Среда, 06 Февруари 2013    PDF Печати Е-пошта
Градиште (Банско)

Gradiste-bansko

Градиштее регионална крепост (тврдина) во Струмичко

Месноста „Градиште” лежи над јужниот дел на Банско, во подножјето на масивот на Беласица, 540 м н.м. Се издига 250 м високо над полето и има многу стрмни падини што паѓаат во две паралелни длабоки поројни долинки. Едно сосем тесно седло од југ го дели од повисокиот терен. Врвот му е тесен, зарамнет и населуван во минатото. Озгора се гледа поле-то многу километри на север, северозапад и североисток. На 0,8 км североисточно од Градиште, во подножјето, избива термална вода која била користена од дамнини; денес тука се наоѓа познатото термално лечилиште и хотелот „Цар Самуил”.

Термалните извори ги привлекувале луѓето одамна. При чистењето на главниот извор за неговото каптирање во 1970 г., во него се најдени повеќе стотини античкимонети во период од 4. век ст.е. до 4. век н.е. (во АМ Скопје и во приватни збирки, Скопје). Парите биле фрлани во изворот како заветен подарок, за оздравување. Околу врвот на Градиштето било подигнато цврсто обѕидие во доцната антика. Се гледаат два ѕидни појаси. Внатрешниот ѕид. граден со малтер, затвора простор од 240 х 50 м (1 ха). Неговиот северен дел што врти полукружно и деловите од источниот ѕид, разголени се во наше време со трасирање на шумскиот пат. Тука се разголени и повеќе мали внатрешни градби. Западниот ѕид се потпирал на вертикална скала. Според начинот на градење, обѕидието потекнува од IV век, со голема обнова во VI век. Тоа го потврдуваат и ситните наоди на овој простор.

Падините северно и источно од крепоста биле користени од цивилното население за градење на збег на тој простор, опфатен однадвор со послаб ѕид без малтер, голем 1,5 ха. На северниот крај, разголен од спомнатиот пат, се среќаваат парчиња од хеленистичка и доцноантичка грнчарија. Најдени се и монети од IV век. На тесното седло 100 метри пред јужното чело на крепоста, била подигната една предтврдина. Голема е 36 х 24 м, ѕидана исто така со малтер и ги блокирала нападите од југ.

Во северозападното подножје на Градиште откопани се неколку гробови со прилози, датирани во IV век. Кај термалните извори е откопана величествена бањска градба (балнеум) со повеќе засводени простории од IV век, обновена во VI век. Високо врз нејзините урнатини во турско време била изградена бања од ист карактер и по неа местото го носи името до денес. Во наше време тука е подигнато бањското лечилиште со хотелот „Цар Самуил”.

Веројатно поради термалните извори, старата крепост на Градиште била користена (со извесни обнови) и низ средниот век. Едно депо на византиски монети — бакарни скифати од XII и почетокот на XIII век (на Јован I, Мануил I и Андроник I Комнин, Исак II Ангел, Алексиј III Ангел, бугарски и латински имитации на Мануил I) била закопана на Градиштето во XIII век (речиси 1000 парчиња, најдени во 1956 г.; сега во Музејот во Струмица). Местото е обраснато со густа вегетација и е непроодно, поради тоа други површински наоди не се познати.

По познатата битка кај Беласица во 1016 г. следел походот на Давид Аријанит од Солун кон Струмица. Тој попат освоил две тврдини, Мацукион и Термица. Мацукион (денес Мацукион — Мачуково — Евзони) лежи 5 км југоисточно од Гевгелија. Не знаеме каде се наоѓала Термица. Меѓутоа, поведени од крајната цел на Аријанит — да ја освои Струмица — историчарите од наше време ги ставале двете крепости во близина на тој град. За Мацукион немаат право. Доколку Термица се наоѓала близу Струмица, тогаш можеме да го прифатиме логичното поврзување на овој фрурион со карактеристично име со денешното село Банско, каде лежат термални извори. Средновековните траги на Градиштето над Банско ја допуштаат оваа претпоставка како можна и веројатна.

 

На прво место

News image

ВОДИЦИ ДЕН КОГА ВОДИТЕ СТАНУВААТ ЛЕКОВИТИ

ДЕН КОГА ВОДИТЕ СТАНУВААТ ЛЕКОВИТИ

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.