Среда, 13 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФСКО ДЕЛО ПОСВЕТЕНА НА ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ (27)

 

1ze123

ДЕЛ ОД ВОВЕДОТ ВО МОНОГРАФСКОТО ДЕЛО „ БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ“

Оваа монографија е посветена на бизнисменот, хуманистот и донаторот Благој Механџиски. Име, кое е познато и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во бизнис заедницата во Република Македонија. Во исто време делото е посветено на 30-годишниот јубилеј на веледрогеријата „ЗЕГИН“, на 45. годишнината за посветеноста на бизнисот и 75. годишниот живот на Благој. 

Во исто време монографското дело „Благој механџиски“ е и скромен пример за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко, афирмација на минатото, сегашноста и иднината на компанијата ЗЕГИН, како и на родното Русиново, убавиот Малеш и на Македонија.

Монографијата чиј автор е Славе Катин е подготвена на македонски и на англиски јазик на 480 страници со голем број текстови и фотографии. Рецензенти на ова дело се поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и д-р Лазо Лазарев. Делото е посветено на Благој Механџиски, кој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко. Таквата угледна легенда во аптекарската фела, вљубеник во народот, во својата татковина, секогаш го водела светата мисла да го претстави бизнисот и да остави вечни траги за идните генерации. Во исто време треба да се потенцира дека оваа Монографија е подготвена подолго време и чека да биде отпечатена и да го види македонското Сонце.

Познато е дека Благој Механџиски како менаџер на „ЗЕГИН“  е познат и признат бизнисмен во Македонија и пошироко, но, исто така, тој е докажан хуманист и донатор, чие дело не знае за граници. Потврда за тоа е финансиската помош на Домот за деца без родители „11 Октомври“: тој е постојан заштитник на социјално незгрижените деца и оние со ментален и друг хендикеп; тој е донатор и поддржувач и на голем број културни, спортски, фолклорни, духовни и национални манифестации и активности во Република Македонија и пошироко, особено во Малешевијата и Скопје. 

Механџиски отсекогаш бил добротворец. Тоа го правел уште во средно училиште - како гимназијалец, а и подоцна како студент. Лично присуствува на сите свои донации, секогаш знае за што се наменети парите што се даваат и редовно плаќа данок, од што, за жал, не е ослободена ниту една хуманитарна организација. Затоа, со право се вели дека за големината на една личност најмногу зборуваат делата кои таа ги прави. 

1ze1234

Дел од просториите на ЗЕГИН

Механџински е познат хуманист и донатор на бројни македонски православни храмови во Република Македонија. Имено, како своја донација ја дари иконата (акрилик, природна големина) со ликот на свети Никола за најстарата македонска православна црква во Малешевијата, „Света Петка  Параскева“ во неговото родно Русиново. Оваа творба е дело на академските сликари Благоја Кузмановски и Јани Антониев, кои иконата ја изработија по желба на фамилијата Механџиски.

Затоа, мај 1999 година за Русиново е запишан како светол ден за спас на душите на македонските револуционери Дамјан Груев, Сандо Китанов, Атанас Карчев и Никола Петров Русински, како и на соселаните на Механџиски кои почиваат на селските гробишта.

Потоа, во 2000 година, во период од 100 дена, Механџиски своето донаторство го насочи во реставрирањето и конзервацијата на иконите од црквата „Света Петка Параскева“. Беа конзервирани повеќе од 60 икони, а по велигденските празници во Русиново се изврши реставрирање на иконостасот во црквата, за која податоците тврдат дека е најстара и најубава црква во Малешевијата, односно во родното место на донаторот Благој Механџиски.

Исто така, во летните месеци беа изведени и градежни работи на црквата, и до крајот на 2000 година црквата „Света Петка Параскева“ во Русиново беше во ново руво.

Во 1999 година, неизмерната хуманост на Механџиски се потврди со неговата донација на Клиниката за онкологија. Тогаш Клиниката доби лекови, односно цитостатици, во вредност од 80.000 германски марки. Потоа, за 45 лица со бубрежна инсуфициенција од источниот дел на земјава, тој подари линија за реверзна осмоза во вредност од 20.000 германски марки и тоа за Медицинскиот центар во Делчево, со што се овозможи да профункционира Центарот за дијализа, а болните од Кочани, Делчево и Берово повеќе да не патуваат во Струга, за што беше прогласен за донатор на годината во Република Македонија.

Во пресрет на новиот милениум, пак, пред дочекот на Новата 2000 година, медицинските сестри и Службата за итна помош од Скопје беа наградени. Имено, на еден и пол час пред новиот милениум, директорот на „ЗЕГИН“, Благој Механџиски, овие медицински теренци ги израдува, подарувајќи им спортски јакни, а целата хуманитарна акција беше заокружена со новогодишна вечера. 

1ze1235

За одбележување е тоа што во 2000 година „ЗЕГИН“ објави дека ќе ги помага сите оние кои ќе изразат готовност да подарат некој орган од своето тело за трансплантација или крв за спасување нечиј живот. Исто така, во почетокот на новиот милемиу, веледрогеријата „ЗЕГИН“,подари апарат за хемодијализа на новиот Центар за хемодијализа во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево во вредност од 100.000 германски марки.

Компанијата „ЗЕГИН“ беше активно вклучена и во давањето хуманитарна помош на бегалците од Косово. Таа подари многу лекови и опрема на хуманитарните организации за потребите на бегалците, кога во Македонија се наоѓаа повеќе стотици илјади бегалци од Косово. Во исто време „ЗЕГИН“ испрати лекови во тогашната СР Југославија, затоа што сметаше дека лековите ги дава на болни, а не на завојувани страни, бидејќи болните во целиот свет се исти, и имаат само една желба – да оздрават, без оглед на нивната вера, националност и полот.

Во тој тежок период за Македонија, најнеопходна беше помошта  за децата, како што беа антибиотиците, детската храна и седативите, препаратите за спречување на ширењето на заразни болести и друго. Лекувајќи ги нив, се заштитуваше и населението во Македонија од ширење на заразни болести.

Во почетокот на април 2002 година на голем број албански семејства од Липково, Кумановско, им беше врачена хуманитарна помош од веледрогеријата „ЗЕГИН“, а во соработка со француската амбасада. Донацијата од храна, лекови и хигиенски препарати, покрај својот хуманитарен карактер имаше за цел да им се помогне на луѓето без разлика на националната и верската припадност и да ги поттикне на што побрзото враќање на соживотот во тој тежок период во кризните региони на Македонија.

Во тој период хуманитарна помош му беше доделена и на населението на Лешок, во Тетовскиот регион. Таму беше разрушен македонскиот православен храм „Свети Атанасиј“ големо македонско историско светилиште, а помошта, исто така,  беше доделена од веледрогеријата „ЗЕГИН“,во соработка со француската амбасада. Притоа, во  старата црквичка „Света Богородица“ која потекнува од XIV век, сместена во внатрешноста на комплексот на Лешочкиот манастир беше одржана молитва со порака за мир меѓу луѓето.

Во текот на конфликтот во Македонија, за бегалците од Косово „ЗЕГИН“ даде хуманитарна помош во лекови и медицинска опрема во вредност од околу два милиона марки, а за потребите на хуманитарните организации отстапи магацински простор од 4.000 квадратни метри кој им го даде без паричен надоместок.

Крај 

1slaveПишува СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.