Среда, 20 Јули 2011    Печати
Народни умотворби од село Зарово, Солунско

zarovo

Говорот на селата од Солунско, како што е селото Зарово, потоа: Сухо, Висока и др. постојано биле интересни за славистите. Поради тоа овде престојувале значајни имиња од славистичкиот свет. Меѓу другите за говорот од селото Зарово пишувал и Антон Поп Стоилов.  Од материјалите што тој ги запишал овде објавуваме неколку народни умотворби.

1.

Садила Гела босиљак,
на суха хрида без јода.
Јода нема да го вади,
плета нема да го гради.
Гела си очи цадила,
та си босиљак вадила;
Гела си вежди кинала,
та си босиљак градила.
- Чин ми са, Боже, босиљак,
чин ми са гора зелена!
Как се девојка молила
Т’ј ми босиљак нараснал:
Под него офци пладнаха,
под него људи седиха.
От там мина левен Митре,
левен Митре терзичето,
Скина си ср’ка босиљак,
наренди ја на чалмата.
Отде го вида Гелина,
љута го клетва проклела:
- Ис’хнала ти р’нката,
като Гелино босиљак!
Ја тој и вели-говори:
- Не к’лни добра девојко!
Јази си имам армасница
и та тебе за те к’лне!
Слушана на оро во Зарово.

2.

Вергино мома хубава!
Зела кад’на бардако,
м’р да отиде за јода
от неја река далеко
Отгде ја виде Турчин,
и он отиде по неја,.
А тој и вели гоори:
- Подар Вергино, бардако!
Викна Вергина заплака:
- Јох леле Боже до Бога,
што е това чудо до мен?
Мене ме е мајка зарекла,
зарекла, дилбер, проклела,
на Турчин јода да не дам,
на каурин ран босиљак,
че Турчин е клето куча,
каурина е касканџија.

3.

Бегала е Велика влахиња,
по едно старо харо гурливо,
старо гурливо, гиди махнато,
гиди махнато, гиди грбато,
На р’нка му легне кат на грамуда,
ф пазука му бркна кат на студен камен,
д’хо му мириса на гнила јаб’лка.
Младо, младо, гиди росно злато,
гиди родно злато, првно љубо!
На р’нка му лега шиперница (перница)
ф пазуха му брка кат ф коприна,
д’хо му мириса на ран бел босиљак.

Слушани од Марија Вангелова во с. Велица (Светиврачко) на 15 октомври 1927 г.

Народна приказка

Накуј времи ималу идин цар. Тој немал тајфа и за тус честу се молил на Госпуда да му даде баре идна момичка. Ут м’ра сетне душел идин плиматик.(проповедник-исповедник). Цар’ у рекал на плиматику да се пумоли на Госпуд да му даде ченду. Плиматику му рекал: „Госпуд да ти даде идна момичка, ама да умри на питнајситу гудин.“ Цару рекал: „Нека ми даде Госпуд ченду, ат нека умри. Наскору му се рудила момичка. Те млогу са радували и млогу се ја чували, а најпујки са ја чували на питнајситу гудин. Идин ден ј занели грозди. Та фатила да јаде, ама ни зрну пу зрну, њу сас цал груздак. Идно фатила да јаде, тја паднала на зимјата умрана. Сичките шту бил итам, се уплашили и се чудили, зашту умрела. Зели груздаку, шти јала и видали идна змијчка миѓу зрната. Тја умрала ут змиичката, шту била у нетре у груздаку.

(Подготви Марко Китевски)