Среда, 20 Јули 2011    Печати
Радика

radika

Радика е најголема притока на реката Црн Дрим. Припаѓа на јадранското сливно подрачје.

Радика извира на 2200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км. На овој пат таа прима четири притоки и тоа: Рибница, Мавровска Река, Жировничка Река, и Мала Река. Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.

Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини. Кањонот е стар неколку милиони години пробивајќи се меѓу планинските страни на Бистра и Стогово на Исток и Кораб и Дешат на запад.

Радика е единствена река Бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива Јадрански и Егејски слив. Со канали дел од водите на Радика се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЦ "Врбен".

Куриозитет на долината на Радика претставува народната оригинална архитектура на селските куќи во Битуше, Јанче, Гари, Лазарополе и др. Околината на Радика изобилува со богат растителен и животински свет. Од дивечот има срни, диви свињи, дивокози, мечки, рисови, волци, лисици и др.

Непосредно над брегот при утоката на Радика во Дебарското Езеро се наоѓа бањата Косоврасти, познато лекувалиште за ревматски заболувања. Топлите 48 С сулфурни и радиоактивни води уште повеќе ја зголемуваат привлечноста кон Радика.