност со овој акт, секое барање за малцински права се смета за велепредавство. Овој закон се уште е на сила.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5 СЛАВЕ КАТИН