Среда, 07 Јули 2021    Печати
По стапките на Месијата (6) Сионска горница - Тајна вечера

Сионската горница - Тајната вечера на Исус Христос и Апостолите

tajnata-vecera

Сионската горница е место во Ерусалим, каде се одржала Тајната вечера на Исус Христос и Апостолите.

Тајната вечера е последниот оброк на Исус Христос кој тој го поделил заедно со Дванаесетте Апостоли пред неговото предавање од страна на Јуда Искариотски и неговата смрт.

Според она што Апостол Павле го раскажал во Првото послание кон Коринтјаните во текот на Тајната вечера се јадело леб и вино.

На собирот, Исус најавил дека ќе биде издаден од еден од неговите ученици, по што ќе биде погубен. По ова, тој го зел лебот во раката говорејќи:: Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!

Земајќи ја чашата рекол:

„Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв.

Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!”

Голгота или Калварија е рид во Ерусалим каде што според Библијата е распнат Исус Христос.

Овој рид се наоѓал надвор од ѕидините на Ерусалим, но со ширењето ридот бил вклучен во градот. Латинскиот збор Калварија значи череп, името е дадено, бидејќи ридот поради обликот на камењата потсетува на череп.

Распнувањето на Исус е настан кој се случил во текот на 1 век од новата ера, при кое Исус бил уапсен, измачуван, и осуден на смрт од страна на Понтиј Пилат, преку распнување на крст. На широкото плато на некогашната тврдина Антонија, Исус е осуден на смрт, без да бара помилување од омразениот Пилат. Исусовото распетие е запишано во сите четири Евангелија.

 

Пред распнувањето на Исус

"Јас... не најдов кај Него никаква кривица во она,

во што Го обвинувате; ... Он не направил ништо,

што би заслужувало смрт;

Но народотпродолжува да вика:

'Распни Го, распни!'"

Понтиј Пилат по трет пат им рече:

"Јас не најдовво Него ништо, што заслужува смрт;

Пресудува по желба на првосвештениците,

управниците и народот Исус да биде распнат".

Пилат ги измива рацете со вода пред народотвелејќи:

"Невин сум за крвта на Овој Праведник, мислете му вие!",

а народот му одговара:

"Крвта Негова нека падне на нас и на нашите деца!"

 

Слегувам по стрмни, тесни скали, во затворот во кој биле сместени најлошите разбојници. Просторијата во која бил затворен Исус е посебно обележана. Ја гледаме камената клупа, со два отвора низ кои му биле протнати нозете оковани во синџири, додека светлоста на кандилото го осветлува ова место.

После тоа, влегувам во дворот на Фрањската Школа, каде се наоѓаат две капели.

Малечката, Капела на камшикувањето, остава без зборови. Во внатрешноста на капелата е насликана огромната круна од трње, проткаена со ѕвезди, која ја носел Исус. На прозорите, боженствените витражи од познатите драматични сцени, толку впечатливи, што истиот момент, сакале вие или не, ве враќаат во времето кога тоа се случувало. На ова место, на Исус му е облечена црвена наметка и ставен Крстот на грбот.

po-stapkite-na-mesijata-6-1

po-stapkite-na-mesijata-6-2

 

Наредна среда: По стапките на Месијата (7) 14 станици на Христовото страдање