Среда, 15 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
ДОНАТОРИТЕ ТОШЕ ПРОЕСКИ И БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ (23)

1tos121 1tos1212

Посебно место во донаторството на менаџерот Благој Механџиски и на веледрогеријата „ЗЕГИН“, се средствата од хуманитарните концерти на Тоше Проески во износ од 28.000 евра, што на 23 јануари 2003 година, беа подарени на Домот за деца без родители „11 Октомври“ од Скопје. Тогаш, многу хуманост кон децата беше упатена од македонската ѕвезда Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, сопственикот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска, Ребека и други пејачи. 

Повод за средбата беше доделувањето на средствата кои беа собрани од двата хуманитарни концерта што естрадната ѕвезда Тоше Проески ги одржа пред Нова година, во Универзалната сала. Оваа вредна сума е обезбедена од страна на продукцијата во која припаѓаше тој, „Фајнал кат продакшн“, на компанијата  „ЗЕГИН“, но и големиот број донатори на концертот, вклучувајќи го и бесплатното отстапување на Универзалната сала.

Пред самото доделување на подароците, Тоше изјави дека секој човек има една емотивна и хумана жичка која треба да ја спроведе во реалноста – секаде и секогаш, кога ќе има можност. Есма, пак, нагласи дека е посебно среќна што успева со хуманост да ги зарази сите нејзини следбеници во музиката, оти како што вели таа: „ако имаш две нешта, најдобро е едното од нив да го подариш на оние коишто немаат“. А, сопственикот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, пак, рече дека само ја продолжува семејната традиција на хуманоста.

Дел од донацијата беше поделена во специјалното училиште „Маца Овчарова“ и во Домот за деца со посебни потреби во Велес, како и за децата од Специјалниот завод во Демир Капија, каде што покрај тие производи беа подарени и четири ортопедски кревети, инвалидски колички и други помагала. Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше Проески, изрази задоволство што сите 20 донатори што се пријавиле кога Тоше го одржа хуманитарниот концерт во Скопје, во декември 2002 година, ги реализирале своите донации.

Во врска со хуманоста на овие луѓе, голема благодарност изрази и директорката на Домот, Галаба Златкова-Гареска, која на директорот на „ЗЕГИН“ бизнисменот Благој Механџиски и менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ им додели благодарници од име на Домот.

„Тоше е најголемата ѕвезда која денес блесна и е во нашиот дом. И досега сме ја почувствувале хуманоста преку вакви манифестации, но овој пат беше нешто навистина посебно, со многу посветеност, бидејќи сите деца беа почестени со свој билет и со свое место. Подадена рака’ е нашето мото и секој којшто нам ни ја подава раката, само ни помага овие деца да ги изведеме на вистински пат, затоа ме радува што од овој дом излегуваат бројни примери на позитивни и корисни луѓе за општеството “ - изјави Гареска.

1dom1

Домот во село Тимјаник

При оваа посета, македонската поп-ѕвезда Тоше Проески и бизнисменот Благој Механџиски, им подарија и телевизор, музички столб, ќебиња, хигиенски пакети, лекови, храна, витамини и облека на децата без родители од Домот „11 Октомври“.

Исто така, на 7 октомври 2003 година, децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ добија помош во облека, средства за лична хигиена, играчки и телевизор, како донација од амбасадата на Франција и веледрогеријата „Зегин“. Донацијата во вредност од приближно 50.000 евра беше реализирана околу Нова година. Во присуство на најмалите штитеници на Домот, донацијата ја прими директорката Галаба Златковска-Гареска.

Во таа пригода, сопругата на францускиот амбасадор, Мари Пјер Терал и координаторката на хуманитарните проекти при француската амбасада, Паскал Робер, ја искористија посетата на Домот да ја најави новата донација со која беа обновени трпезаријата и кујната, а беа набавени и најсовремени кујнски помагала. Сопственикот на аптеките „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, пак, после оваа средба отвори фризерски салон во просториите на Домот во кој неговите штитеници можат да го изучуваат овој занает.

Донаторството на Благој Механџиски се покажа на дело и во февруари 2004 година, кога во просториите на НИП „Нова Македонија“ се одржа лицитација на педесет и четири уметнички дела од познати македонски сликари и резбан мебел стар педесетина години, сопственост на Новинско-издавачката куќа во стечај.

На аукцијата беа продадени повеќе од половината понудени слики, а непродадените (меѓу кои беше и резбаниот мебел) беа продадени спогодбено. Најголемо интересирање за понудените експонати пројави сопственикот на „Зегин“, Благој Механџиски, кој купи четиринаесет уметнички дела, меѓу кои беа и сликите на Никола Мартиновски, како „Мртва природа“ (масло на платно, 98,5х128 см) за 5.650 евра; „Мајка со дете“ (масло на платно, 67,5х57 см) за 5.250 евра и „Портретот на Мисирков“ од Димитар Кондовски (масло на платно, 97,5х73) за 5.050 евра.

Кај приватните колекционери завршија и делата на Петар Мазев (масло на лесонит, 65х63,5 см) за 1.450 евра, Коле Манев (масло на платно, 88х115 см) за 820 евра, Глигор Чемерски (масло на картон, 85х63,5 см) за 1.050 евра, Марјан Ризовски (цртеж-молив, 34х47,5 см) за 60 евра... Додека, пак, меѓу непродадените, односно оние кои ќе се продаваат спогодбено по објавувањето на огласот, беа и сликите на Никола Иванов Балтон (масло на платно, 100х100 см), Симон Шемов (графика-сито-печат, 48х63 см). Петар Мазев (масло на платно, 72х177 см), Владимир Георгиевски (188х188 см), Жарко Јакимовски (масло на платно, 80х80 см) и други.

1tos1214

Археолошки музеј на Македонија

Колекцијата што беше понудена на лицитацијата, ја вреднуваше судски проценител, а на аукцијата учествуваа поканети колекционери и историчари на уметноста од Музејот на Македонија, Републичкиот завод за заштита на спомениците и културата и други сродни институции.

Во април 2004 година, пак, на болните жители во Луковица, Тетовско, веледрогијата „ЗЕГИН“ им подари хуманитарна помош. Во конвојот што го организираше весникот „Дневник“, а во кој, покрај „ЗЕГИН“ учествуваа: Ротари клубот, маркетите „Тинекс“ и „Хемофарм“, помошта се состоеше од лекови, храна и овошје за секое семејство во Луковица.

За Никола Петров Русински се знае дека бил истакната личност на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, бли-зок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Автор е на книгата „Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација“.

Во негова чест во центарот на Берово е поставен споменик во 2009 година. А, постоењето на споменици во еден град зборува за историските случувања и личностите важни за еден регион. Како град со доста значајни личности во историјата и во чест на еден од најголемите денови во македонската историја „Илинден“, во Берово беше поставен споменикот на Никола Петров Русински на сообраќајниот остров на ул.„Маршал Тито“ во близина на Музејот на град Берово. Споменикот е донација од Благој Механџиски и „ЗЕГИН“, како израз на љубовта кон родниот крај во Малешевијата и благодарноста на добрата соработка со Општината Берово.

Продолжува 

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.