|
||
Ансамбл за народи игри и песни „Јонче Христовски“ |
Успешно претставување и освоено прво место на ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски” – Скопје на меѓународниот фолклорен фестивал „ Sisli culture and art festival” кој што се одржа од 28 јуни до 4 јули во Истанбул Р.Турција.На меѓународниот фолклорен фестивал „ Sisli culture and art festival” учество земаа и фолклорни ансамбли од Кипар,Турција,Грција,Словачка,Поро Рико,Индонезија, Полска,Украина и Египет. Фолклорните ансамбли беа оценувани од 8 члена жири комисија составена од претседателот на фолклорната федерација на Турција, претставник на федерацијата од градот Истанбул и 6 докажани стручњаци од областа на фолклорот. За времетраење на фестивалот Ансамблот имаше повеќе успешни настапи на кои се претстави со игри од Скопско, игри од Источна и Егејска Македонија,кореографијата Жетварка, фрагменти од Калајџиско оро и Мариовска Тресеница. На сите свои настапи Ансамблот се претстави со автентични народни костими и беше придружуван од народниот оркестар при ансамблот. Освоеното прво место на овој фестивал претставува голем успех за членовите на Ансамблот „Јонче Христовски” кои што за прв пат учествуваат на фестивал од натпреварувачки карактер и исклучително сме горди што ја претставивме нашата земја република Македонија во најдобро светло и придонесовме за нејзината културна афирмација. Ова гостување на Ансамблот беше потпомогнато од Град Скопје и општина Гази Баба. |