|
||||
Бањски туризам |
Територијата на земјата се карактеризира со висока геотермална активност, најмногу со ниско-енталписка геотермална енергија. Земјата е лоцирана долж многу поволна геотермална зона која започнува во Унгарија на север и Италија на запад и се протега низ Грција до Турција. Сепак, нема систематско мерење на тек на земјена топлина, ниту пак организирана примена на природни ресурси за медицински/туристички цели. Дури и долгата традиција во медицинска примена на термални води, земјата се уште има ограничен број на активни термални бањи. Потенцијалот на термални ресурси покажува дека пристапот кон овој економски сектор треба да се промени со цел да се постигнат можните добивки. Ориентација кон воведување на рекреативни активности се појавува како едно од изводливите и економски оправдани решенија. Земјата е богата со геотермални ресурси кои нудат можности за развој на голем спа бизнис. Сепак, моментално, само 8 бањи постојат во земјата. Температурата на термалните води варира, во зависност од локацијата и од геотермалното поле. Највисока температура на вода има термалниот извор во Банско (73?C), потоа во Бања-Кочани (55?C), бања Кезовица (54?C), Катланово (40.5?C), Дебар (38.6?C), Негорци (38?C), Куманово (31?C), итн. Постоечките осум бањи се изградени во периодот помеѓу 1960 и 1980 год. Потоа, започнал период на стагнација како резултат на бавното прилагодување и процесот на приватизација. Постоечките бањи се вклучени во политиката за здравствена нега на земјата, управувана и финансирана од страна на здравствениот фонд преку придонесот за здравствена заштита. Процесот на приватизација на овие објекти и големиот потенцијал на земјата за термален туризам го зголемуваат интересот и активностите за развој. Во текот на последните години, дел од новите иницијативи се превземени за подобрување на ситуацијата. Реновирање на моменталните објекти за овозможување на повеќе велнес услуги е потребно повеќе, отколку фокусот да биде ставен на медицинско-лекувачкиот сегмент. |