Среда, 23 Јануари 2013    PDF Печати Е-пошта
Беше си била- приказна за везена кошула

prikazna-za-vezena-kosula-240

Ангелина Маркус

Македонија не е позната само по царевите и светоста на земјата преку градот на храмови и крстилници од најстаро време. Попознати се нејзините ракотворби од народот во ткаењето, во везењето и плетењето. Камче по камче - мозаик, слики по земја како килими се правеле. Сновалка по сновалка, килимче се ткаело, со мотиви по душа како со стилизиран човек, птица, цвет. Бод по бод со игла, вез во платно се везел. Монисте по монисте, ќустег се плетел, во сите бои шарена змија во рацете на ороводец. Камен по камен, куќа Божја се градела. Удар по удар во дрво, олтар во црква се резбарел. Мотивите кои се везени, плетени, ткаени, сликани, дрворезани, исти се од рацете на луѓе од Македонија создавани. Содржината, боите, осмисленоста, ни го одликуваат животот на народот.

Уметничкото творештво најрано го сретнуваме во неолитот како фигури на жена со накит накитена, со ѓердани, прстени, белегзии украсена. Потоа човекот скулптура, икона, слика во теракота од земја обликуван и грнците, садовите, плочките со порака, со писмо вдлабено биле.

Мозаиците по царските палати, театри, крстилници, ни покажуваат настани од животот на Македонците. Во тие мозаици исти билки, цветови, животни и разни ликови врамувани по рабовите со познатиот македонски преплет. Тоа се знаците на сонцето на подножјето на кратерите со космичко значење.

И работ на кошулите, килимите, маските со истиот преплет од Галичкиот вез е македонски потпис на сите артефакти во музеите по светот. Наши се, си ги знаеме.

Се кренале мозаици од подовите и се искачиле како фрески по ѕидовите на храмовите со Божји ликови, лица од народот, маченици и ангели облечени во кошули и наметки ги овековечуваат македонските ракотворби. Рубата на Константин и царицата мајка Елена, Теодора, Евросима, Ана Комнен и другите фрески, опточени се со бисери, мониста, пулејќи на везовите и круните да блескаат под светлото на свеќите. Тоа се вредните раце на македонските уметници што создаваат непроценливо богатство.

Македонското оро рамо до рамо како котолци, како камчиња во мозаик, како оптоци со бисерни мониста, како преплет на кошулите извезени, ни ја покажуваат смислата на Тешкото, оро што го играат сите, арно ама никој не го тропнува чекорот како Македонци кога играат, со визија поврзана во севкупност на македонско културно наследство.

Во Париз, во музејот на човекот, облека е претставена со Галичка носија. Македонската кошула со галичкиот вез често пати е експонат и во приватни колекции кај луѓе кои воопшто не ги познаваат везените симболи на генерациско носење пораки.

Во галичкиот вез кошулата е покриена со црвено црн вез. Украсите се со рески филигрански копчиња, Сајата ги ослободува ракавите на кои врв од игла не се протнува во густината на везот. Футата ги покрива колената препокриена со чапраци и пафти. За оро и да нема музика се создаваат ритми од златото и среброто на гради и на чело. Тропкаат и при дишење и при движење. Галичката везена носија сама раскажува како си бил надарен народот во Македонија да создава трајни човечки вредности. Девојките цел живот го везат чеизот за да се покажат со полни касели пред свекорот и свекрвата. Тоа е само дел од ракотворењето пренесувано од колено на колено како традиција на фолклорот во Македонија.

“Си била кошула ненавезена” - К.Рацин од песната за Ленка.

prikazna-za-vezena-kosula

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.