Сабота, 26 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Денеска е Задушница

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyЗадушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење).

Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Светата православна Црква саботата ја одредила како ден за спомнување на покојните, но денешната сабота е определена како општ ден за спомнување на умрените и е наречен митровденска задушница.

Христијаните се должни, за таа прилика, да подготват варена пченица, чие зрно симболично означува дека умрените ќе воскреснат "тоа што го сееш ти нема да оживее ако не умре" (Кор.15,36). Уште е потребно вино и леб, кои го претставуваат Христос кој се принел за спасение на луѓето и уништување на смртта.

Тоа се основните елементи кои се потребни за правење помен на покојните. За овие спомени светата црква пропишала и молитви кои се читат при самиот помен. Сите чинодејства, па така и помените се вршат со запалени свеќи кои укажуваат на светлоста на вечниот блажен живот.

Самите помени, препорачливо е да се вршат во сабота, бидејќи тој ден е и определен за спомнување на сите мртви како седмичен помен.

И на крајот можеме да кажеме дека:

"Само оние луѓе живеат мудро на земјата, кој на својот живот гледаат како подготовка за вечниот живот".

 

 

 

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.