Среда, 30 Јануари 2013    PDF Печати Е-пошта
Свадба во Зубовце, понеделник- носење на невестата на вода

svadba-zubovce-3_copy

Понеделникот, од традиционалната стара зубовска свадба, започнува со носењето на невестата на вода на една од маалските чешми во селото. Ја заводува машко детенце, водарче. Него невестата го дарува со плетени волнени калчинчиња.

Со невестата на вода одат и најблиските роднини на џамутрата (младоженецот), а и виѓиарите, најблиските роднини на девојката.

Кога  ќе дојде на чешмата, невестата полни едно букаре (стомна) со вода и, најнапред, го здравува свекорот (го гушнува и му целкува - бакнува рака) и му тура вода да се измие. Свекорот ги мие рацете и ја дарува невестата со злато или со златен накит.

Потоа невестата ги poздравува - бакнува рака и им тура да се измијат на: свекрвата, кумот и кумата, старосватот и старосватицата, бајрактарот и бајрактарицата, деверите и месариите, а тие ја даруваат со злато, со златен накит или со пари.

Невестата ги poздравува - бакнува рака и им тура да се измијат и на виѓиарите. Најнапред го poздравува татка си и му бакнува рака, потоа мајка си, па стриковците и стрините, вујковците и вујните, браќата и сестрите и сите по ред што дошле на виѓија. А тие ја даруваат со злато, со златен накит или со пари.

Откако ќе заврши овој древен обичај, невестата полни две букариња - стомни со вода и ги носи во својот нов дом. И при одењето на вода и при враќањето на невестата шеговито и пеат:

Кроцкум оди убаа неесто,

дан нагазиш ноги јунакои...

Невестата ја предупредуваат како да гази и како да ги носи стомните, а таа божем случајно го стапнува момчето за тоа да ја слуша и да го почитува нејзиниот збор.

Специјално за виѓиарите, во домот на младоженецот е подготвена богата софра со мезиња, со пијалоци и со јадења. Со овој обред завршуваат свадбарските обичаи, карактеристични за старата селска зубовска свадба.

Точно една недела по свадбата, се извршува и адетот наречен првичари.

Од книгата - Зубовце од Гале Фиданоски, Зубовце 2008 г.

Подготви: Марко Китевски
 

На прво место

News image

Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на Уставот.

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.