|
||
Марија Емилија Кукубајска: ДОНИРАЊЕТО Е ЉУБОВ |
Повикан од космичката вдахновеност, од Бог, да и’ даде Христијанство на Европа преку Македонија, Светиот Павле ја споделува мудростa „Благословите се поголеми кога даваме, одошто кога добиваме“ (Дела, 20:35). Оваа вистина најдобро ја знаат мајките; носат нов живот и даваат безусловна љубов на новороденчето. Детето, се чини, не знае да возвраќа. Но, постепено, кога се осознава, мајката, онаа вистинска, и неоттуѓена мајка, го учи детето да возвраќа, и свесно и интуитивно, да споделува – со своите, со браќа, сестри, другари... Во ера на морална дегенерација, кога човештвото не цени споделување, за помош и развој на својата фамилија, народ и земја, кај него се развива криминална ненаситност, потсмев, омраза, криење од добродетелни чинители. „Домот не може да ми биде каде и срцето. Во високи кругови - таму небото ми е дом. Сам си го бирам тој дом. Не чекам милост од Бог“. Оние кои знаат дека радоста на споделување се зголемува со верата во човечност, која доаѓа од Бог, го разбираат постоењето како давање на најдоброто од себе, за доброто на другите. Затоа, и малиот чин на споделување со другите, она што, можеби, мајките го наследиле од својата мајка и татко, во суштина значи слобода. Благородно ослободување од она што сме го имале позајмено од Бог, привремено, и не за секогаш присвоено. Давањето ја умножува радоста во неоттуѓеното битие, ги поддржува потребите за развој и напредок на светот и човекот, на моралните и духовните вредности. Чинот на споделување и на она малку што преостанало неодземено од државата во повеќе периоди од нејзиното владеење, за мене лично значи вложување во нови благосостојби. Тоа е несфатлива за оние кои алтруизмот го сметаат за апсурд, особено од дарител кој нема доволно и за себе. Но, и јас и моето дете Емилија, ќе сме вонредно среќни ако со други мајки споделиме макар и мали добродетелства, за добрини и убавини да никнуваат на ниви од радости, за, барем делумно, да се ослободуваат од страв за успешна и здрава иднина. Мајка сум, и во спомен на мојата мајка, татко и ќерка, подарувам дел од моја нива која ми преостана по експропријација на фамилијарно Кукубајско наследство, годинава во Штип. Мојата фамилија ја разбирала историјата на давање. Македонските мајки ги давале своите најдобри синови и ќерки во борби за слобода на македонскиот народ. Верувала дека имаат човеково, и универзално, право на живот во мир, среќа, радост и слобода. Сонувале, на Македонија да и’ даруваат свои вонредно вредни деца. Но, во светот завладува време на немање, немање разбирање за владеење на правда без омраза, за потрага по фамилијарна среќа, за гаење на своја нива, свој дом, свои деца. Однема верба во Доблестите на духот (Fruit of the spirit, Paul, Galatians 5:22-23), однема љубов во човекот, и кон човекот. А без љубов, нема здрава екологија за тие Плодови на духот, тие вселенски законитости. Свет без љубов е средина без суштина, систем без срце, без споделување на даденото од Бог. Во тоа верува и толкувачот на космосот и освојувачот на науките, Илон Маск, и оние сеуште нероботизирани, морално нестерилни, неалчни, нелукави мајки, татковци, деца... МАЈКИ НА МАКЕДОНИЈА, И СВЕТОТ, имајте плодни ниви за натпревар во доблестите! |