Среда, 11 Февруари 2026    Печати
ДВАЕСЕТ И ТРЕТО И ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТОТО ПОКЛОНЕНИЈА ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1991 И 1992 ГОДИНА (23)

12345 copy copy

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ

И во 1991 година  денот 24 мај, македонскиот народ и Македонската православна црква го прослави во Рим во базиликата „Свети Климент” и им се оддаде почит со голема благодарност на светите Кирил и Методиј за нивното дело кое ги издигнаа на светители. Тоа уште еднаш ги потврди можностите за афирмирање на македонските културни и духовни дострели во средина како што е Италија, каде што на овој план се зацртани богати традиции. Ваквите релации добиваат посебно значење со фактот што поклонението во Рим се одржува во чест на рамноапостолите свети Кирил и Методиј Солунски.

Оваа година во Рим допатува државна делегација само од Република Македонија, во која беше приклучена и делегација на Македонската православна црква. Имено, со новонастанатите услови на поранешните југословенски простори се формираа нови држави, меѓу кои и Република Македонија, со што престана заедничкиот настап во Рим.

Во состав на државната делегација беа академик Блаже Ристовски, потпретседател на Владата на Република Македонија, како шеф на делегацијата, а членови беа: академик Властимир Николовски, д-р Борис Петковски, професор на Филозофскиот факултет,

Александар Димитров, заменик во Министерството за односи со странство, како секретар на делегацијата и Аленка Лапе како преведувач.

Црковната делегација, пак, ја предводеше повардарскиот митрополит Михаил, во придружба на протоѓаконот Александар Цандовски, личен секретар и шеф на кабинетот на поглаварот на Македонската православна црква Неговото Блаженство г. г. Гаврил.

Свеченото оддавање почит беше одржано на денот на свети Кирил и Методиј, на 24 мај, длабоко во катедралата „Св. Клемент”, токму каде што и сега постојат остатоци од ранохристијанска црква од четвртиот век.

123456 copy

Церемонијата започна со пеење на тропарот за светите Кирил и Методиј и за свети Климент Охридски уште во горниот дел на црквата. Во тие свечени мигови, заменик-премиерот академик Блаже Ристовски положи венец на гробот на св. Кирил, а митрополитот Михаил, во придружба на протоѓаконот Александар Цандовски и хорот на Ориенталниот институт „Русикум ” го отслужи молебенот.

На отпустот митрополитот Михаил го одржа своето слово, при што го истакна големото и значајно дело на овој македонски сесловенски светител и просветител.

Oгодишната традиционална манифестација во чест на светителите Кирил и Методиј, која во минатите години се одржуваше како „Денови на југословенската култура” , со распаѓањето на Југославија конституирањето на новите држави, продолжи да се одвива само како дел од македонското духовно и културно живеење и како продолжување на остварената соработка на општествено-политичките и економските односи меѓу Република Италија и Република Македонија.

Како резултат на таквите услови и прилики, на 23 мај од Скопје за Рим заедно отпатуваа две делегации, државна и црковна, кои останаа во вечниот град до 26 мај 1992 година. Државната делегација ја предводеше премиерот на Владата на Република Македонија, академикот Никола Кљусев, а во делегацијата беше и академик Ѓорѓи Ефремов, министер за наука во Владата на Република Македонија и претставник на Министерството за односи со странство, а преведувач беше Аленка Лапе.

Во делегацијата на МПЦ, пак, беа: повардарскиот архијереј митрополитот Михаил и преспанско-битолскиот архиереј митрополитот Петар, а во придружба беше протоѓаконот Александар Цандовски, личен секретар на поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г. г. Гаврил. Исто така, во Рим беше присутен и Скопско-призренскиот бискуп д-р Јоаким Хербут.

Една од карактеристиките на дваесет и третото поклонение на гробот на свети Кирил, кој многу веруваше во божественоста на Евангелието и рамноправноста на словенскиот јазик со латинскиот, грчкиот и еврејскиот, е тоа што на гробот се поклони делегација од највисокиот врв на суверена и самостојна Република Македонија што ја предводеше првиот премиер на Владата, а која беше избрана од првиот македонски парламент на Република Македонија.

Значајниот светол чин на оддавање почит на македонските и сееловенските просветители започна на 24 мај во 11 часот кога, најпрво, делегациите се поклонија пред светите мошти на свети Кирил Солунски во Штросмаеровата капела, потоа со пеење на тропарот за светите Кирил и Методиј и свети Климент Охридски од страна на свештените лица, присутните се упатија кон гробот на свети Кирил.

Продолжува

6a-slavek copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
Пишува: СЛАВЕ КАТИН