Четврток, 07 Октомври 2010    Печати
Куново

kunovo-2

Гостиварското село Куново, се наоаѓа на 1020 надморска височина во пазувите на планината Сува Гора, 12 км југоисточно од  Гостивар.

На крајниот јужен дел на Куново, на една височина доминира соборниот храм св.Ѓорѓија, изградена во 1880 година, на темели на многу постара црква.

На иконостасот се поставени 34 икони изработени  од  познатиот зограф Аврам Дичов, син на Дичо Зограф од Тресонче..

Покрај иконите, посетителите ги привлекуваат  фреските во олтарот и на ѕидовите од левата и од  десната страна на иконостасот. Тука се наоѓа фреска на раѓањето на Господ Исус Христос, која наместо да биде насликана  ѕвездата на патештествие, за првпат на раѓањето е насликано  сонцето со шеснаесет крака, познато како сонцето од Вергина.

kunovo1