Среда, 22 Септември 2021    Печати
ПОЕТСКИ ОСТВАРУВАЊА НА МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (13)

1krus231

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Славе Катин во коавторство со Фиданка Танаскова, во 1995 година, на 122 страници на македонски јазик се појавува со книгата Поетски иселенички меридијани, зборник на поезија, во из­дание на Матицата на иселениците од Македонија, посветен на Маке­дон­ците раселени ширум светот.

По тој повод д-р Димитар Керамичиев, како претседател на Матицата, во предговорот кон ова издание под­вле­кува дека овој поетски животопис ги сублимира мислите, надежите, ис­чекувањата, соништата и стварноста на македонските иселеници, од­носно нивните деноноќија во далечните и непознати светови, кога секој со своите среќни и тажни судбини си ја плете својата иднина.

ДелотоПоетски иселенички меридијани,  содржи 80 песни посветени на откорнатите од родните прагови, на раселените, на заминатите како печалбари, на тешката мисла и носталгијата овековечени низ поетскиот збор, низ стиховите чувани и носени во душата, како утеха за изгубената мајчинска топлина или за дедовските огништа, за безграничната љубов кон родниот праг, кон по­лињата и планините, реките и езерата - кон својата сакана Македонија.

Со децении Македонците пејат за толку многу вистини и за убавите нешта во животот. Пишуваат за љубовта, за своите најблиски, за младоста, за новите утра, за една поинаква судбина и стварност, иако живеат во нови далечни светови, во Торонто, во Чикаго, Сиднеј, Мелбурн, Перт, Детроит, Келн, Њу Џерси, Дизелдорф, Малме, Гетеборг, Вулунгонг.

На промоцијата, пак, што се одржа во Сиднеј во друштвото „Гри­гор Прличев“, Иван Трпоски, поет и автор на десетина книги, за делото  „Поетски иселенички меридијани“, ќе истакне: „Славе Катин и Фиданка Танаскова се вистински иселенички повесничари, кои при секој нивен престој во некоја иселеничка колонија, со своите пера оста­ваат вечни белези во македонските весници. Нивните очи се најполни со иселенички ликови, нивните срца се најболни од исленичките дожи­ву­вања, нивните души се преболни од сознанието дека македонството расте во светот, а се намалува во Македонија.“

Во „Современост“ бр. 3 и 4 од 1996 година, проф. д-р Вера Стој­чевска Антиќ, говорејќи за делото  „Поетски иселенички меридијани“, нагласува: „Пред нас имаме покомплетен избор на поезија од нашите со­на­род­­ници во Австралија, Европа, Канада и САД, инспирирана од исе­ле­нич­­киот копнеж и носталгијата кон Татковината. Иако нашиот човек се на­­се­­лил во различни средини, во држави многу оддалечени едни од дру­­­ги, нив­ниот носталгичен сон по стариот крај останува длабоко всаден во нив. Преселбите, непроспиените деноноќија, немирите што ги носеле но­­ви­те средини, логично, наоѓаат посебен израз кај поетите што ни се прет­­ставени во изборот на ова книга, вели Стој­чевска цитирајќи, притоа, сти­­хо­ви од Џим Томев, Илија Башевски, Андреа Бранов, Васка Дренко­ва, Иван­ка Петровска, Пандора Петровска, Панде Манојлов, Доне Качоров и други поети.

1krus2312

Исто така, во 1997 година Славе Катин, во коавторство со Фиданка Танаскова ја об­­ја­­вува Монографијата за Македонскиот клуб Илинден 1903 од Хамбург,Германија, по повод дваесетгодишнината од неговото фор­мира­ње, во издание на „Македонска искра“ од Скопје, на 86 страници на македонски јазик. По тој повод, прет­се­да­телот на Клубот Никола Грујовски, во воведот истакнува:

Германија како наша втора татковина ни овозможи нам на Македонците дел од својот живот, по силата на економските околности да го минеме во рамките на една стара европска цивилизација. Просторно најблиска на нашата Тат­ковина, овозможувајќи ни да ги остваруваме своите потре­би и ин­те­ре­си на начин кој обезбедува зачувување и развивање на на­шиот на­цио­нален и културен идентитет. Оттука и нашата благодарност кон оваа држава, која меѓу првите ја призна Република Македонија како самостојна и независна држава и со неа воспостави дипломатски одно­си на ниво на амбасади.

Говорејќи за Клубот, Љубица Хаџи Георгиева, како негова ис­так­на­та активистка, во поговорот на монографијата истакнува дека „Двае­сет­годишниот јубилеј - гледан од аспект на историјата е многу кус и не­зна­чаен период. Меѓутоа, погледнат од аспект на идејата, мисијата и уло­гата на луѓето кои се собираат и му дават живот на тој Клуб, јубилејот е многу важен и многу значаен за сите нас. Во почетокот, истакнува таа, на­шите луѓе се наоѓале на маргините на општествените настани во но­ва­та средина, одвај забележани.

Но, со време, секој од нив со својот при­­донес, позитивен или негативен - со своето дејствување, или, едно­став­­но, жи­веејќи во тие краишта, стана значаен фактор, носител на ин­фор­мации, бе­лези и карактеристики на еден народ кој дотогаш во но­ва­та среди­на бил своевидна енигма. А Клубот во Хамбург и околината стана мост ме­­ѓу Македонците и Татковината, чувар на вредностите кои им овоз­мо­­жи­ја да го зачуваат својот идентитет“

Одбележувајќи го овој настан, „Нова Македонија“ во мај 1998 го­дина, истакнува дека Славе Катин и Фиданка Танаскова прават многу успешен спој на свое­видниот временски мост, нагласувајќи ја големата мисија на Клубот „Илинден 1903“ и црковната општина во мултикултурната сре­дина во Хамбург.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ МАКЕДОН