Среда, 30 Јуни 2021    Печати
По стапките на Месијата (5) Златната порта во Ерусалим

Златната порта во Ерусалим

zlatnata-porta-1Златната порта, како што се нарекува во христијанската литература е најстарата порта која се наоѓа во стариот дел од градот Ерусалим.

Градбата на оваа порта е најверојатно започната околу 520 година п.н.е. од страна на Јустинијан I . Но според други извори таа била изградена во VII век, во времето на Византија. Златната порта се наоѓа околу средишниот дел на Ерусалимскиот храм. Оваа порта е користена и споменaта во Библијата.

Низ истата оваа порта, во 628 година, византискиот император Ираклиј решил да влезе триуфално, облечен во блескави алишта, јавајќи на коњ – враќајќи се по триумфот против Персија.

Во време на овој поход, владетелот успеал да го врати од плен и да го врати во Ерусалим, Христовиот Kрст, којшто бил откриен од императорката Елена во IV век и облеан со злато и скапоценети камења, кој персијците го превзеле по заземањето и ограбувањето на градот во 622 година.

Кога триумфалното патешествие стигнало до Златната порта, коњот на Ираклиј застанал и несакал да продолжи понатаму. “Така направи, бидејќи го носеше крстот на Христос ” – рекол тогашниот ерусалимски патријарх Захариј. Тогаш Ираклиј се соблекол бос и сам го внесол во Ерусалим преку Златната врата.

Според едно предание по ова, Ираклиј заповедал вратата да биде заѕидана, бидејќи како што рекол штом низ оваа врата поминал Светиот Крст, никој друг не би трабало повеќе да го гази местото со нозе . Според друго предание Златната порта била заѕидана дури во времето на султанот Сулејман Велики – од суеверие – за да не се оствари верувањето на христијаните дека на Судниот Ден, преку оваа порта, одново ќе влезе Спасителот. Слободно ќе помине низ неа и иако е затворена, таа од Неговата сила ќе биде повторно отворена.

Според јудаизмот, оваа порта е всушност портата преку која новиот месија ќе дојде во Ерусалим.

Земјиштето пред Златната порта е најскапото место за гроб во светот. Богати евреи од целиот свет плаќаат многу пари, се со цел да бидат погребани точно овде.

Тие веруваат дека на Денот на Страшниот суд ќе бидат воскреснати најнапред евреите, кои се погребани пред Златната порта.

Султанот Сулејман I влегол низ оваа порта во 1541 година и претпоставувале дека тоа е новиот месија. За оваа порта се верува дека калифите ја заѕидале уште во VII век, кога бил забранет влез на Ридот на храмот за сите оние кои не веруваат во исламот.

Оваа порта е свртена кон Кедронската долина.

Низ оваа долина, и тоа токму пред Златната порта, се лоцирани муслиманските гробови.

Денес Златната порта е зазидана.

zlatnata-porta-2

zlatnata-porta-3

zlatnata-porta-4

zlatnata-porta-5