Среда, 28 Септември 2011    PDF Печати Е-пошта
Црква „Свети Пантелејмон“ Велес

sv-pantelejmon-veles

Југозападно од градот Велес во привлечен амбиент на неколку метри од последните куќи во градот на стрмен терен во вдлабнатина на просторот се наоѓа градската соборна црква „Свети Пантелејмон“ во Велес. Поставеноста на црквата особено од западната страна е интересна затоа што над неа се издига ридот Вршник а од источната страна е Велешката клисура. Поради нејзината специфична местоположба заѕидана е подлога а создаден е бедем од источната страна врз кој што е изграден потпорен ѕид од делкан камен. Се смета дека оваа црква по специфичноста на нејзината архитектура е најблескавото дело на преродбата и според временскиот период кога е градена е најголемата црква во тој период. На површина од 810 квадратни метри од 1840 година црквата опстојува низ вековите до ден денешен. За настанокот на црквата има повеќе верзии кои се базираат на прераскажувања и дел од некои сведоштва. Црквата која сега функционира е од понов временски период а старата која постоела во старо време била мала црквичка и можно е да имала функција на манастир на стар Велес. Има два влеза од север и од југ а кога влегувате ве пречекува камбанаријата и десно од неа во правецот на самата црква изградени се неколку простории кои служат за потребите на самата црква. Се до 1904/1905 година кога е подигната камбанаријата во црквата свештениците се служеле со црковните клепала. Сегашниот изглед на црквата датира од 1837/1840 година и за временскиот период од 4 години во истата се служела свечена богослужба. Осветувањето на црквата е направено на 9-ти Август од страна на велешкиот владика Игнатиј а при тоа му помагал локалниот свештеник, поп Грујо кој заедно со Хаџи Ѓорѓи Дрндар бил најзаслужниот за изградбата на самата црква. Црквата се довршила во 1847 година а во 1849 година е поставено клепалото. Значајно да се напомене дека кај оваа црква столбовите се дрвени и истите се појачани и декорирани со малтер што не е својствено за храмовите бидејќи истите се граделе со тули но тоа е за да се заштити црквата од земјотреси. По својата форма „Св. Пантелејмон“ е сложена базилика обиколена со тремови која во горниот дел се дели на две крила со два посебни олтари. Едниот од олтарите е посветен на Св. Мина а другиот на Светиот Великомаченик Димитрија Солунски-Мироточивиј. Самиот храм освен што восхитува со неговата архитектура, со фрескоживописот се одликува и со висока акустичност што се должи на тоа што во секој од столбовите е ставено по едно грне. За раскошноста на црквата говори фактот што таа е дело на прочуениот македонски архитект Андреја Дамјанов кој црквата започнал да ја гради кога имал 27 години како продолжение на работата на неговиот брат Ѓорѓи. Во самиот ентериер на црквата се синтетизирани ориентални и западноевропски влијанија а за фрескоживописот се знае дека е од 1942 година од страна на внукот на Андреја Дамјанов, познатиот зограф, Ѓорѓи Зографски. Иконостасот е дрвен, кај десниот олтар меѓу иконите се наоѓаат и две од 1818 година а другите се од периодот од 1843 и 1860 година и се подароци од видни граѓани и еснафи. Додека кај левиот олтар истотака има икони кои се подарени но тие не се од постаро време односно не се постари од 1843 година. Во вид на полугалерија постои друг со простории кои служат за осветување на посмртните останки од умрени граѓани. Црквата имала и своевидна културно-просветна улога затоа што со појавата на училиштата во градот се наметнала потребата и од грижи за населението а во прв поглед за училиштата кои во почетокот биле сместени во параклисите, метосите и приватните домови. Уште во тој период се раководела од црковно настојателство кое било избирано на 6 години од страна на градското население и својата работа ја вршело бесплатно. Денес со одлука на советот на Општина Велес, Свети Пантелејмон е прогласен за заштитник на градот и во негово име се одржа свечена литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство г.г. Стефан. Св. Пантелејмон со години го заштитувал градот и како исцелител помогнал кога во овие простори владеела чума и колера и токму поради таа благодарност Велешани го градат храмот. На блажената литургија присуствуваа голем број на видни лица од Велес од различни сфери на општествениот живот како и Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.