Среда, 08 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
НАЈАНГАЖИРАНИОТ МАКЕДОНСКИ АРХЕОЛОГ ПРОФ. Д-Р ВИКТОР ЛИЛЧИЌ АДАМС ДОБИТНИК НА МЕМОРИЈАЛНАТА НАГРАДА „Д-Р МАРИЈА И ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКИ“ 2021

1lili1

Професорот Виктор Лилчиќ Адамс, врвен македонски археолог со светско реноме, е добитник на уште едно признание за својата исклучително значајна научно-истражувачка посветеност на историјата на културата, уметноста, археологијата, етнологијата и идентитетот на античка Македонија. Наградата е доделена за вонредно значајните постигнувања на овој научник и универзитетски професор, во текот на 2020-2021 година, за неговите интензивни теренски истражувања на материјалните и духовни наследства од најраните периоди и простори на Македонската цивилизација.

1lili12

Професор Виктор Лилчиќ Адамс е највисоко специјализиран археолог од својата област, и универзален интелект кој својата љубов кон историјата на археологијата и културата ја има посветено на величините и убавините на земјата во која се родил, Македонија. Лилчиќ Адамс е вљубеник во својата татковина, како што е и горд космополитски наследник на предци кои потекнуваат од повеќе земји на светот, со англиско, шкотско, шетландско, руско, украинско, киргиско и српско потекло. Виктор Лилчиќ Адамс е прапрапра внук на контраадмиралот Ромбарт/Роман Александрович Адамсен/Адамс, кој во 19 век го истражувал Јужниот Пол. Контраадмиралот бил офицер за навигација во историската руска царска експедиција на бродовите Мирниј и Восток околу Антарктикот, 1819-1822, под команда на Естонецот Тадеј Тадеевич Белингзгаузен.

http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/fab/FAB_04_(2018)/FAB%2004.03%20Jakimovski,%20A.%20-%20Biografija%20na%20prof.%20d-r%20Viktor%20Lilcic%20Adams.pdf

Одлуката да му се додели наградата на Виктор Лилчиќ Адамс е донесена во ЕМАРИ Институт - Вашингтон/Штип, чиј директор е д-р Елена Јовева, невролог, ФМН, УГД, а претседател и ко-основач со Емилија Кукубајска, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, индивидуален донатор. Наградата е востановена 2019 година по повод 40 годишнината од раѓањето на младата американско-македонска писателка, Емилија Кукубајска. 

1lili13

Годинава, на 11 септември, се одбележуваат 15 години од нејзината прерана смрт предизвикана од лупус нефритис. Наградата ја востанови нејзината мајка Марија Емилија Кукубајска, македонски писател, академски истражувачи, универзитетски професор по англо-американската и светска култура и литература, есеист, антологичар, драмски автор, уредник.

Наградата се доделува во сеќавање на вонредниот талент на писателката Емилија Кукубајска (16 август 1979-11 септември 2006) и за нејзината 11 годишна неверојатна борба за живот на дијализа.

Марија Емилија Кукубајска досега има донирано и самостојно финансирано голем број проекти. Од нив издвојуваме неколку во САД: The Lupus Foundation of America – Maryland; Dialysis center at the Virginia Hospital Center Arlington; UMD; Annual Cultural Festival, Capitol Mall West Lawn, Washington D.C. - Macedonian Booth, ко-спонсор со Македонската амбасада во Вашингтон; the B-Right House Early Childhood Literacy program facility, Arlington, VA; во Македонија: награди за деца-илустратори на детските книги Имињата на времињата и Граници има во се’ – НУ-УБ Штип; Музеј на Македонската борба, Скопје - 27 единици од своето фамилијарно наследство; 1001 книга на НУ-УБ Штип за Меѓународниот ден на книгата; електронски и стандардни играчки, книги и едукативен материјал - на Универзитетската клиника за педијатрија, Штип; Филолошки факултет УГД – Штип: книги и учебници на англиски, македонски и други јазици; ОУ „Ванчо Прќе“, Ново Село Штип - книги, списанија и каталози; училиштето со турски етнички паралелки на јуручките деца, с. Парналија, планина Плачковица – книги за рана детска писменост по македонски и англиски јазик; донации за индивидуални истражувачи, писатели, индивидуални проекти.

Поради пандемијата, промоција на делото на професор Виктор Лилчиќ Адамс ќе следува на youtube.

http://mn.mk/iselenici-region/17057-MEMORIJALNA-NAGRADA-D-r-MARIJA-I-EMILIJA-KUKUBAJSKI-

http://mn.mk/kultura/18891-PROF-D-R-VELO-MARKOVSKI-najuspesen-makedonski-analiticar-na-kovid-19-ja-dobi-MEMORIJALNATA-NAGRADA-D-r-MARIJA-I-EMILIJA-KUKUBAJSKI-2020-

https://youtu.be/MkDeNRkpYIo  

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.